|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто не треба да се расправаме на празен желудник

Редакција Рингераја, 16.4.2014
Многу често се зборува дека партнерите никогаш не би требало да одат на спиење скарани, но ново истражување покажува дека не е добро да се расправаме на празен желудник. Заради тоа научниците порачуваат: прво вечерајте, а потоа расправајте се

image
/11


 

Кога луѓето се гладни лесно ги губат нервите и можат да се скараат со својот партнер, покажало новото истражување. Научниците кажуваат дека во ситуациите кога сме гладни, мозокот нема доволно енергија за самоконтрола, па шансата дека ќе се скараме со партнерот е значително поголема.

Како што напоменуваат авторите на студијата, бидејќи мозокот зазема само 2% од нашата телесна маса, тој троши околу 20% од вкупниот број на калории. Според тоа, може да се каже дека на мозокот му е потребна голема количина на енергија. Тоа е многу едноставен совет, но навистина делува: пред да се расправате со партнерот, прво јадете.

Овој совет го дале американските научници откако го проучувале нивото на шеќер кај паровите под влијание на агресија во склоп на новото истражување објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Во истражувањето учествувале 100 брачни парови кај кои е мерено нивото на шеќер наутро и навечер.

Според зборовите на Brad Bushman, лицата кои имале пониско ниво на гликоза во крвта биле значително по лути, па дури и оние кои изјавиле дека со партнерот имаат добар однос при пониско ниво на шеќер во крвта чувствувале лутина.

Научниците советуваат дека за да имате здрав однос посебно е важно да ги држите чувствата под контрола.  Исто така имајте на ум дека можноста за самоконтрола е најслаба во ноќните часови, а професорот Bushman истакнува дека расправата за деликатните и тешки теми треба да се остави за по оброкот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
5
Подарок за Св.Валентин – што да одберете?
Со оглед што денес е Св.Валентин и дека овој текст им е наменет на мажите, ако сеуште не сте смислиле што да и подарите...
4
Веган диета: За 22 дена, до телото на Бијо...
Веганската диета во времетраење од 22 дена, беше изборот на Бијонсе и нејзиниот сопруг, бидејќи во неговиот 44 роденден ...
3
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?