|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто не треба да ги казнуваме децата телесно?

Редакција Рингераја, 28.7.2023
Децата кои никогаш не добиле ќотек имаат подобро однесување, повеќе ги слушаат возрасните и имаат поголемо почитување кон авторитети.

image
/11


Никој родител не им сака зло на децата и знае дека не смее да врши агресија врз нив. Но понекогаш колку и да се обидуваме со благ тон да ги воспитуваме децата, тие буквално ни се качуваат на глава и тогаш доаѓа моментот кога родителот избувнува и во повеќето случаи несвесно го удира детето. Факт е дека тепањето не е средство за воспитување и обично води до создавање на уште посериозни проблеми и лоши последици. Неспорно е дека постојат многу ефикасни начини со кои можеме да се разбереме со детето. Бидејќи секое дете е различно, вие како родители го познавате најдобро и со малку трпение ќе може да го најдете вистинскиот пристап. Сами ќе увидите дека тепањето не е средство за воспитување, ниту на тој начин ќе изградите ефективна комуникација со детето, а се зависи токму од постигнувањето на взаемна доверба и разбирање.

Причините за да не го казнувате детето телесно се многу повеќе од овие што ќе ги наброиме, но во оваа прилика ќе ги наведеме само најважните:

Тепањето поттикнува тепање

Секој ја знае класичната историја за мајката која верувала дека удирањето е важен момент од воспитувањето на детето. Еден ден ја видела својата тригодишна ќерка како го тепа едногодишниот син. Кога се обидела да ја сопре и побарала објаснување, ќерката и одговорила дека си игра.

Заклучокот е дека децата сакаат да го имитираат однесувањето на луѓето околу нив, особено на оние кои ги сакаат. Децата мислат дека тоа што го правите вие е правилно и го копираат вашето однесување. Не заборавајте дека истата дисциплина што сте ја спроведувале на вашето дете, еден ден и тоа ќе ја спроведе на своето. Ако вие го удирате детето, за него ќе значи дека тоа се нормални односи меѓу луѓето и тоа ќе почне да се однесува така, а никој родител не го сака тоа. Некој ќе каже:”Но јас не го удирам силно и тоа не го правам често, туку само во безизлезна ситуација” Таква ситуација, сепак, нема. Излез има апсолутно од секоја ситуација, само треба да не му подлегнете на поривот и да премислите. Најлесно е да се реагира избрзано, без да се мисли, но потоа мора да се справите и со последиците. Подобро, во критични ситуации, кога детето ќе ве извади од контакт, да го зачувате добриот тон, или едноставно да замолчите и да се оддалечите, за да можете насамо да размислите за решение. Тоа има многу добар ефект, бидејќи и детето дејствувало без да размисли. Затоа треба да го оставите само и ќе видите дека откако ќе размисли, ќе разбере дека не е во право.

Психичкото казнување, исто така не е препорачливо, бидејќи детската психа е сеуште лабилна, за да ја подложите на психичка манипулација. Психичките трауми траат подолго од физичките. При излив на нервоза, никогаш не го нарекувајте детето со навредливи зборови и не го обесхрабрувајте, бидејќи тоа е атак врз неговата самодоверба. Затоа да замолчите и го оставите детето само да ги разгледа работите, е најдобро решение.

Тепањето го понижува детето

Претставата на детето за себе најпрво зависи од тоа како го гледаат блиските и особено неговите родители. Дури и во семејствата со најсилни врски меѓу родителите и децата, едно удирање ќе испрати збунувачки сигнал на детето, особено ако е многу мало за да ја разбере причината. Така се повредува неговата самодоверба и детето почнува да се смета себеси за лош човек. Во некои случаи, по само едно физичко казнување, детето може да се затвори во себе и да ги ограничи дури и контактите со другарите. Удирајќи го детето ќе направите тоа да се чувствува мало и слабо, а тоа не смеете да го дозволите.

Плескањето по раце исто така има негативни последици. Според Марија Монтесори (1870-1952 година –познат стручњак во областа на педагогијата), чиј истоимен метод се користи многу во современата педагошка практика, рачињата на детето се инструмент за истражување на светот и најмногу преку нив се покажува љубопитноста на детето. Ако се удира детето по рачињата, се испраќа силна негативна порака до него. Оваа идеја е подржана од многу подоцнежни научни истражувања. Ќе споменеме само едно од нив: Психолози поделиле 16. четиринаесет месечни деца во две групи. Едната група деца биле плескани по рацете секогаш кога ќе допреле нешто недозволено и друга група која не добивала физичка казна. По седум месеци, научниците забележале дека групата деца, кои добивале плескање по рацете, биле поповлечени и потешко се служеле со рацете кога играле и испитувале нови предмети.

Во случаи кога сакате детето да не фаќа некои предмети, истите тргнете ги вон дофат на неговите раце.

Тепањето го потценува и понижува родителот

Родителите кои премногу строго ги казнуваат децата се потценуваат, зошто длабоко во себе чувствуваат дека не се во право и дека не успеале да одговорат соодветно и да најдат подобро решение. Многупати родителите стигнуваат до физичко казнување бидејќи не гледаат друга алтернатива и чувствуваат дека се во ќор-сокак, но потоа се чувствуваат обессилени.

Тепањето ја потценува улогата на родителот. Да бидете авторитативна фигура, значи детето да ве почитува и да ви верува, а не да се плаши од вас. Авторитетот не смее да се базира на страв. Со тоа детето ќе се дистанцира од родителот и ќе се нарушат односите и довербата меѓу нив.

Удирањето води до физичко казнување

Многу е честа следната ситуација: Детето се обидува да дофати нешто недозволено, родителот му вели не, но тоа продолжува. Следува лесно удирање по раката, но тоа пак не запира. Следното удирање е малку посилно и детето почнува да плаче. Јасно е дека родителот треба да има неограничено трпение за да се справи со детето. Удирањето нема позитивен ефект, туку детето станува уште понапорно во тоа што го прави, за да привлече внимание. Затоа, колку посилно го удирате, толку повеќе ќе го прави она што му го забранувате.

Тепањето ги влошува нештата

Да, удирајќи го детето, само ќе го влошите неговото однесување. Тоа ќе ја испитува се поголемата желба да ви се спротивстави и уште повеќе ќе го влоши своето однесување. Ако сакате детето да разбере дека погрешило, тоа нема да го постигнете преку ќотек. Ако не ве разбере ниту по јасното и детално објаснување од ваша страна, тогаш оставете го само, а ако е потребно и не говорете со него на кратко.

Тепањето има и други негативни последици

Колку повеќе е тепано детето, толку се поголеми изгледите како возрасен човек да стане агресивна личност. Поголема е и веројатноста дека кога ќе биде возрасен ќе биде груб кон сопствените деца или ќе биде насилен маж.

Запомнете: Задачата на родителите треба да биде насочена кон подобро однесување на децата. Тоа не се постигнува со казнување. Пофалбите, наградите и, над се, топлиот однос полн со доверба, ќе го поттикне детето да го работи она што го сака, на начин на кој и самото ќе посака да го направи тоа. Хуморот може да го разоружа и најтврдоглавото дете (дури и пренапнатите родители). Со вакво спонтано и весело однесување ќе го изненадите детето и ќе ги разбудите неговите интереси.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?