|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто тинејџерите секогаш “удираат” контра?

Редакција Рингераја, 14.6.2013
Бунт, конфликти, недоразбирања и расправии се секојдневие за семејствата во кои има тинејџер. Иако не звучи претерано утешно, овој период трае само неколку години...

image
/11


 

 

Преиспитуваат наметнати ставови, верувања и системи на вредности, ги критикуваат со цел да ги отфрлат, а контрирањето и бунтот се само маневри со кои тоа го постигнуваат.

АДОЛЕСЦЕНЦИЈА, најбурниот период од растењето, во кој децата стануваат зрели личности, ни малку не е лесен ни за нив, ниту за родителите.

Многу мајки и татковци не се сигурни како треба да се однесуваат, губат нерви и не се во состојба рационално да разговараат со својот тинејџер. Всушност често мислат дека секаков разговор е невозможен, иако псхолозите го тврдат спротивното.

За да знаете како да му пристапите на детето, првенствено треба да знаете што му се случува. Дали некогаш сте се запрашале зошто тинејџерите секогаш “удираат” контра? Заради што превртуваат со очите кога ќе им поставите едноставно прашање “Што има ново?”  или “Како беше во училиште”? Се жалат дека им досадувате и сакаат да бидат Ваша суштинска спротивност.

Адолесценцијата е толку “проблематична” заради тоа што е период во кој детето се обидува да дојде до својата автентичност, тврдат психолозите.

Додека е мало, родителите се единствен пример, нивното мислење не се преиспитува, туку се зема како единствено мерило на вредности. Меѓутоа, со растењето тинејџерот мора да ги преиспита наметнатите ставови, верувања, системи  на вредности, да ги стави на тест, за да ги доживее како свои, или потполно да ги отфрли.  Исто така, сака да припаѓа и во група, врсниците му значат многу и заради тоа не е сигурен како треба да се однесува.

Бунтот, постојаното контрирање, експериментирањето  во облекувањето и физичкиот изглед се маневри со кои се служат тинејџерите за да го пронајдат своето место во општеството и да дојдат до сопствени заклучоци.

Девојчињата често сакаат да бидат суштинска спротивност на своите мајки, односно сакаат да бидат физички и карактерно различни. Истражувањата покажуваат дека девојчињата многу лошо се согласуваат со мајките, додека со татковците успеваат да најдат заеднички јазик. Контрирањето не е одраз на безобразлук и невоспитание, како што повеќето родители мислат, туку начин на кој детето Ви испраќа порака дека има сопствено мислење и дека очекува да го почитувате.

И затоа немојте да паѓате во оган штом Вашиот тинејџер ја почне секоја реченица со “не”, туку обидете се да му се приближите. Тоа можете низ некои едноставни, животни работи. На пример заинтересирајте се за тоа што сака, за облеката која ја носи, музиката која ја слуша...

Ако едниот родител не може да му се приближи на детето, нека се обиде другиот.. Ако ни двајцата родители не можат да допрат до детето, тогаш можеби треба да разговара со психолог.

На тинејџерите им е многу попријатно да разговараат за своите сомнежи, стравови, проблеми, со некој кој не е член на семејството. Бидете трпеливи, полни со разбирање и поддршка и работите ќе дојдат на свое место, а тинејџерските лудости ќе останат да се раскажуваат како семејни анегдоти.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Дали сум добра мајка?
Сите знаеме дека односите со нашите деца не значат секогаш само љубов. Понекогаш има и гнев, досада, напрегање. За овие ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?