mother 29 -> RE: Како се снајдовте во улогата на родител? (2.3.2010 8:59:41)
|
Улогата на родител, е можеби најтешката улога на светот. Сакајте ја идејата да имате потомство, така фактот дека имате деца ќе го примите спремни, зрели и полни со љубов и разбирање. За жената првата средба со чедото е мигот за кој живее цел живот. Нема помелозвучна мелодија од детскиот плач, нема повозбудливо шоу од кажувањето на првата песничка, нема потопла прегратка од детската. Улогата на жената, како мајка е една од најтешките во нејзиниот живот. Може да се одглуми добра сопруга, добра колешка, добра пријателка, но не и добра мајка. Детското срце ги чувствува вибрациите на вашето срце, го препознава сјајот во вашите очи, ја чувствува топлината на вашата душа. Сакајте ги вашите деца, несебично, никогаш во животот не им префрлајте за таа љубов.
|
|
|
|