RE: Бремена сум!!! (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Заедничка надеж



Порака


princessa -> RE: Бремена сум!!! (3.3.2016 13:14:41)

Рингерајки мене долго време ме немаше да пишам на форумов иако сум нон стоп овде. Еве да ја активирам ова тема. Незнам како и кога ама бидна вака непланирано и јас очекувам трето дете[sm=duda.gif]. Моментално сум 13та недела и сеуште ме фаќа паника и страв од неизвесност, што и како ќе биде, како ќе се снајдам во целата ова ситуација. [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Бремена сум!!! (3.3.2016 13:41:34)

Честитки princessa!! Со лесно да сија носиш третава. Велат ека третата не се ни приметува оти ептен си свикнат. [sm=smiley36.gif] Ајде па ти ќе раскажуваш! Честитки уше еднаш и за бременоста и за храброста [sm=smiley1.gif]




Cvekelencule -> RE: Бремена сум!!! (3.3.2016 15:57:52)

Честитки princessa ти посакувам се најубаво верувај дека се ќе биди во ред и мене истото ми се случи многу наеднаш не планирано ама некој од горе планирал ,фала му на господ сега имам три прекрасни срцки верувај како ќе се прилагодиш како од секогаш да си имала три деца поздрав ти посакувам се најубаво




lukajana RR -> RE: Бремена сум!!! (3.3.2016 16:53:15)

Честитки princessa имај лесна и убава бременост и живо и здраво бебче [sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Бремена сум!!! (3.3.2016 18:37:08)

Честитки принцесa сo леснo[sm=bravo.gif]




bucko mal -> RE: Бремена сум!!! (9.3.2016 10:59:56)


Ke se snajdesh ti veke si imash iskustvo[sm=smiley36.gif] Cestitki, so ubavo i lesno da si rodis zdravo i pravo detence.
ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

Рингерајки мене долго време ме немаше да пишам на форумов иако сум нон стоп овде. Еве да ја активирам ова тема. Незнам како и кога ама бидна вака непланирано и јас очекувам трето дете[sm=duda.gif]. Моментално сум 13та недела и сеуште ме фаќа паника и страв од неизвесност, што и како ќе биде, како ќе се снајдам во целата ова ситуација. [sm=smiley1.gif]





VAGA2 -> RE: Бремена сум!!! (14.3.2016 10:17:46)

Мои рингерајки, еве и јас после толку време да се активирам. Бремена сум 7 недела со трето [sm=smiley1.gif] Со вас ја поминав првата бременост активно, втората пасивно (само ве читав), а еве за третата се надевам на позитивна дружба [sm=smiley1.gif] Честитки до сите што си виделе [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




princessa -> RE: Бремена сум!!! (14.3.2016 11:40:12)

Ајде нека ни е со лесно, изгледа 2016та ќе биде година на трето дете[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




elenak -> RE: Бремена сум!!! (9.6.2016 18:39:13)

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.




mommy_angels RR -> RE: Бремена сум!!! (9.6.2016 18:55:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.


Аааа прекрасни вести на вака убав ден [sm=9nebesa.gif][sm=smiley31.gif] Честитки мила,ти посакувам лесна и убава бременост ,баш ми е мило што се враќаш на РР со вакви новости.




Палешка РР -> RE: Бремена сум!!! (9.6.2016 19:29:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.


Ааа честитки лепотице многу не израдува со двете вести - дека си бремена и дека почесто ќе не дружиш.
Лесна бременост и добредојде назад [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




elenak -> RE: Бремена сум!!! (9.6.2016 23:30:27)

Ви благодарам милички [sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Бремена сум!!! (10.6.2016 11:29:32)

Јееее! Честитки, еленак, се нека биде во најдобар ред!!!
Со задоволство се читаме во темите за бременост [sm=bravo.gif]




bucko mal -> RE: Бремена сум!!! (10.6.2016 13:07:57)

Chestitki elenak, so lesno I ubavo da Si ja pomines bremenosta❤
Milo mi e sto te citam povtorno na RR😘😘
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.





sandriana RR -> RE: Бремена сум!!! (10.6.2016 13:47:38)

elenak, ма каква прееееубава вест [sm=smiley31.gif]
Честитки од срцееее , со лесно да истераш [sm=9nebesa.gif]
Како реагира Ј на веста, и соопштивте ли?




elenak -> RE: Бремена сум!!! (10.6.2016 14:04:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

elenak, ма каква прееееубава вест [sm=smiley31.gif]
Честитки од срцееее , со лесно да истераш [sm=9nebesa.gif]
Како реагира Ј на веста, и соопштивте ли?


Фала сандриана. Да и кажав вчера кога дојдов од преглед, пресреќна е. Цело време го гали мешето и на сите раскажува како има братче кај мама во меше. Се покајав што и кажав, подобро ќе беше на фб да објавам[sm=smiley36.gif] По сто пати во денот прашува кога ќе излезе бебето за да го гушка и да го научи да оди. Се надевам ќе и помине оваа еуфорија и ќе заборави оти станува напорно[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Бремена сум!!! (10.6.2016 14:26:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
Хехеххехе, сонце, веќе знае и какво бебе ќе има [sm=smiley1.gif]
Уживајте заедно во очекувањето, ова е најненапорен период со 2 деца (дур 1 е во стомак уште) [sm=smiley36.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

elenak, ма каква прееееубава вест [sm=smiley31.gif]
Честитки од срцееее , со лесно да истераш [sm=9nebesa.gif]
Како реагира Ј на веста, и соопштивте ли?


Фала сандриана. Да и кажав вчера кога дојдов од преглед, пресреќна е. Цело време го гали мешето и на сите раскажува како има братче кај мама во меше. Се покајав што и кажав, подобро ќе беше на фб да објавам[sm=smiley36.gif] По сто пати во денот прашува кога ќе излезе бебето за да го гушка и да го научи да оди. Се надевам ќе и помине оваа еуфорија и ќе заборави оти станува напорно[sm=smiley36.gif]





Felly RR -> RE: Бремена сум!!! (14.6.2016 16:42:53)

Еленкееееее, честитки [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Со лесно и со убаво!!! Ептеееен се израдував [sm=zz_bounce.gif]




Melanija RR -> RE: Бремена сум!!! (17.6.2016 0:18:03)

Честито еленак [sm=bravo.gif] многу ми е мило ,со лесно и убаво




Defne90 RR -> RE: Бремена сум!!! (17.6.2016 12:15:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.

Еленке честитки, преубава вест. Имај убава и лесна бременост [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




MademoiselleNina -> RE: Бремена сум!!! (17.6.2016 17:04:54)

elenak со среќа и со лесно[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Бремена сум!!! (21.6.2016 15:12:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ете ме,после 5 години на истава тема :) Ме немаше долго на форумот ама отсега ќе се дружиме постојано. 7-ма недела,малечкото [sm=smiley27.gif] чука.


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=sloncek.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif]
Ама ЕПТЕН ми е мило! Честитки за тебе, тато и дадичка!




lukajana RR -> RE: Бремена сум!!! (25.6.2016 0:29:44)

Каснам знам [sm=smiley1.gif] честитки Еленак имај лесна бременост и живо и здраво бебенце [sm=bravo.gif]




elenak -> RE: Бремена сум!!! (1.7.2016 15:44:09)

Фала ви на сите :) Ве читам редовно само на топлово не ми се отвара компјутер а од телефон потешко ми оди пишувањето. Не знам како издржувате трудници ама јас ептен тешко го поднесувам времево :(




pocetokk -> RE: Бремена сум!!! (25.2.2017 16:28:08)

Zdravo mamicki, segasni i idni
nova sum na forumot i ne znam dali tuka e mesto da pisam ...nekolku dena mi kasni ciklusot i sum prevozbudena...sekoj den na negovo otsustvo mi nosi radost i nadez, se prasuvam samata kako mozam da izdrzam da ne napravam test,no si dadov rok do nedela,a vo ponedelnik pravec do apteka.premnogu lesno mi izgleda za da toa e toa,parovi se obiduvaat mnogu pati, no....prva pat mi e i ne znam sto da ocekuvam.ve pozdravuvam site i ve gusnuvam




Страница: <<   < Претходна страница  18 19 20 [21] 22   Следна страница >   >>