|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Генетски модифицирана храна
4.12.2009 18:03:04   
ripce
Што е тоа генетски модифицирана храна?

Генетски модифицираната храна се добива со вметнување на генетски материјал (ДНА) од еден вид на друг, со техниките на генетскиот инженеринг. Ова овозможило пренос на посакуваната карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство или можеби помеѓу животни и растенија. На пример, ген кој функционира како антифриз земен од поларна риба е вметнат во домати и јагоди за да им оневозможи смрзнување. Свињи во кои е вметнат ген од човек растат побрзо и по ефективно.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Генетски модифицирана храна
4.12.2009 18:05:59   
ripce
Голем дел од производите на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО
Родители внимавајте: се продава и генетски модифицирана бебешка храна!
Од Еко свест предупредуваат дека ваквата состојба е резултат на фактот што во Република Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Според законот во земјите-членки на ЕУ, на етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и потеклото на вметнатиот ген
user posted image

Македонските бебиња се хранат со храна која содржи генетски модифицирани организми а нивните родители не се информирани за тоа бидејќи во Република Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Токму таа храна е причина за алергиите што се појавуваат кај бебињата и децата, која лекарите ја дијагностицираат како алергија со непознато потекло. Овие алармантни податоци се резултат на истражувањата на активистите на здружението Еко-свест кои долги години работат на полето на генетски модифицираните организми (ГМО).
- Секој потрошувач треба, доколку не постои етикета за ГМО на производите, да го бара истото од продавачите и да се бори за своето право да знае каква храна консумира. И инспекторите на терен треба да земат примероци од сета онаа сомнителна храна за присуство на ГМО и да се испита во една од постоечките лаборатории дали содржи ГМО, за граѓаните на Македонија да знаат каква храна консумираат. Навистина, голем дел од производите кои се наоѓаат на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО, како што се сојата и производите од соја, житарките, производите од пченка, пченкарно брашно, производите од ориз во бебешка храна и многу други. Иста е состојбата и со популарните чипсови. На пример Шпанија е најголем производител на ГМО пченка и ја употребуваат за производство на чипс и тортиљи. На македонскиот пазар ги има истите, увезени од Шпанија, меѓутоа без етикета за присуство или отсуство на ГМО-информира Славковска. Таа додава дека според законот во земјите членки ан ЕУ, на етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и потеклото на вметнатиот ген. Активностите на Еко-свест се насочени кон хармонизирање на законот за генетски модифицирани организми во Македонија со законот на ЕУ преку лобирање за усвојување на подзаконски акти со кои ќе може да се применуваат одредбите на законот. Една од главните активности на Еко-свест на ова поле е промовирање на идејата за декларирање на зони слободни од ГМО во Македонија и едукација на земјоделците за ризиците од користење генетски модифицирани семиња. На нивна иницијатива Општините Могила, Велес, Охрид и Чашка се прогласени како ГМО слободни зони, што значи дека се области каде што земјоделците не одгледуваат ГМО култури ниту пак го хранат добитокот со ГМ храна, области каде не се произведува ниту продава ГМО храна. Низ Европа има преку 174 вакви региони, преку 4500 општини и независни земјоделци кои се декларирани како ГМО слободни зони.

Што е генетски инженеринг?

Генетскиот инженеринг претставува револуционерна технологија со која се префрлаат гени од еден организам на друг, од растение на животно, од бактерија на растение, од животно на растение итн. Со тоа се менуваат својствата на организмите. Така на пример: гени одговорни за лачење отров против инсекти од бактерии пренесени на пченка стануваат отпорни на инсекти. Организмите во кои лабораториски се менуваат својствата се означуваат како генетски модифицирани организми или ГМО.

Но, лабораториските испитувања покажуваат дека освен позитивни се добиваат и повеќе неочекувани, негативни својства. Така, на пример, кај пастрмката во која генетски се вметнати хормони за растење, не само што побрзо расте туку ја менува и бојата и станува зелена. А кај петунијата во која се ставени гени за црвена боја на цветот истовремено се влијае и на растењето на коренот и на листовите.

< Поракaта ја уредил ripce -- 4.12.2009 18:09:37 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Генетски модифицирана храна
4.12.2009 18:58:02   
Еца
Дали потои ризик по Вашето здравје?
- Со консумирање на ГМ храна можна е појава на алергиски реакции на Вашиот организам, кои се многу често третирани како алергии со нејасно потекло;
- Можна отпорност кон антибиотици;
- ГМ храната може да има токсичен ефект.

Што значат Генетски Модифицираните организми за природата?
- Го нарушуваат биодиверзитетот во природата, бидејќи ГМ посевите стапуваат во интеракција со природната флора и фауна. Се размножуваат, мутираат, го напаѓаат околниот жив свет и го уништуваат. ГМ растенијата предизвикуваат стерилност на почвата и неможност за одгледување на конвенционална и органска храна.
- Го уништуваат живиот свет, бидејќи ГИ создава растенија резистентни на инсекти, со испуштање токсини од бактерии во почвата, со што се уништуваат пчелите, пеперутките и останатите инсекти кои нормално се зависни од природните цветови.
- Повеќе од две-третини од досега произведените ГМ растенија прогласени се за немилосрдни убијци поради хербицидното дејство врз одгледување на околните конвенционални и органски растенија.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Генетски модифицирана храна
4.12.2009 19:02:55   
Еца
Колку што се информирав и растителниот кашкавал бил генетски модифициран, а Мартина само таков ми јаде.user posted image Искрено јас не знам во собранието што прават, а што не, не пратам политика, но баш ме загрижува фактот дека сеуште не е донесен закон за ова, што се увезува, а што не.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Генетски модифицирана храна
4.12.2009 19:24:28   
ripce
Искрено јас не знам во собранието што прават, а што не, не пратам политика, но баш ме загрижува фактот дека сеуште не е донесен закон за ова, што се увезува, а што не.


Еве го тоа што го бараш Елена, законите кај нас постојат како такви само колку се применуваатuser posted image

http://moh.gov.mk/files.php?file=PravilnikGMO_749728713.pdf

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Генетски модифицирана храна
4.12.2009 20:02:24   
Еца
леле, па зошто е донесен ако не се применува, мислам безвезе. Срамота е ова поради самиот факт дека последиците од конзумирање на ГМ  се забележуваат по одредено време, настануваат хормонски пореметувања..се изнервирав подобро да си кажам доста!user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Глумам Оргазам...
kikicka

Дали вие имате често лажен оргазам или не?

Често,не сакам да го разочарам (17%)

Понекогаш,кога сум уморна (22%)

Само кога си заслужил (11%)

Никогаш,секогаш го доживувам (49%)


Број на сите гласови: 98

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!