|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Заболувања на синусите кај децата

Др. Кармен Цекиќ, педијатар, 4.5.2010
“Целиот свет не вреди, колку една единствена детска солза.”

image
/11


Нарушувањето на здравјето на децата остава печат на целиот понатамошен живот на човекот. Поради тоа грижата за здравјето и лекувањето на детето воедно преставува и превенција на инвалидноста кај возрасните.

 

Значајно место во заболувањата на горниот респираторен тракт заземаат и воспаленијата на синусите кај децата кои се разликуваат од истите кај возрасните. Причината е јасна, синусите кај новороденчето не се целосно развиени, имено при самото раѓање се развиени делумно само келиите на ситастата коска (етмоидален синус) и виличните (максиларни) синуси. Келиите на клинастата коска (сфеноидалниот синус) се развиваат после четвртата односно петтата година од животот, а челните (фронтални) синуси се развиваат по десеттата или дванаесеттата година, за конечната големина да ја достигнат околу 20 годишната возраст.

 

Со самото тоа дека се развиваат од носната шуплина и дека лигавицата која ги прекрива е продолжеток на лигавицата на носната шуплина, секое акутно воспаление на носната лигавица во поголема или во помала мера преминува во акутно воспаление на слузницата на синусите. Важни моменти кои ја зголемуваат можноста за воспаление на синусите се:

-         пореметување на имунолошкиот систем

-         неадекватна исхрана

-         заразни заболувања

-         вирусни инфекции

-         искривување на носната преграда

-         алергии и др.

 

Инфекцијата на синусите може да биде ограничена на еден синус, на повеќе синуси или на сите синуси. Најчести симптоми на воспаление на синусите се:

-          опструкција на носот

-          секреција од различен тип

-          непријатен мирис од носот

-          крварење од носот

-          главоболка

-          пореметување на мирисот

-          пореметување на говорот

-          пореметена исхрана

-          покачена температура

-          кашлица и др.

 

Дијагнозата се поставува на основа на добро земени податоци во текот на болеста, локалниот наод и секако со помош на дијагностички методи. Кај децата е индицирано да се направи ехо синусоскопија, затоа што таа метода има далеку повеќе предност над рентгенското снимање на синусите кај децата. Ехо синусоскопијата полесно се изведува, може почесто да се повторува и секако нема податоци за штетноста, за разлика од радиолошкото иследување.

 

Терапијата зависи од тоа кој од синусите е заболен и степенот на заболување. Секако е потребно да се направи брис од носот со антибиограм пред да се започне со антибиотска терапија и употреба на деконгестив (капки за нос). Се препорачува Прецовата метода за аспирација на секретот, инхалациона терапија.

 

Кај децата не се препорачува пункцијата на синусите.

 

Секако треба да се знае дека несоодветно лекување на акутно воспаление на синусите е основната причина за настанување на хронично воспаление со сите свои последици и секако компликации.

 

Извор: Инфо Гласило на Црвен Крст на Скопје - “Нова Димензија”

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прва помош при потешки повреди
Тешко надворешно крварење, гушење, давење, труење...
4
Фото:Премиерот ја однесе ќерката во прво о...
Премиерот Никола Груевски ја однесе својата ќерка во прво одделение во основното училиште Димитар Миладинов во Скопје. С...
4
Мамо, сакам да ти кажам дека си посебна
Веќе сум тука! Знаеш дека јас сам те избрав? Да, никако не сум случаен избор, запамти го тоа! Вие ме зачнавте, но мојот ...
3
Денот кога мојот син се откажа од мене...
Исповед на една мајка...
3




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.