|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто родителите немаат авторитет?

Редакција Рингераја, 7.10.2014
Ние, родителите, сме личности на кои авторитетот му припаѓа по природата на нештата и за тоа не ни е потребна согласност од никого, па ни од нашите деца...

image
/11


 

Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум...Душко Радовиќ

Одговорот на прашањето зошто родителите немаат авторитет е многу едноставен: затоа што се откажале од него. Дали тоа била свесна одлука или не, тоа е друго прашање, но едноставноста на родителскиот авторитет ќе ни биде многу појасна, ако погледнеме какви закони владеат во природата.

 

1

 

За земјата постојат меѓу три и триесет милиони животински видови. Од тој број, цицачи се околу 5000. Ако ги набљудуваме само цицачите, ќе видиме дека сите тие, без исклучок, се грижат за своите малечки. Тоа е разбирливо и претставува инстиктивно однесување кое овозможува одржување на видот. Цицачите во главно се грижат за своите малечки додека тие не достигнат некој степен на зрелост. Сличноста со луѓето, секако во зависност од видот, постои во помала или поголема мера. Иако сме на врвот на еволутивната скала и иако од животните се разликуваме по резонирањето и разумот, како вид сме сепак дел од природата. Во таа смисла, а во врска со прашањето на родителскиот авторитет, многу е интересен следниот факт: во животинскиот свет не постои вид во кој младенчињата, кои не оствариле зрелост, да го преземале водството во однос на родителите и кои се посупериорни од родителите. Идејата за младенчето на тигарот кое се смее во лицето на таткото, на младенчето на горила кое ја удира својата неколку пати поголема мајка бидејќи нешто не му е по волја, или идејата на слончето кое оди на чело и пред големите слонови – не тера на смеа. Овие ситуации се смешни бидејќи се апсурдни и невозможни.

Секако, идејата за споредување на авторитетот  во животинскиот свет и во нашето семејство, на некого може да му изгледа нелогично, па дури и навредливо. Сепак, кога е во прашање авторитетот на семејството кој е така лошо уреден што го пореметува нормалното функционирање на семејството и негативно влијае на сите членови, не е ли време да се запрашаме дали можеби ние самите ги искомплициравме работите? Дали силните прашања или дилеми околу тоа кој е, зошто и во која мера претставува авторитет, не не одвеле на погрешен пат па сме се изгубиле, на сопствена и на штета на своето дете? И не е ли време да се потсетиме дека прашањето на авторитетот е многу поедноставно отколку што ни се чини?  Па да, тогаш, пред да почнеме да се занимаваме со прашањето за враќање на авторитетот, на кој начин да го направиме тоа и дали да го направиме, прво треба да сфатиме дека на нас родителите ни припаѓа авторитетот и не ни треба ничија согласност ни одобрување, па ни од нашите малечки. Тоа така треба да го сфаќаме и доживуваме.

 

2

 

Во моментот кога ќе станеме свесни за фактот дека целата идеја за детето како некој кој донесува одлуки и од кого страхуваме, не знаејќи како да се здобиеме со авторитет, во суштина е апсурдна.

Родителите кои имаат потешкотии со воспоставување на авторитетот во однос на детето, можат да се поделат во две групи.

Тоа се:

  1. Родители кои не мислат дека имаат било каков проблем, или сметаат дека прашањето на авторитетот нема значење. Тие најчесто уживаат во својот мал диктатор. Недостатокот на сопствениот авторитет го објаснуваат со тоа што велат дека тоа не е важно (Јас на своето дете сум му пријател и ние сме рамноправни), или дека не сакаат на детето да му наметнуваат авторитет  (Не сакам да го фрустрирам своето дете) или ако детето има поголем авторитет од родителот (Тој е таква личност. Точно знае што сака и не се смирува се додека не го добие. Вистински Бик со подзнак на Стрелец).

  2. Родители кои не се задоволни од недостатокот на својот авторитет и сакаат да го променат тоа. Тие се свесни дека проблемот кој го имаат ги оптоварува и нив и детето. Тие се обидуваат да го вратат авторитетот со неефикасни методи (викање, уцени, разговори, убедување, ќотек и слично), кои дополнително ја нарушуваат довербата, а проблемот со авторитетот не го решаваат. Притоа не е редок случајот и односот меѓу самите родители да е нарушен, заради постоечките тешкотии. Таквите родители веруваат дека ситуацијата во која се наоѓаат им е тешка нив, но дека детето заради таквата ситуација е задоволно, бидејќи добива што сака.

 

Родителите често се заведени во верувањето на еднаквост со детето. Секако дека приказната за еднаквоста е стапица која само е завиткана во обландата на истите права, почитување, пријателство итн.

Значи, родителите немаат авторитет затоа што, свесно или несвесно, сами се откажале од него.

 

3

 

На родителите кои не се задоволни со поделбата на моќ во семејството, секако ќе им олесни кога ќе сфатат дека родителскиот авторитет е нешто на што имаат право, но тоа е и нивна обврска и постои начин на кој авторитетот може повторно да се стекне.

 

Detinjarije

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?