|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Емоционална интелигенција
29.11.2009 17:33:34   
Mila na mama
Како ја поттикнувате емоционалната интелигенција кај вашите деца. Сметам дека во светов има премногу конфликти од причина што многу луѓе не знаат да си ги артикулираат емоциите или се воздржуваат да ги изразат или сметаат дека разговорот за личниот емоционален живот е пекмезење и сл.
Постојат ли игри кои сте ги осмислиле за да го научите детето да ги препознава и изразува слободно и соодветно своите и туѓите емоции?

_____________________________

love u all
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Емоционална интелигенција
29.11.2009 17:37:49   
profesorica
Емоции, емоционална интелигенција и емоционална писменост. Да се биде емоционално писмен значи да се знае како да се управува со сопствените емоции. Учењето на емоционалната писменост не учи како се изразуваат чувствата, како и кога да се изразуваат и како тие влијаат врз другите.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Емоционална интелигенција
29.11.2009 17:39:43   
profesorica
Кога личноста е емоционално интелигентна?

За да може личноста да се определи како емоционално интелигентна, мора да бидат задоволени одредени "предуслови"

lЛичноста мора да умее да ги препознае сопствените емоции

Самосвеста, препознавањето на емоциите во моментот кога тие ќе се појават е темел на емоционалната интелигенција. Способноста да се контролираат емоциите е од суштинско значење за менталното здравје и за саморазбирањето. Кога не сме во можност да ги препознаеме нашите вистински чувства, стануваме зависни од нив. Ако сме сигурни во нив, ќе знаеме повешто да го водиме сопствениот живот и посигурно да донесуваме животни одлуки почнувајќи од тоа со кого ќе стапиме во брак, до работата што треба да ја избереме.

lЛичноста треба да умее да управува со сопствените способности

Совладувањето и управувањето со емоциите - нивното соодветно "избирање" е способност што се заснова на самосвест. Поединците што недоволно ја развиле ваквата способност, постојано мора да се борат со чувството на огорченост и мачнина или да се чувствуваат раздразнето, а некои и потиштено. Од животните немири овие луѓе многу тешко закрепнуваат.

lУмешност за самомотивирање

За да може да се самомотивирате, потребно е да умеете да управувате со вашите емоции. За да постигнете определена цел или каков било успех во животот, за да бидете креативни, за да овладеете со некоја вештина, треба да поседувате умешност, да знаете како да ги смирите и да ги контролирате сопствените емоции.

lПрепознавање на емоциите на другите

Емпатијата претставува уште една способност што е заснована на човековата самосвест. Таа е основна "човечка вештина". Оние што ја "поседуваат", повешто се приспособуваат на невидливите сигнали на друштвото во кое живеат, каде што се навестува што им е потребно на другите и што тие сакаат. Емпатијата им овозможува успех на тие што имаат професии како трговијата, подучување, менаџерство - занимања што подразбираат водење грижа за другите.

lУмешност за одржување меѓусебни односи

Се работи за вештина со која се разбираат туѓите емоции. Тоа е способност што човекот го подготвува за јавни занимања, раководење и за меѓусебни односи. Поединци што ја усовршуваат ваквата способност успеваат во се што подразбира успешна соработка со другите. Тие се во друштвото "ѕвезди".

Луѓето, сепак, се разликуваат по своите способности во секоја од наведениве области. Некои се вешти во совладувањето на сопствената анксиозност, а истовремено не се во состојба да ја намалат анксиозноста кај другите. Без сомнение, основата на нашите способности е од психолошки карактер, што не значи дека истиот не може да се менува, развива и сл. Грешките во емоционалните вештини може да се поправаат. Секоја од наведениве области е определена од навики и реакции што со вистински напор може да се усовршат.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Емоционална интелигенција
29.11.2009 17:41:52   
profesorica
Дамјан иако е мал, ама почнува да ги сфаќа изразите на лицата мое и на мм, а и да „учествува “во разговорите, не трпи високи тонови и мисли дека се караме. Баш денес забележавме мм ми објаснуваше нешто, ама со повисок тон, луѓе, Дамјан почна да вика се погласно и да се мршти накај мм, како да му се кара зошто вика.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Емоционална интелигенција
29.11.2009 17:45:00   
Еца
Емоционалната интелегенција посебно е важна за оние што имаат деца или за тие што сакаат да ги имаат. Во периодот на растење на детето, особено е важно да се развива неговата емоционална интелигенција. Возраста од раѓање до 5 години е исклучителна за развој на оваа интелегенција која е поважна дури и од онаа другата, барем за сега позначајната. Значи сега е важно да имате повисок EQ отколку IQ.
Значи давајте безгранична љубов, не кочете го емоционалниот развој со заблуди од типот „момчињата не плачат“ така ќе го научите вашето дете слободно да се изразува емотивно, што е позначајно за неговиот развој како индивидуа. Гушкајте се секој момент, покажувајте ги чувствата, покажете му на детето дека неизмерно го сакате.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Емоционална интелигенција
4.12.2009 12:30:20   
Mila na mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

Зошто првите неколку години од животот на детето се толку важни?
Помеѓу раѓањето и тригодишна возраст детето расте и се развива побрзо отколку во било кој друг период од животот.
Критично за првите години е развојот на мозокот на детето. Мозокот најмногу се развива во првите три години од животот на детето, поставувајќи основа за идниот развој.
Се што правиме, мислиме и чувствуваме е искуство кое оди преку мозокот. Мозокот ни овозможува да сакаме и да се смееме, да плачеме и потоа да се чувствуваме подобро, да бидеме збунети и потоа да разбереме.
Развој на мозокот
После раѓањето бебето има околу 100 милијарди нервни клетки, иако мозокот се уште не е целосно развиен. Во првите неколку години од животот овие клетки развиваат витални врски и патеки во мозокот што влијае на емотивниот, социјалниот и интелектуален развој на детето.
Мозокот трпи влијанија од околината на детето во овие рани години.
Мозокот ги користи сетилата (очите, ушите, носот, јазикот и кожата) за да ни претстави што се случува наоколу. Секое искуство што го доживуваме се филтрира преку сетилата. Нашите сетила праќаат сигнали до мозокот кои може да се менуваат како нашиот мозок ги обработува искуствата и информациите.
Важната улога на родителите во раните години
Научниците востановиле дека односите меѓу родителот и детето во раните години влијае на мозокот на детето на различни начини.
Новоразвиените врски во мозокот може да не бидат доволно цврсти, другите може да не бидат користени, а некои може да се избришат. Ако се пружа љубов и грижа во раните години врските за добро и за учење во мозокот се зацврстуваат.
На бебињата и малите деца потребно им е многу допирање и стимулации за да можат да учат и растат на најдобар можен начин.
Раните позитивни односи со родителите ја стимулираат љубопитноста, самодовербата и сигурноста кај децата.
Овие односи ќе им помогнат на децата подобро да се снаоѓаат во животот.
За време на раните години поминете време:
  • Допирајќи го и галејќи го вашето дете
  • Зборувајќи и смеејќи се со детето
  • Препознавајќи ги и одговарајќи на сигналите од детето
  • Пружајќи му на детето нови искуства и можности
  • Настојувајте вашите деца да се чувствуваат сигурни и безбедни


извор:kidscount

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Емоционална интелигенција
4.12.2009 12:32:03   
Mila na mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

Кога зборуваме за емоционалниот развој мислиме на зголемените можности на детето
  • да ги идентификува и разбира своите чувства
  • точно да ги препознава и разбира чувствата на другите
  • да го контролира начинот на кој чувствува
  • да го обликува начинот на кој се однесува
  • да се соживува со другите, и
  • да гради и одржува добри односи со пријателите, семејството и другите.

Од времето кога ќе се родат, децата брзо ги развиваат своите способности да доживуваат и изразуваат различни чувства, како и можноста да се соочуваат и справуваат со различни чувства.
Контролирање на чувствата
Способноста на децата да го контролираат или формираат начинот на кој чувствуваат е критичен дел од нивниот развој и честопати причина за загриженост на родителите.
Децата не го започнуваат животот со способноста да ги контролираат чувствата. Тие лесно се совладани од силни чувства и не можат да се смират. На бебињата и малите деца потребна им е помошта на родителите за да се смират.
Малите деца честопати стануваат фрустрирани зашто постои голем јаз помеѓу работите кои сакаат да ги направат и она што се во можност да го направат. Ова често резултира во карактерна лутина.
Чувствата и карактерот се тесно поврзани. Кога чувствата не се контролирани добро способноста на децата да размислуваат може да биде намалена. Како резултат на тоа, децата се однесуваат според чувствата, често пати без размислување.
За времето додека стасаат за училиште, децата се посвесни за своите чувства и чувствата на другите. Тие подобро можат да ги поврзат нивните мисли и чувства и да користат зборови за да ги опишат чувствата. Затоа, тие подобро можат да го менуваат и оформуваат начинот на кој чувствуваат. Способноста на децата да ги менуваат и приспособуваат нивните чувства значи дека ќе можат подобро да ги толерираат своите фрустрации, да ги одложуваат работите кои навистина ги сакаат и да се смират.
Односите се важни за чувствата на децата
Емоционалниот развој на децата во голема мерка е под влијание од квалитетот на односите кои се развиваат помеѓу нив и нивните родители. Од начинот на кој родителите се однесуваат со децата многу зависи емоционалниот развој на децата.
Децата учат да ги раководат своите чувства гледајќи како другите членови од семејството ги изразуваат и раководат нивните чувства. Родителите играат важна улога во одредувањето како да се одговори на силни чувства.
На децата им треба помош и пракса во раководењето со нивните емоции.
Помагање на емоционалниот равој на вашето дете
Одржувајте ја емотивната клима во домот смирена, топла и предвидлива.
Прифатете ги и потврдете ги емоциите на детето.
Читајте им приказни на децата и разговарајте за карактери со различни чувства од книгата. Разговорот за емоции ќе им помогне на децата подобро да ги разберат своите чувства.
Помогнете му на детето да ги изрази чувствата со зборови – "изгледа дека се чувствуваш разочаран во моментов”.
Охрабрувајте ги децата да зборуваат за ситуации кои ги возбудуваат, ги прават среќни, лути или загрижени.
Пофалувајте ги децата кога не губат контрола и остануваат смирени.
Помагајте им на децата да ги раздвојуваат чувствата од однесувањето – "Знам дека се чувствуваш лут, меѓутоа не е во ред да удираш.”
Помагајте им на децата да ја разбираат разликата помеѓу нивните и чувствата на другите луѓе - "Знам дека се чувствуваш незадоволен во моментов, меѓутоа правиш сестра ти да се чувствува тажна”.


извор:kidscount

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Емоционална интелигенција
5.12.2009 10:34:52   
Mila na mama
Еве предлог- една интересна игра за поттикнување на развојот на емоционалната интелигенција на децата. Играта се вика заврши ја реченицата и прво родителите ја почнуваат реченицата ма пр:
Среќен/на  сум кога....
Тажен/на сум кога...
Лут/а сум...
Сакам....
Не сакам....
итн
Откако детето ќе заврши со одговорите на родителот е ред да ги одговара изтите прашања зашто сепак децата од нас учат. Којзнае можеби со игра и ние ќе научиме повешто да ги вербализираме своите емоции.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Емоционална интелигенција
4.1.2010 20:37:04   
Еца
Социјалниот и емоционалниот развој кај детето игра значајна улога во сегашното и идното социјално функционирање на индивидуата. Социоемоционалните развојни етапи, во текот на детскиот развој, потешко се идентификуваат во однос на етапите од физичкиот и моторниот развој. Знаците на одредени развојни етапи се потешко препознатливи и не се така јасно дефинирани, како во доменот на физичкото здравје и моторниот развој.  Овој домен се однесува на стекнување и учење вештини, коишто ја зголемуваат самосвесноста и самоконтролата.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Емоционална интелигенција
4.7.2012 14:16:59   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Еве предлог- една интересна игра за поттикнување на развојот на емоционалната интелигенција на децата. Играта се вика заврши ја реченицата и прво родителите ја почнуваат реченицата ма пр:
Среќен/на  сум кога....
Тажен/на сум кога...
Лут/а сум...
Сакам....
Не сакам....
итн
Откако детето ќе заврши со одговорите на родителот е ред да ги одговара изтите прашања зашто сепак децата од нас учат. Којзнае можеби со игра и ние ќе научиме повешто да ги вербализираме своите емоции.


Мошне интересно. Заради x околности кои не опкружуваат мислам дека ќе треба многу повеќе да работам со Никола на ова поле. Ајде давајте предлози за вакви или слични игри што придонесуваат за развој на емоционалната интелегенција кај децата. Никола сега има 18 месеци занекоја игра што може да се игра на оваа возраст. Или едноставно идеи и примери како вие им помагате на вашите дечиња во емоционалниот развој..

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Емоционална интелигенција
7.3.2013 18:25:26   
Pepelaska *
На децата им е потребна игра. На децата им е потребна активна и слободна игра, а не седење пред екраните. За да ја развијат креативноста и вештината на решавање на проблемите, на децата треба да им се овозможи и дозволи доволно време за слободна игра (односно, неструктурирано поминување на слободното време). Она што децата ќе го научат од вас и низ слободната игра, од другите деца, претставува основа на подоцнежниот развој на емоционалната интелигенција.

Вашите деца се прекрасни. Нема подобар начин да ги научите децата на емоционална интелигенција од тоа да ги гледате како прекрасни и способни, она што тие и навистина се. Ако сопствените деца ги гледате како прекрасни, ќе добиете од нив многу од тоа „прекрасното“. Ако за нив мислите дека се проблем, ќе добиете многу „проблеми“. Сѐ е до тоа како ги перцепирате нештата.

Извор:кармакаша

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Емоционална интелигенција
7.3.2013 18:39:02   
Pepelaska *
Како да го поттикнете развојот на емоционалната интелигенција на децата:

Бидете искрени спрема детето и барајте го истото од него.
Не ги криете проблемите од него.Со објаснување на животните ситуации детето ќе научи многу работи.На пример развод, останување без работа и кажете му дека тоа не е криво за вашите проблеми.
Поттикнувајте го детето во создавање на нови пријателства со други деца но не бидете критични спрема неговиот избор.
Барајте од детето да биде љубезно спрема другите.
Поттикнете го да направи нешто за старите, болните , послабите.
Бидете авторитет.Не им попуштајте во работи за кои сметате дека се важни.
НЕмојте да му ги решавате проблемите на детето ( да му пишувате задачи, да се вплеткувате во неговите караници си други деца освен ако не е злоставување во прашање).
Негувајте хумор.
Секој ден најдете барем малку време за игра, дружење разговор.
Зборувајте пред него и за вашите недостатоци.
Учете го детето на оптимизам и позитивно размислување.
Поттикнувајте го детето слободно да си ги изрази чувствата и не му објаснувајте како да се чувствува - чувства не се бираат.
Учете го детето на здрав живот,правилна исхрана, физичка активност.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Емоционална интелигенција
16.1.2016 19:19:37   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Еве предлог- една интересна игра за поттикнување на развојот на емоционалната интелигенција на децата. Играта се вика заврши ја реченицата и прво родителите ја почнуваат реченицата ма пр:
Среќен/на  сум кога....
Тажен/на сум кога...
Лут/а сум...
Сакам....
Не сакам....
итн
Откако детето ќе заврши со одговорите на родителот е ред да ги одговара изтите прашања зашто сепак децата од нас учат. Којзнае можеби со игра и ние ќе научиме повешто да ги вербализираме своите емоции.


Мошне интересно. Заради x околности кои не опкружуваат мислам дека ќе треба многу повеќе да работам со Никола на ова поле. Ајде давајте предлози за вакви или слични игри што придонесуваат за развој на емоционалната интелегенција кај децата. Никола сега има 18 месеци занекоја игра што може да се игра на оваа возраст. Или едноставно идеи и примери како вие им помагате на вашите дечиња во емоционалниот развој..


Сакав да прашам нешто друго па наидов на оваа баш занимлива тема а цитираново баш ме поттикна да направам нешто корисно. Е сега очекувам предлог за некои слични игри кои поттикнуваат емоционален развој за 3год.дете овие реченици ги имам забележано во учебници за 1одд.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

MACE KUCE
Evgenija D

STO E PUBAVO

MACE (50%)

KUCE (50%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!