Еца
|
Секој Божиќ некако се растажувам. Ме потсетува на детството и значењето кое го даваат моите родители на Бадниковата вечера и Божиќ. Некако откако се омажив не ја чувствувам толку многу магијата и значењето на овој ден бидејќи домашните не придаваат толку значење, туку го одбележуваат ради реда, нели останбало од време. А јас не сакам така, јас сакам да му дадам душа на овој голем и значаен празник за мене, но се надевам во блиска иднина и оваа желба ќе ми се исполни.Затоа ќе ви кажам како ми останало во сеќавање подготвката на Бадниковата вечра ос моите. Татко оди по бадниково дрвце, а мајка ми меси посен зелник, посна сарма, гравче, лепче со паричка, но и погача на која одгоре правевме фигури, и она на што се сеќаваме дека секогаш на таа погача правеше змија од тестото, дечиња, мечиња, цветови...и кога ја јадевме на сите даваше од змијата и велевме "сега сум те видела, па догодина на исто место во ова време." Вака правела нејзината прабаба, па мојата баба, па ете мајка ми. Не знам дали има било каква врска, но јас до лани летото немав видено змија во живо. (Откако се омажив тука не го прават ова и ланското лето видов змија)Може нема никава врска, но мене тоа ми останало во потсвеста и сметам дека навистина бевме заштитени од змии. Затоа оваа година решив дека јас ќе направам таква погача, па кој не сака не мора да јаде од неа. Инаку од се што ќе се стави на маса (урми, смокви, ореви, костени, овошје, печена тиква, и останатото јадење) мора да се проба, макар и по едно залче. Убав празник, убава традиција и сметам дека е многу важно да се држи семејството на едно место вака за празниците, бидејќи во овој ненормален свет, многу малку убавини ни останаа.
< Поракaта ја уредил Еца -- 27.12.2009 15:15:13 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|