Растеме заедно -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (26.3.2012 14:17:16)
|
Поздрав и од мене девојки, јас сум 23 недела и сум малку настината, па само кревам паника. Температурата ја симнав, ама сега е проблем кашлањето,почнувам се повеќе и повеќе да кашлам. Матичниот доктор (општиот) ми рече да пијам Хербион сируп за искашлување од јаглика за да не ми се спуштело на белите дробови, бидејќи најверојатно сум кашлала од поленот. Кажете мамички дали има некој искуство со овој сируп во овој период од бременоста??? ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_sk Здраво мешиња [sm=nosecka.gif] Јас да ве поздравам, ние сме 17та недела. Немам мачнини и гадење ама киселини ме мачат нногу навечер. Сиtе редовни анализи ги направив, добри се резултатите. Сеуште пијам терапија и мирувам поради болките. Пиете ли некакви витамини? Mене сеуште ми нема дадено матичната. Поздрав [sm=sloncek.gif] Инаку mama_sk мислам дека треба да пиеш некакви пренатални витамини, како погоре споменатите мамавит или нешто слично затоа што организмот и твојот и на бебушот имаат дополнителна потреба од витамини, посебно железо, фолна киселина, селен, цинк и уште еден куп други, кои без разлика колку здраво се храниш, во овој период неможеш да ги добиеш потребните дози преку исхраната. Сепак без консултација на лекар на своја рака не земај ништо, меѓутоа моја препорака е да ја "потсетиш" матичната.
|
|
|
|