|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   За најголемите христијански празници -Бадник ...
5.1.2010 0:09:48   
Еца
Со палење на коледарските огнови денес ќе започне славењето на христијанскиот празник Божиќ. Православните верници ќе прослават со посна трпеза, музика и чашка греана ракија.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:43:52 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 1:19:58   
jovanka
Uzivajte vecer na koledarskite ognovi

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:44:30 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 8:52:36   
Еца
Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.

Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите беа првите вести што ги видоа и слушнаа пастирите "Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли". И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната "Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја" (Лук.2-14). Оваа радосна вест, пастирите ја потврдија веднаш и пристигнувајќи во пештерата му се поклонија на Младенецот.

На поклонение дошле и тројца вавилонски мудреци, носејќи му дарови: злато, ливан и смирна. Овие дарови симболизираат: ливанот - бог, смирната - човек и златото - цар.

Во Црквата овој празник почнува да се празнува при крајот на третиот век, затоа што дотогаш Црквата не му придавала многу значење на телесното раѓање. Многу поважно го сметала духовното раѓање, односно крштението и затоа овој празник се славел заедно со крштевањето на Господ Исус Христос и бил наречен Епифанија.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:44:12 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 8:56:17   
profesorica
Обичаи за Бадник и Божиќ

Сите обичаи кои се составен дел од празнувањето се остатоци од минатото, повеќето од нив исчезнати, а за многу од нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали.


Што значи Божиќ во литературното творештво?

„Тоа е голема победа на човекот пред се, од раѓањето во пештерата, па се до оние судни маки, до распнувањето на Господ Исус Христос", изјави Братислав Ташковски, писател.

Обичаите за Бадник и Божиќ во детали меѓусебно се разликуваат, од село до село, град или маало. Сепак, богатата софра, коледарскиот оган со бадниково дрво и песните стануваат традиција, но и авторска провокација.

„Сите тие празници поврзани со библиските сказанија, како Христовото рождество, Богојавление, Светение, Воскресение, Вознесение итн. биле од памтивек мој интерес и речиси за сите сум напишал по нешто", рече Михаил Ренџов, писател.

Фрескописите, иконостасите, резбите се дел од црковната уметност. Но, христијанските празници и обичаи се дел и од автентичното сликарство, литература и драматургија.


< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:44:48 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 8:59:43   
Еца
Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Рано наутро, на Божик децата одат по куќи и пеат разни песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде. Децата ги симболизираат пастирите, а домот, каде што одат ја симболизира пештерата во која е роден Младенецот. Постои уште една симболика. Децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред Младенецот.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови и пеат песни, а денес се избира и кум, кој меси погача со паричка. Оној, кај кого ќе падне паричката, наредната година станува кум. Вечерта на Божик некаде се става и слама во собата за спиење, што ја симболизира пештерата во која се родил Христос.

На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.

Во некои села во Македонија по Богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата, за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е пропратен со песни.

Исто така, со Божик е поврзана и поговорката, "Пред Божик, зад Божик дома да си ", што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:45:07 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 8:59:54   
profesorica
кои од обичаите ги практикувате на вашата бадникова и божиќна трпеза?

дали останувате дома за бадник а за божиќ сте по гости или како?

дали го оставате јадењето на маса ноќта?

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:45:23 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 9:10:06   
Еца
„Христос се роди" и „Вистина се роди", се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ user posted image

Уште како дете паметам дека јадењето не се крева од маса до наредното утро, така и правевме, а сега нешто ќе оставиме, нешто креваме, иако јас сум за се да остане. На Бадник се седи дома и никогаш моите не дозволиле да излеземе таа вечер, а утредента за Божиќ ни доагале гости да ни честитаат Божиќ.

За тоа што подготвувавме за Божиќната трпеза имаме тема ТУКА


< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:45:59 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 9:12:19   
Еца
Обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се  богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни.
За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата ( посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите:

"Повели Дедо Боже да вечераме".  Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже.  Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната  останувае цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара.  Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат  за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и   богатство.Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори  пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: "Бадник - будник".

На Бадник и Божиќ се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте  песни што се пеат крај нив.
Децата утрото на Бадник ги посетуваат  куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик" за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)

Коледе, леде!           
паднало греде,               
утепало деде.                   
Дедо се мачи,                       
баба го квачи,                           
со четири јајца                              
гускини, паткини!                                   
О. О. коледе!

Со Божиќ е поврзана и поговорката: "Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си" што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.

На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат.
Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо.
На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село.

Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена.

Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.

Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божиќ, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан. Од Божиќ почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат се до пред Водици, денот кога Исус бил крстен.

Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето.
Затоа од Божиќ до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии - апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:46:18 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:01:55   
niki
Мајка ми секогаш за бадник прави пита со зелка, тавче гравче, посна сарма, пржена риба, лепче со паричка, а татко ми пече костени. Јадевме седнати на под и таа вечер никаде не излегувавме. Многу ми недостига овој начин на празнување. Јас варам само гравче и пржам риба и правам лепче со паричка бидејки и мм и керка ми не јадат кисела зелка. Лани ја научив керка ми да ја пее Коледе леде и се јавувавме на телефон кај сите роднини да им ја испее. Таман убаво ме потсетивте со темава да ја повториме и утре рано рано да ги изненадиме.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:46:36 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:33:20   
ripce
лани за Бадник бевме и кај моите родители и кај на мм, и сами со мм си кршевме лепче со паричка и на сите 3 места паричката се падна во мене... и навистина минатата година ја имав најголемата среќа, што го добив син ми... е ова година пошто си живееме сами ќе си правиме вечера за Бадник јас, мм и син ни... ќе пржам риба, варен компир салата со кромид, нема да сукам, порачав лепче со паричка и баница, ќе ставиме на маса овошје (урми, смокви, суви сливи, портокали)...

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:46:56 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:38:22   
profesorica
Ние годинава сме поканети кај родителите на мм на вечера ќе има пржена риба и зелка а и они и ние ќе имаме посебно лебче со паричка.Лани се падна кај Дамјан па се надевам и оваа годинаuser posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:47:11 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:46:17   
mother 29
зашто правите посебно лепчиња  проф?


и кај нас лани се падна кај Марко,ама ние се симнуваме кај свеки и свекорот долу и се дели на сите од едно лепче.


дали прават во вашето семејство местенки за  на децата да им се падне парето?

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:47:28 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:50:34   
zami
a neeeeee. sin mi od koga pocna da razbira, mu objasnivme deka nema mestenki i ne se luti.

jas redovno sama si mesam lepce so paricka, a najcesto se simnuvame kaj svekrva mi, ama posle vecerata.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:43:04 >


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 10:55:12   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

зашто правите посебно лепчиња  проф?



дали прават во вашето семејство местенки за  на децата да им се падне парето?


па така беше и лани и прехлани, незнам по некоја нивна логика, демек секое семејство да си има свое лепче.

инаку не сме правеле местенка за Дамјан, ниту моите правеле за да се падне кај моите или кај брат ми.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:42:39 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:01:11   
mami
и на мм братот кога дојдоа пред две години за лепче имаше две..мене ми е тоа глупаво, на една трпеза две лепчиња- се знае, ако веќе сте седнале заедно тогаш сите од едно лебче...и не ми се допаѓало никогаш тоа одење на гости баш таа вечер. Бадник е за дома со семејството, твоето најблиското( свекрва и свекор или мајка и татко ги сметам веќе за пошироко).

А местенки мајка ми порано правела, но кратко, а за ЛУка здравје не планирам да правам..последниве две години се паѓа кај мене па ке видиме годинава

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:42:07 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:06:26   
arh_diz
Моите родители никогаш не ни местеле .Во Белград лебче со парицка се прави на бадник вечерта мрсно а се јаде и се крши на Божик

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:41:41 >


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:07:47   
mis.
кај и да си за бадник дома да си.Така викаат постарите.Па ние како послушни секоја година дома си седиме и целиот тој ритуал е посебно доживување за сите нас.Се поставува се на маса,се седнува и повеќе не се станува се додека не се заврши со вечерата а масата се остава така не се раскрева до другиот ден.
За коледе си купив бомбончиња,ореви,костени и ќе ги чекам коледарите а и ние ќе рошетаме по комшии да запееме некоја коледарска песна.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:41:23 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:09:27   
mami
ако дојдат утре за снимање ке ги терам прво да пеат на врата Мила на мама и камермнотuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:41:06 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:09:55   
penelopa
Ах многу, многу го сакам овој празник...баш би сакала сега да сум во МК...вечер би одела на палење оган, утре би чекала коледарчиња, а вечерта богата трпеза до лебче со паричка...ах ајде некоја наредна година.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:40:26 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:16:31   
mother 29
и јас го обожавам Бадник.кај нас задолжително се става бадниково гранче во огин...се фрлаат пари под маса и кај кој се пага парата ги зема.пред вечерата пале свека пред икона- најстариот член ,се редиме по години посакуваме желби ,се прекрстуваме и седнуваме да вечераме...а најмалиот отвара врата и го вика дедо Боже да седне со нас да вечера и малку ја остава вратат подотворена....се се тоа прекрасни моментиuser posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:40:08 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:18:44   
profesorica
user posted image user posted image user posted image баш убаво Кате.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:39:39 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:29:04   
mother 29
По милоста Божја Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верни чеда на Македонската православна црква, а по повод Божикните празнувања, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ ХРИСТОС СЕ РОДИ!

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:39:24 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:32:59   
ripce
Сите се дома за Бадник
user posted image

Бадник
или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти јануари секоја година, а Божиќ на 7-ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24-ти декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенски - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник". И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај овој обреден оган.

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето".

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.

Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.

Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде" ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893: "Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
О. О. коледе!”

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:39:05 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 11:37:54   
pacuvce
Nie sekogas odime kaj svekor mi i svekrva mi,zatoa sto mm e edinec i mnogu mi e zal tie da se sami doma i sami da krsat lepce...Ovaa godina za promena tie ke dojdat kaj nas,poradi bebusot,ama pak svekrva mi ke pravi se,osven ribata.koja ke ja napravam jas...A mestenki nikogas nemalo...Ke vidime kako ke bide ovaa godina!!!

< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.1.2010 12:38:43 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: За најголемите христијански празници-Бадн...
5.1.2010 15:27:57   
mis.
Во секој град различни се обичаите така и за коледе.user posted image Коледе е ден пред Божиќ - Христовото раѓање. На овој ден се палат огнови, се пие ракија и вино, се пеат мрсни песни, така да за црквата тоа е пагански празник. За црквата тоа е една лоша појава кај луѓето кои се собираат на огнот и пеат многу невкусни песни, кои не одговараат со самиот празник, со раѓањето на Исус Христос. Тоа е нешто толку лошо да го слуша човек и од еден многу прекрасен празник се прави една хаотична состојба. Во Гевгелија на 05.01.2010 17 пат Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Општинска организација Гевгелија го организира и ќе се одржи Коледарскиот хепенинг 2010. На овој традиционален собир ќе учествуваат повеќе познати музички имиња од земјава, а покрај музиката организаторите приредуваат и голем коледарски оган, огномет. Тоа е прво и најголемо случување во Гевгелија по самиот премин во новата година, прекрасно организиран настан кој што премина во традиција и ги разреши дилемите и толкувањата.Кој е во можност нека го посети.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Миење на долниот дел.
пеперутка16

Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?