|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   После разводот!!
16.7.2015 12:28:25   
vezilka RR
Што после разводот? Како да се одгледаат децата а да немаат некои поголеми трауми од процесот? Како екс сопружниците да застанат на нозе и да продолжат со животот исто така, без да имат некои поголеми трауми? Како вие постапивте? Што научивте попат?

Многу прашања може да се дискутираат на темава. Еве јас едно ќе почнам, па вие надоврзувајте се.

Често пати гледам примери (од кои и еден еве го по дома) дека жените после разводот (ова особено ми е карачтеристично за жени родени во шеесетите) и не дека баш процветуваат, туку напротив ги зафаќа депресија. Се развеле од кои и да било причини, и наместо да создат здрава средина во која ќе ги одгледуваат децата, западнале во депресија и можеби направиле уште полоша средина за децата, ем без еден родител, ем со другиот во депресија. Според мене, тие жени, кои разводот вака го доживеале, и не биле баш спремни за развод, тогаш кога се развеле. Тоа го доживеале како неуспех, како фијаско во нивниот живот и понатака не можеле да застанат цврсто на нозе. Децата пак кои растат во таква средина се емоционално оштетени и со еден куп нус емоционални ефекти во нивниот живот. Ова е практично грубо прераскажана приказна на неколку случаи кои ги познавам, секако не е генерлна слика, туку тема за размислување, како да не се случи ова, како трееба да се спремиш за развод.

Ајде вечекам со размислувања.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: После разводот!!
17.7.2015 17:57:16   
mommy_angels RR
Од прва рака сеуште user posted image user posted image user posted image неможам да зборувам,ама многу ретки се ситуациите кога партнерите продолжуваат со нормален и подобар живот.И тука баш се согласувам со тебе,па зашто воопшто се разведувале,кога не обезбедуваат подобар живот за децата user posted image .Моја блиска личност усбеа да се разведе дури после десет години(од нашиве проклети закони),зашто будалата од маж што го имаше исчезна со друга жена.Фала му на Бога таа успеа да ги изгледа децата во прилично добри личности,што би рекол нејзиниот син -"какво ми е потеклото, јас сум супер "user posted image .Единствено не се согласувам што таа не продолжи со нејзиниот живот .И после десет години нема никој покрај себе,не би рекла дека жена на 30 и нешто години треба да се откаже од сопствената среќа.
Јас сум поборник на "Подобро сам,отколку во лошо друштво",значи ако не оди во тој брак,истиот треба да се поништи,но сепак и давјцата партнери имаат право на среќа.Не се среќа само децата,цело е кога има се.user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: После разводот!!
17.7.2015 23:53:34   
lukajana RR
Мое мислење е дека кај нас проблем е малограѓанштината и заостанатите сваќања на луѓето и тоа баш на тие генерации педесетти и шеесети.
За нив е побитно што ке кажат луѓето отколку среќата на семејството и ретки се тие што воопшто се развеле и одлучиле да живеат под еден кров како странци а тие похрабрите што се одлучиле на развод после сто пати се покајале и се затвориле во себе.
Причината за ваквата состојба е дека околината тогаш а делумно и сега многу тешко ги прифаќа разведените луѓе и тие наоѓаат ѕид секогаш кога им треба помош.
Испаѓа дека кога некој ке се разведе сите знаат зашто се развел па ке слушнеш дека мажот пиел,се коцкал,имал љубовница,дека на жената и шетала опашката ,крив е тој,крива е таа ,а никој не помислува дека која и да била причината тоа е нивна одлука дека немаат шуга и не се опасни по живот само се разведени.
И реално во таква средина каде те гледаат како црна овца и не можеш да продолжиш со нормален живот и да израснеш среќни деца.
Денес мислам дека работите се малку сменети и не се доживува толку трагично разводот но секако за да се одлучи на развод било кој треба прво да биде сигурен дека тоа ги сака и да се потруди од бракот да излезе како подобар човек како посилна личност а не како губитник во некоја битка

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 17.7.2015 23:55:22 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: После разводот!!
28.8.2015 9:52:54   
marchi
jas sum vo delumno nesrekjen brak,i sekoj den so nadez deka nesto ke se smeni.so misla deka e podobro da se razvedam e resenieto za moja srekja srekja na maz mi a mozebi i na deteto zasto podobro da zivee so razvedeni roditeli odkolku zaedno vo zaednica so povremena nesreknost neispolnetost neposvetenost...no isto taka znam deka nema da mozam da ziveam I so detevo i so drug maz koj ne mu e tatko.steta za mene sto sum so takov karakter.

< Поракaта ја уредил marchi -- 28.8.2015 10:03:18 >

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?