|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тест за нетолеранција на храна
27.3.2015 10:37:11   
blue_blue
Не знам дали темава баш припаѓа тука ама нека ја сменат админите ако има потреба.

Ја отворам темава дека ова со тестов во последно време е изгледа модерно, па решив и јас да терам мода user posted image Ќе може да споедлиме искуства, повеќе за резултатите отоколку за самата постпака ама може и за тоа.

Јас тестот го правев во Павлина зошто читав дека на доста луѓе им помогнало во слабеење (кога ќе си направат режим на исхрана што им одговара) и затоа што имам главоболки често и со години, па сакав да видам дали храната која ја внесувам има влијание. Исто така, имам забележано дека храна на база зеленчук и месо + млечни произоди и секак оовошје, манџи (леќа, грав, грашак, компир манџа посна) и ориз многу повеќе ми одговара отколку леб, макарони, пица, благо (торти итд) иако и овие од вторава група многу сакам да ги јадам. Па сакав да видам дали сево ова има и некоја научно објаснета логика. Инаку сум 0 негатив крвна група и за 0-та нели као највеќе одговара месо и зеленчук.
За тестов имаше ваучер на Групер за лабораторија Павлина и цената беше 1.750 МКД. Инаку круѓат некои цени од 3.500 МКД, а во Адриа Лаб е 12.000 МКД и тестираат на 98 намирници. Овој во Павлина тестира 44 намирници. Лабораторијата не е нешто посебно, ама тоа не ми беше битно. Резултатот го добив на емаил и ми изгледаше крајно непрофесионален. Word документ пола латиничен пола кириличен. Немаше никаков коментар/наскои по однос на резултатот, освен енда штура табела во која пишуваше согласно реф вредонста што треба да се исфрли од исхрана во наредните 3 месеци, што да се јаде 1 недело, а што може да се јаде без никакви забрани. Заклучив колку пари - толку музика user posted image најверојатно во Адриа лаб даваат цел ферман и консултација имаш...

Од резултатот излезе дека сум средно нетолерантна на боранија и соја кои и онака не можам а ги смислам и никогаш не сум ги јадела. Дека сум доста нетолерантна на глутен и сосем нетолерантна на глиадин. Ова глиадин прв пат го чув..од она што просурфав тоа е некоја компонента ала глутен. И она што уште повеќе ме збуни е дека не сум нетолерантна на р''жано брашно а јас колку што знам тоа има глутен. Исто така на нет како да ги поистоветуваат глутен и глидаин и малку ми е чудно како на глутен имам нетолерантност 3.0 (што е доста висока, но е сепак во границата), а на глидаин имам нетолерантност над 3.65 (тоа е реф вредноста, значи скроз сум нетолерантна на ова).

Оние кои сте упатени дајте малку повеќе ако имате инфо за тој глиадин, кај го има во кои намирници и која е точно разликата меѓу него и глутен. Дајте ми идеи за безглутенски продукти – точно кои житарки немаат глутен/глиадин и може и тема да отвориме за вакви рецепти. Јас можам лесно да се откажам од леб, но би сакала некоја земна за со хумус или домажно песто на пример – оти некогаш ми треба и опцијата сендвич. Исто така ми треба и совет за некои макарони без глутен/глиадин и рецепти за домажен леб или кфли или нешто слично од бражно кое нема глутен/глиадин


< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 11.4.2015 12:51:08 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тест за интолеранција на храна
27.3.2015 10:49:35   
LoveableMe RR
Ова се многу добри тестови, а колку се точни кај нас не знам да ти кажам право, блу блу, но ако се точни, ќе треба да во воведеш нов режим на исхрана.

Обично викаат за нетолеранција на храна е јавуваат алергии, депресии, кожни проблеми, така што не знам дали имаш нешто од тоа...

Јас би ти препорачала со резултатите да отидеш кај Цвета Динева, нутриционист и таа ќе ти предложи соодветна диета, а секако ќе ти посочи и за намирниците каде да ги набавиш. Па пиши што ќе ти каже. user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 27.3.2015 10:51:39 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тест за интолеранција на храна
27.3.2015 11:02:58   
Hopeful RR
Јас еднаш правев витаминско-минерален статус кај една докторка од Охрид, која доаѓаше и во Скопје, заборавив како се вика. Ништо посебно тестот, но најбитното што ми го кажа е дека сум нетолерантна на лактоза, и дека сите здравствени проблеми ми произлегуваат од тоа. Со куп здравствени проблеми, отидов кај Цвета Динева, на која цел живот ќе и бидам благодарна - ме среди комплетно, така што и јас ја препорачувам.

Заклучивме дека прилично ми одговара исхрана базирана на житарки и мешунки, потоа јаглехидрати од типот компири, тестенини и слично, дури и протеини од типот на јајца (бидејќи не јадам месо и риба), но ништо млечно. Секогаш кога применувам ваков концепт за исхрана, здравјето ми се средува преку ноќ, крвната слика топ, и расположението ми се подобрува.

Сите некако олако си ја сфаќаме нетолеранцијата на храна, се додека не стане алергија, и не сме свесни колку ни влијае. Кај една моја другарка излезе дека алергијата на глутен е причина за тоа што не може да се имплантира ембрион, па сега го решава тоа со посебна диета по совет на Кочо. Како и да е, секој треба да го направи овој тест. Во Систина и Во Адриа лаб имаат дури онакви опсежни тестови за милион групи намирници и детална анализа, но скапи се, тоа да.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тест за интолеранција на храна
27.3.2015 11:28:48   
blue_blue
Таа Цвета Динева колку наплаќа и кај се наоѓа? И дали одиш еднаш и ти дава совети/мени и толку или треба да одиш повеќе пати

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тест за интолеранција на храна
27.3.2015 12:58:53   
Hopeful RR
Се наоѓа до Зебра, во првата зграда до надворешниот паркинг. Кај неа оди по принцип на членство, се наплаќа по 1500 или 1800 ден. месечно, и на првото гледање се прави детален муабет, дава режим и совети. После се оди секоја недела на контрола, каде што дава нов режим за исхрана за следната недела, врз основа на дотогашните резултати. Се оди додека сакаш, или додека не процените взаемно дека има потреба. Обично луѓе одат за слабеење, за регулирање притисок и слично, но има многу и за стерилитет што одат и за општо здравје. Јас отидов примарно заради гастрит и хеликобактер, притоа и ослабев.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тест за интолеранција на храна
4.5.2015 16:50:56   
blue_blue
еве новости..пишав и во темата за слабеење ама ај и овде. За еден месец без никаква глутенска храна (ништо не јадам што има брашно или што е направено од брашно) 4.5 кг помалку. Немам главоболки и се осеќам полна со енергија, не се замарам воопшто. Инаку не е ич тешко да се јаде на ваков начин..има макарони без глутенски во продадвниците за здрава храна и брускети без глутен во Виталиа, мада ич не ми недостасуваат овие продукти. Не јадам и ништо благо зошто се има или брашно или соја лецитин...Јадам само црно чоколадо и некогас кафе со шлаг. Треба 3 месеци да не внесувам ништо што има глутен а после само умерено еднаш неделно да јадам такви продукти...

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?