Olivia -> RE: Секундарен стерилитет (13.8.2011 13:55:05)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: galea Здраво на сите .Јас сум нова и би сакалла најпрво да ве поздравам сите и да ви посакам пријатни мигови.Би сакала да разговараме на темата Секундарна неплодност односно ги поканувам сите оние кои имаат поблеми со зачнување на дете по втор пат да ги споделат своите искуства(проблеми,причини,успешни третмани итн)за да можеме сите заедно да си помогнеме едни на други! Секоја седма двојка во земјава не може да има деца, а веќе од следната деценија проблем со стерилитетот ќе има секоја трета. Загрижувачката брачна неплодност, според гинеколозите, е последица на стресниот и нередовен живот на младите, на цигарите и на алкохолот. Медицинските причини, пак, за неплодност се инфекциите што многу лесно се пренесуваат, како и анатомските промени на гениталиите и хормонските нарушувања. - Ваквата појава во последниве неколку години има загрижувачка тенденција на пораст. Речиси секоја трета брачна двојка што доаѓа на преглед кај мене се обидува да добие деца - вели Гордана Марковска, гинеколог. На жените што мајчинството го одолжувале поради економски причини и кариера, а се во поодминати години, во голем процент им е намалена можноста да станат мајки. Со 27 години се намалува моќта на жената да забремени, по 35 година можноста да се зачне плод е речиси преполовена, а на 40 години шансите се намалуваат уште за дваесет проценти. Во последно време, според лекарите, е зголемен и машкиот стерилитет. Дури кај 45 проценти од двојките што не можат да добијат деца причината е машката неплодност. Гинеколозите објаснуваат дека постојат женски, машки и мешовит тип неплодност. Доколку жената никогаш не забременила се работи за првичен стерилитет, но доколку во минатото била трудна, без разлика кој бил резултатот тогаш станува збор за второстепен стерилитет.
|
|
|
|