|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Повторувачки спонтани абортуси
25.9.2009 16:59:04   
Палешка РР
Спонтаниот абортус е прекинување на бременоста пред 22. недела на гестација или прекин на бременоста кога плодот тежи помалку од 500 грама. Спонтаниот абортус е многу непријатна и фрустрирачка ситуација и за докторот и за пациентката. Се смета дека спонтаниот абортус се појавува кај 75 отсто од жените што се обидуваат да останат бремени. Најголем број од тие "загубени" бремености се случуваат пред или за време на очекуваната менструација и ниту пациентката ниту докторот не знаат дека воопшто се случила бременост. Повеќето студии говорат дека процентот на спонтани абортуси се движи меѓу 10 и 15 отсто (но докторите велат дека вистинскиот процент на спонтани абортуси е 50 отсто).

Повторувачките спонтани абортуси се посебно загрижувачка категорија абортуси. По спонтаниот абортус, шансите да се случи нареден се 15 отсто. Ако кај пациентката има два последователни абортуса, ризикот се зголемува на 25 отсто. Ако кај пациентката има три последователни абортуси, тогаш ризикот за нареден спонтан абортус се зголемува на 30 до 45 отсто. Повторувачки абортус е кога пациентката има три или повеќе последователни спонтани абортуси.

Најчести причини за повторувачките спонтани абортуси се генетските фактори, конгенитални малформации на матката, стекнати малформации на матката, имуни и автоимуни фактори, ендокринолошки (неадекватна функција на жолтото тело, антитиреоидни антитела, зголемено лачење на лутенизирачкиот хормон), инфекции, хематолошки фактори, лекови, хемикалии, радијација. Пушењето како негативен фактор за исходот на бременоста е предмет на многу истражувања, бидејќи чадот од цигарите содржи стотици штетни материи.

Гестациската старост во која се случил спонтаниот абортус може да сугерира за евентуалната причина што го предизвикала. За илустрација, ако причина за спонтаниот абортус е антифосфолипидниот синдром или некомпетентен цервикс на матката, тогаш спонтаниот абортус се јавува по првото тримесечје на бременоста. Причина за повеќето спонтани абортуси што се случуваат во првите три месеци е абнормалниот кариотип на ембрионот. Цитогенетските истражувања на материјалот добиен од овие абортуси говорат за присуство на најмалку 50 отсто цитогенетски абнормалности. За илустрација, триплоидија (се добива кога нормална јајце-клетка истовремено е оплодена од два сперматозоида, така што концептусот наместо нормален диплоиден број на хромозоми има триплоидија) има кај 16 отсто од абортусите во првите три месеци.

Повеќето гинеколози се согласуваат дека испитувањата за причината на спонтаниот абортус треба да почнат кога пациентката имала два или повеќе повторувачки спонтани абортуси. Врз основа на земена анамнеза кај пациентката, нејзината старост, бројот на повторувачки абортуси и неделата на гестација во која се случуваат, гинекологот ќе одлучи кои истражувања да ги направи. Ако постои сомнение за генетска причина, се советува кариотип на двата партнера. Ултразвучен преглед на матката дополнет со хистеросалпинографија ќе ги открие вродените или стекнати аномалии на матката, кои можат успешно да се решат со помош на оперативната хистероскопија. Ако докторот се сомнева во имуни, ендокринолошки и хематолошки фактори како причина за повторувачки спонтан абортус, треба да се направат неколку лабораториски испитувања. Инфекциите бараат опсежно микробиолошко испитување. Само квалитетен и сеопфатен пристап кон проблемот на повторувачкиот спонтан абортус ќе резултира со навремено откривање на причината, а со тоа и соодветен избор на терапија: конзервативна или оперативна. Ако анализите говорат за ризик во сите наредни бремености, тогаш брачниот пар треба да размисли за можностите на пренатална или предимплантациона дијагноза, донација на јајце-клетка или сперматозоид или за посвојување.


д-р Снежана Адамоска Клисароска
Специјална болница "Мала Богородица" - Скопје

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?