|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто гледаме турски серии?

Редакција Рингераја, 17.2.2012
Сапуниците кои доаѓаат од ориентот за кратко време ги окупираа телевизиските програми во Македонија. Турскиот менталитет ни е сепак поблизок од латинoамериканскиот

image
/11


 

 

“Ќе бидеме ли пак во бој со Турците, или се вратија во Македонија за да се смириме?”

“ На семејните собири повеќе се зборува за турската култура отколку за македонската.”

“ Не е точно дека турските серии се шкарт.”

“ Дали умре Касандра, па затоа ја нагостивме Шехерезада?”

 

Ова се некои од коментарите кои кружат низ општествената мрежа, поточно  само еден дел од нив. Бидејќи на жешката тема со работен наслов “Наезда на турските серии на малите екрани”, се пишува ли се пишува. Секојдневно. Дури и оние кои (се уште) не станале љубители на ориенталните телевизиски блага, помалку се чувствуваат повикани да проговорат за актуелниот феномен, а тука се и броевите да им излезат во пресрет. Моментално се емитуваат околу 10-тина турски серии на телевизиите во Македонија, а уште повеќе го чекаат своето дефиле. Гледаноста им е на завидно ниво, а за тоа сведочи трката на ТВ куќите – кој подобра серија ќе емитува. Турскиот бал се отвори со “1001 ноќ”, на А1 телевизија, а по нејзиноот пример серии почнаа да откупуваат и сите други телевизии. Се' започна со Шехерезада, за да продолжи со “Ѓумуш”, “Имотот на дамата”, а најголема популарност на турските серии донесе серијата “Кога лисјата паѓаат”. Статистиката покажува дека “Кога лисјата паѓаат” беше најгледаната серија во Македонија. Дури 62% од жените и секој трет маж секојдневно ја следеа оваа серија, пишува Татјана Лош за Novosti.rs


Дури и на незаинтересираните гледачи не може да им побегне од вид фактот дека турските серии го окупираа нашето медиско небо и од тронот ги исфрлија латиноамериканските серии. Турција неспорно стана лидер за серии од овој формат и ние не сме единствените кои се инфицирани со овие серии. Податоците покажуваат дека турските серии “окупирале” околу 20 земји од светот, додека на Балканот се наоѓа нивното упориште. Ова сознание го открива првиот сомнеж – дали целата таа “окупација ” може да се објасни со – историската поврзаност на Турците и Македонските?


Кога се говори за корените на оваа појава, мислењата се различни.
Турскиот менталитет ни' е прилично близок и многу повеќе сличности имаме со Турците, отколку со Латиноамериканците. Дури и ако не ја прифаќаме таа традиционална константа, бидејќи во меѓувреме се променивме, сигурно препознаваме добар дел од она што ни го оставиле турците во наследство: системот на вредности, темпераментот и остатоците од турскиот во нашиот јазик.


Од друга страна, феноменот на масовниот медиски успех и добриот прием на турските серии, претставува резултат на влијанието на повеќе фактори. Затоа не треба нивната популарност, во прв ред, да се доведува во врска со неспорната културна и менталитетна блискост.


Повеќето од сериите кои се емитуваат се работени во врвна и скапа продукција.  Гледачите го препознаа тој квалитет, што се потврдува преку емотивната врска со карактерните ликови на сериите. Без оглед на приказната за квалитетот и цената, успехот на турските сапуници можеби се должи на добрата визија на режисерот.
Сериите се направени како хибридна форма, со елементи на љубовна, криминална и социјална приказна. И музиката добро ја врши својата работа, ги поддржува воспоставените емоции и го нагласува бон-тонот кој ние изгледа дека сме го изгубиле. Гледаноста може да се должи на носталгијата за традиционалниот живот.
Интересно е што повеќето турски серии ги изненадија очекувањата на гледачите, па завршија, или ќе завршат трагично. Баш тоа што нема “хепиенд”  можеби е добра стратегија, пишува Татјана Лош за Novosti.rs


Тоа што има повеќе трагедии, а помалку наместени оптимистички решенија , дава сериозност на целата приказна. Бидејќи животот навистина завршува така. Тој факт ги мами гледачите и им создава поголем степен на емпатија со ликовите.


Дали тој севдах ќе потрае, или ќе биде брзо изгустиран, ќе видиме.


-    Во турските серии нема драстично насилство, шокантно разголување и секс. Во нив се прикажува модерната, европеизирана турска елита, која ги прекинала врските со традицијата. Во позадина се слуша музика на Шопен, додека јунаците, растргнати од грижи, во елегантен ентериер пијат виски. Во Турција постои сето тоа, но сето тоа сепак не е Турција каква што ја знаеме.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
8
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?