|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Отказ поради бременост или по породилно болед...
18.3.2015 9:43:10   
Палешка РР
Оваа порака ни стигна на ФАН страната на Рингераја.мк и ја објавуваме анонимно.
Бидејќи денес читам дека мајките ќе добиеле трајно вработување после породилното (на неопределено време), а и на Канал 5 имало таква емисија денес, ве повикувам да продискутираме на оваа тема.
Дали во медиумите се пласира едно, а реалноста е сосема поинаква?

(најпрво се извинувам за долгиот пост мегутоа револтот и фрустрациите би сакала да ги споделам со сите сакам ова да стигне до јавноста да дадат одговор на многу наши прашања Би Ви била благодарна доколку постов биде објавен на Вашата страна и се надевам ке биде од голема помош за сите мајки кои се наогаат во иста ситуација) - Секојдневно ни пропагираат реклами ''''''''Избери ЖИВОТ имаш право на избор'''''''' Да токму така избираш живот една мала точка која ти го осветлува патот, две мали очиња кои ти се смешкаат и ти ја разубавуваат секоја секунда, секоја минута, секој час во овој луд и мрачен свет. За што е виновно тоа мало невино, се прашувам сторив ли нешто толку лошо избрав ЖИВОТ донесов на свет нов живот станав Мајка, и добив решение за Отказ на работно место со утешителни зборови ''''''''Ти си млада ќе си најдеш друга работа тука место за тебе нема'''''''' !!! Дали на некому му е грижа за тоа? На кој начин и во кој поглед сме заштитени од државата сите ние што сме допринеле за зголемување на натилетот во нашата држава? Пријави злоупотреба и никому ништо само си се избламирал ќе реагираат можеби некогаш, каде и да бараш, каде и да се обратиш одговорот е едноставен соочи се со ново настанатата состојба и продолжи да и се радуваш на твојата Среќа на твојата причина за живот тие ДВЕ МАЛИ ОЧИЊА.



< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:08:45 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 10:58:48   
Hopeful RR
Јас не знам како да го сфатам ова, искрено.

Нормално дека не смее да се даде отказ на трудница или на млада мајка тукушто вратена од породилно, но исто така мислам и дека не треба по дифолт да се дава трајно вработување по породилно. Можеби звучи прегрубо, но што ако жената воопшто не е добра за работното место? Што ако не е способна да биде на таа позиција? Зарем тоа што станала мајка е доволна причина да земе работно место на некој друг кој е можеби поквалификуван или поспособен за таа работа? Ако е способна, тогаш нема збор, но ако не е... мајчинството само по себе не ја прави добар работник.

Не сум за црно-бело гледање на работите и мислам дека тоа дали некој работи некаде или не треба да биде исклучиво од професионални причини, нормално, не оспорувајќи ги правата на жената за семејство. Е сега, колку кај нас се почитуваат овие работи е под голем знак прашалник. Знам за еден случај во кој трудница беше избркана од работа, случаи во кои им се забранува на вработени да останат трудни... сепак, тука улога игра и информираноста и свеста на самите жени - мене да ми се случи такво нешто, ќе тужам на сто места, но повеќето се исплашени и неинформирани...

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:09:04 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 11:25:58   
Палешка РР
Еве го интегрално текстот кој го објави Утрински.мк


Законските измени се за лица што работеле во државна институција најмалку три месеци со договор и имале прекин во работата поради бременост или раѓање

Со измените во Законот за трансформација на работниот однос што беа усвоени на денешната собраниска комисија за финансирање и буџет, лицата кои се ангажирани во некоја државна институција за определен период, а на кои им прекинал договорот поради бременост или раѓање, ќе бидат вработени на неопределено време.

„Целта е да се регулира трансформирањето во работен однос на неопределено работно време на лицата кои имале прекин на договорот поради бременост и(или) раѓање. Во моментот на трансформацијата, тие треба да имаат важечки договори со одредена институција, три последователни месеци пред прекинот на договорот поради бременост и(или) раѓање“, стои во образложението на измените.

Според предлагачот Крсто Мукоски, со законското решение што беше донесено неодамна, не беше опфатена оваа специфична категорија на лица кои имаа прекин на договорите од тие причини. „Во услови кога во Македонија и во светот има катаклизма во демографската слика, би било неправедно да не се опфатат и овие лица во Законот“, рече Мукоски.

Инаку, со измените се предвидува формирање комисија која ќе издава потврда за условите и за времетраењето на периодот за прекин на договорот поради бременост и(или) раѓање. Комисијата ќе биде составена од членови од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување.

„Со овие законски измени ќе се зголеми рокот во кој институциите се должни да склучат договори за засновање работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување на лицата ангажирани со договор“, стои во објаснувањето на причините за донесување на измените.

Инаку, новиот Закон за трансформација во редовен работен однос беше донесен во февруари годинава и со него се предвидува регулирање на работен однос на неопределено работно време на лица ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело или авторски договор со кој лицето извршува работа во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита, основани од државата. Тоа се однесува и на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е државата. (М.Т.)



< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:09:24 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE:Отказ поради бременост или по породилно бо...
18.3.2015 11:30:35   
Палешка РР
Значи овие законски измени важат само за вработените во државни институции?
А овие од приватен сектор кој ги мати демек?

user posted image



< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:09:45 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 11:56:14   
Hopeful RR
Па да, ние од приватно не сме битни, а јавна администрација се вработува како инкубатори, не дека се способни.

Се уште мислам дека не е во ред одлуката, и знам дека не коментираме тука за политика, но апла е политичка, и гарантирањето неопределно работно време ќе наиде на многу злоупотреби.

Јас лично, не би сакала да бидам вработена САМО заради тоа што имам дете, туку затоа што сум способна, професионална и некој ме цени дека добро си ја работам својата работа. Мислам дека оваа одлука треба да се промени и да гласи дека после породилно, не смее да се отпушти мајката миниму 6 месеци, на пример.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:10:17 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 12:19:48   
Melanija RR
Ау страшна политика user posted image

Епа ајде да се снајдеме и бутнеме било каде како хонорарци па да раѓаме и имаме работа user posted image страшно извртена работа. Па тие кои се вработени во администрација не ги бркаат од работа ни кога ќе забременат ниту по породување. И тоа на неопределено ајде де ,ете гласачи.И што вака се грижи државата за и онака своите вработени (во поголем процент)НЕ ова е знак дека ако си приватен сектор нема да бираш кога ќе станеш мајка, не сме жени идни мајки кои летаат од работа и после децата додека не направат 3-4 г, барем нема работа за тие мајки.
Многу убав поттик, кој ќе се снајде а не кој заслужил со работа и искуство.

А да се сетеа за строги закони за приватниот сектор?А не тие плаќаат даноци и други работи неважно е. А за тие од новите инвестициите и тие вработувања, за тие таму жени?Што некој мајки се помалку мајки?Поделба и само поделба.СРАМОТА

Пред 1 месец моја блиска пријателка ја избркаа од работа бидејќи е бремена.Ало државата плаќа не некој мизерен приватник.

Кој знае каде се може да се даде преставка,тужба нека напише институција,невладина ,да им помогнеме на сите идни и сегашни мајки.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:10:36 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 12:36:26   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Кој знае каде се може да се даде преставка,тужба нека напише институција,невладина ,да им помогнеме на сите идни и сегашни мајки.


Веројатно до Народен Правобранител user posted image

Значи ептен ми се моронски законските измени. Ова е класична поделба на мајки, поделба која НЕ СМЕЕ да се прави.
Мајката е мајка, независно дали е вработена на државно или приватно. Секоја мајка дома има душичка која има потреби за квалитетен живот.
user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:10:59 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 12:53:28   
Neurotoxin RR
Добра тема, која ме врати три години назад. јас во 4-ти месец од бременоста си добив отказ, со образложение дека сум бремена. Бев и кај народен правобранител и во министерство за труд и социјала, ама моите газди беа во директно сродство со важни луѓе, луѓе на власт, па така не се виде ништо од тоа што ден пред свадба бев одјавена, магистер, со отказ од работно место, така ми коментираа во завод кога се пријавував за да добијам плави картони и да ја протуркам бременоста некако, зашто во меѓувреме и сопругот остана без работа.

Никаков закон нема да не заштити, на многу интервјуа претходно ме прашуваа дали сум мажена и дали планирам да раѓам, што е во ред од една страна, ама кога веќе почнуваш да формираш семејство мислам дека треба да има човечки компромиси меѓу вработениот и газдите, а не вака.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:11:18 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 13:27:01   
lukajana RR
Кај нас законите се прават за да им одговараат само на одредени луѓе што се за жал работодавците а не се сигурно бремени жени и мајки.Точно е дека на интервју прашуваат дали планираш да раѓаш, колку деца имаш, колку мислиш да имаш значи глупост испаѓа дека газдите ти го планираат семејството.Викаат дека бремена жена не може да се избрка од работа ама ако ги повреди правилата за работа може и каде и да се обратиш ке ти кажат газдата е во право,сега во последно време жените ги пријавуваат на два месеци и ако се бремени не им го продолжуваат договорот.А мислам дека нема некоја одрадба што штити од одказ по завршеток на породилно едноставно ти дава отказ дека си вишок и тоа е и да се жалиш исто ти се фаќа.
За законот и јас сум против пред се дека ги дели жените на такви што родиле и што не родиле и е жива глупост ,ако работела без врска колку да не седи дома и сега дека родила станува одеднаш гениј и незаменлива.Незнам чија идеа е оваа новина ама дефинитивно не треба да му се дава вакви задачи

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:11:38 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
18.3.2015 23:04:22   
Snowhite RR
Се повеќе и повеќе се изненадувам од пρеκρасните заκони κои ги носи владата, па κоја тρудница ја избρκале од дρжавно, наместо да ги заштитат вρаботените во пρиватниот сеκтоρ тие паκ нивните κаде и онаκа се пρевρаботени. Само ние сме κρиви, наместо да пρотестиρаме ние само ќе си поκуκаме на фоρум и на социјалните мρежи и тоа е се. Па во светот сеκој месец се пρотестиρа, дуρи и да нема неκоја пρичина, не оρганизиρањето на пρотести значи деκа се согласуваме со сите заκони, деκа се ни е ρозово и ρози ни цветаат во дρжавава

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:12:33 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
19.3.2015 0:11:45   
deluxe
Ova e strasno so zakonive go Makedonija,kako deca od gradinka da gi pisuvaat..Treba da se prevzeme nekoja inicijativa za izmeni na zakonite.Isto taka ne e samo ovoj zakon koj vrsi diskriminacija,recisi sekoj ima vo sebe nekoja diskriminacija(polova,starosna, I SL)Mene vo momentov me nervira zakonot za vrabotuvanje lica do 29godiniuser posted image Znaci nie od 30 godini veke sme za vo penzija,koj ke me primi mene na rabota so 30godini,koga moze da si vraboti lice pod 29g I priota da dobie subvencii(kako za dobitok)user posted image
Zatoa site zakoni im se "na vetar pisuvani"user posted image
Jas zabegav vo zakonive,ama toa e revolt,briset___e ako e oftopikuser posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:12:57 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
19.3.2015 10:01:18   
Felly RR
Жени мили, факт е дека законот е дискриминирачки, но немој да бидете и вие. Треба да постои закон кој ќе ги опфати сите жени, без разлика дали се вработени на приватно или на државно, без разлика дали родиле или пак планираат да родат.
Па дали знаете дека мајки вработени на државно, се враќаат на работа по само 6 недели одкако родиле, по 3 недели, па дури и по само неколку дена одкако се вратиле од болницаuser posted image бидејќи се условени со своето работно место. Значи никој не е заштитен, затоа да не правиме и ние поделби.
Факт е дека законот како што е вака поставен не е во ред, но треба повеќе работи да се сменат а не само тоа - вработени во државен /приватен сектор.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:13:16 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
20.3.2015 1:10:02   
Neurotoxin RR
Епа не е законот проблем, туку почитувањето на истиот. Сите работници, особено бремени жени се заштитени и имаат права по членови во законот за работни односи. Не сум правник, но кога ми се случи тоа, го проучив овој закон. Кога сакав истите тие права да ги уживам па дури и кога ми беше направена штета со прекршување на законот, немаше кој да ме заштити. Ако тужев можеби ќе докажев дека сум во право, па и други ќе беа охрабрени да го сторат истото, па можеби тогаш работодавците како и институциите ќе се запрашеа дали да го прекршат законот, но едно немав пари, друго си имав работа со луѓе кои можеа да нарачаат добивање на случајот. Законите и претходно си беа ок, ама не се тие проблем, проблем е начинот на функционирање на нештата во нашава држава. Многу посакував да има некое здужение, невладина, или сл. која ги штити ваквите жени и помага при нивната борба, ако има борба ќе има и свест, а ние сме само еден уплашен народ со врзани раце и од финанскиски аспект.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:13:34 >

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
24.3.2015 23:06:00   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Жени мили, факт е дека законот е дискриминирачки, но немој да бидете и вие. Треба да постои закон кој ќе ги опфати сите жени, без разлика дали се вработени на приватно или на државно, без разлика дали родиле или пак планираат да родат.
Па дали знаете дека мајки вработени на државно, се враќаат на работа по само 6 недели одкако родиле, по 3 недели, па дури и по само неколку дена одкако се вратиле од болницаuser posted image бидејќи се условени со своето работно место. Значи никој не е заштитен, затоа да не правиме и ние поделби.
Факт е дека законот како што е вака поставен не е во ред, но треба повеќе работи да се сменат а не само тоа - вработени во државен /приватен сектор.

Felly RR јас работам во приватен сектор, па на два месеци се вратив на работа, мм исто така е во приватна фирма, до сега секоја што родила од таа фирма не искористила повеќе од 4 месеци породилно, така да не се случува тоа само во државните, туку и во приватните, а тоа си зависи од природата на работата

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:13:48 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
25.3.2015 12:55:18   
Felly RR
Па и јас тоа сакав да го кажам - дека секаде се случува, не знам зошто не ме разбра. user posted image
Но не разбирам што мислиш со тоа дека зависи од природата на работата.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:14:03 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
25.3.2015 13:02:00   
Snowhite RR
Па мислам на тоа каква е работата, дали може да те замени некој или не, се разбира никој не е незаменлив ама во некоја работа можеби треба повеќе време за друг дојде на тоа место, да се прилагоди.
Сепак законов нема врска со оваа наша дискусија, односно со враќањето предвреме на работа, за тоа имаме друга тема да не одиме офтопик

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 30.4.2015 22:14:19 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
30.4.2015 22:26:43   
Melanija RR
З А К О Н
ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ


Заштита од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и
родителство

Член 9-б
(1) Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост,
раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос заснован
согласно со закон.
(2) Забраната на дискриминација од ставот (1) на овој член се однесува на пристапот до
вработување, условите за работа и сите права од работен однос и откажувањето на
договорот за вработување на работнички кои се наоѓаат во состојба на бременост или
користат права кои произлегуваат од раѓање и родителство

Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство
Член 101
(1) Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за
време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител,
отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено
работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и
спреченост за нега на дете до тригодишна возраст.
(2) Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето
на отказот работодавачот бил запознаен со околностите од ставот (1) на овој член, или
доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести
работодавачот за постоење на околностите од ставот (1) на овој член со доставување на
соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.
(3) Околностите од ставот (1) на овој член не го спречуваат престанокот на договорот
за вработување склучен на определено време, со истек на времето за кое тој договор е
склучен.
(4) Забраната за отказ од ставот (1) на овој член не се однесува на откажување на
договорот за вработување поради потешки прекршувања на договорните обврски, односно
поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски за кои се дава
отказ без отказен рок согласност закон и колективен договор.
(5) Работодавачот може да го откаже договорот за вработување поради основите
утврдени во ставот (4) на овој член, само по претходна согласност на синдикатот чиј член
е работникот кој се штити од отказ.
(6) Доколку синдикатот во рок од осум дена, не се изјасни за откажување на договорот
од ставот (5) на овој член со давање или недавање на согласност, ќе се смета дека се
согласил со одлуката на работодавачот.
(7) Доколку синдикатот не даде согласност за откажување на договорот за вработување
на работникот од ставот (1) на овој член, работодавачот може во рок од 15 дена од денот
на доставувањето на изјавата за недавање на согласност да поведе постапка за нејзино
преиспитување со судска или арбитражна одлука.
(8) Постапката за преиспитување на согласноста од ставот (7) на овој член ја
спроведува надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на поднесување на тужба од
работодавачот.
(9) Доколку кај работодавачот не е формиран синдикат или работникот од ставот (1) на
овој член не е член на синдикат, претходна согласност за отказот на договорот за
вработување дава надлежниот инспектор на трудот.
(10) Во текот на постапката за претходна согласност во која учествува надлежниот
инспектор на трудот, се применуваат роковите и дејствијата од ставовите (6), ( 7) и ( 8)
на овој член.

Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради бременост, раѓање и
родителство

Член 166
(1) Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака
може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на
раѓање на детето.
(2) Работничката од ставот (1) на овој член, покрај правото на плата, има право и на
надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од 50% од
утврдениот износ на надоместокот за отсуството од ставот (1) на овој член според
прописите за здравствена заштита.
(3) На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на истото
работно место или, доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според
условите од договорот за вработување.


Извор:мтсп.гов.мк

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Отказ поради бременост или по породилно б...
30.4.2015 23:22:52   
Neurotoxin RR
4) Забраната за отказ од ставот (1) на овој член не се однесува на откажување на
договорот за вработување поради потешки прекршувања на договорните обврски, односно
поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски за кои се дава
отказ без отказен рок согласност закон и колективен договор.


Вака стои причина за престанок на работа во агенција за вработување кај мене, што значи, сите би го користеле, ете како да знаев, се пожалив до државен правобранител, министерство за труд и социјала, ама немаше никаков одговор. Значи останува дека ако некој сака еве и со законот е заштитен да те отпушти. Кој би навел дека ти дава отказ зашто си бремена, секако дека ќе наведе прекршок на работникот.

Се останува на нивната (НЕ)Човечност.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 18
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?