Snowhite RR -> RE: Афти, во устата на детето (15.2.2011 19:56:43)
|
А како точно изгледаат афтите? Кај Михаил утрово забележав дека цела уста внатре му е како потечена, непцата странично, ама не видов бело ништо, па не сум сигурна дали се афти, а и плус сабајле ми беше така кенкав, ми плачеше и прво не сакаше да јади, а после го залажив и се најаде и денеска јади цел ден не прави проблем, ама ми е страв сепак, не знам дали да го носам на доктор утре, да не се влоши, дајте ми совет. Дали може да му се има така случено, затоа што од минатава недела понекогаш му дававме вода од чешма? И уште нешто да прашам, каква врска има имунитетот со афтите, прочитав нешто во претходните постови?
|
|
|
|