Gwendolin -> RE: Лазење (30.3.2013 19:08:00)
|
pepuska, мојата цуца почна сега да се превртува, пред некоја недела. Има 7 и пол месеци. На меше ја ставам, ама госпожава моја се буни и нурка со главата во под, никако не сака на меше, а ја ставам уште од раѓање. Уште не лази. Си ја ставам на меше, играчки околу неа, ако може да ги дофати, ок, ако не, не тргнува да лази. Ама ете оваа недела е во фаза на превртувања. На преглед кога бевме ми рекоа дека секое дете си е различно, може и да не лази воопшто. Кога читав на почеток искуства а и како треба да се развива бебето по месеци, се шашнував, зашто не на три месеци, мојава сега почна да си ги гледа рачињата, ама па се смее од одамна и други работи што може некои деца ги прават покасно. Затоа прекинав да се секирам зошто детево не покажува волја за лазење. Ако сакаш тркалај ја ти на кревет поголем, или заедно со неа превртувајте се. Јас така и правев, па сега не можам памперс да и сменам, одма ми се превртува[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|