|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е важно да консумирате природни сокови?

Редакција Рингераја, 15.8.2018
Дали често практикувате да консумирате природни сокови? Некои луѓе ги обожаваат, додека пак некои ги пијат многу ретко. Тоа што треба да го знаете е дека природните сокови имаат големи придобивки за вашиот организам

image
/11


Здравствени придобивки

Природните сокови се многу важни за вашето здравје, вклучувајќи го тоа дека ги намалуваат калориите, спроведуваат подобри навики кога станува збор за исхраната, го полнат вашето тело со микронутриенти, а како најважно од сè вкусни се! Овошјето и зеленчукот кои ги употребувате за природните сокови, се всушност тие кои содржат голем број на витамини, минерали и растителни хемикалии.


Намалување на тежината

Бидете искрени, одвреме-навреме сигурно сакате да намалите барем килограм или два. Најчесто од оваа причина дамите се одлучуваат наместо храна да консумираат повеќе чаши природен сок во текот на денот. Доколку и вие практикувате да го правите тоа, тогаш треба да знаете кои се најдобрите природни сокови за намалување на килограмите!

Морковите се одлични за намалување на килограмите. Тие имаат многу мало количество на калории, а богати се со влакна, со што праваат подолго време да се чувствувате најадени. Грејпфрутот е исто така одличен избор, бидејќи прави да се чувствувате сити. Еве една одлична комбинација!

  • 1 грејпфрут

  • 1 голем морков

  • 1 лажичка лимонов сок

  • 1/2 лажичка ѓумбир

Сите состојки можете да ги ставите во блендер и ќе добиете вкусно смути!


Детоксикација

Кога пиете сокови со цел да направите детоксикација, тогаш дефинитивно ќе ги отстаните сите штетни материи од вашиот организам, а исто така можете да намалите и неколку килограми, зависно од тоа колку долго ги консумирате. Сокот од лубеница и нане е одличен за детоксикација. Не само што е вкусен, туку е лесен и брз за правење. Подобро е да одберете лубеница која има повеќе семки, бидејќи тие се полни со минерали и имаат големо количество на цинк и селен. Со пиењето на овој сок ќе ги отстраните сите штетни материи од црниот дроб и бубрезите. Нането е моќен антиоксидант и прочистувач на крвта.

Потребни ви се:

  • 2 шолји сечкана лубеница

  • сок од 1 мала лимета

  • 1 лажица сечкано нане

  • 1 лажичка рендат ѓумбир

Блендирајте ги сите состојки и уживајте!


Придобивки за кожата

Ако имате проблеми со акните или едноставно сакате да имате здрав и сјајен изглед на кожата на лицето, тогаш треба да почнете да консумирате почесто сокови со одредени овошја и зеленчук, кои ќе го подобрат вашиот изглед. Цвеклото и морковот можат многу да го подобрат вашиот изглед. Морковите се богати со витамин А, кој е моќен антиоксидант кој помага во успорување на процесот на стареење на кожата. Витаминот А исто така произведува колаген, кој спречува намалување на еластичноста и појава на брчките. Цвеклото пак е полно со хранливи материи кои кожата ја прават сјајна. Полно е со железо, калиум, бакар и витамин Ц, кои придонесуваат во прочистувањето на крвта и црниот дроб. Многу луѓе не сфаќаат дека кога сакаат да го подобрат изгледот на кожата, тогаш прочистувањето на крвта е најважно!

Почесто консумирајте сок со овие состојки и ќе забележите позитивни промени кај вашата кожа!

  • 1/2 мала црвена зелка

  • 1 средно цвекло

  • 1 морков

  • 1 средна крастацива

  • 1 портокал

  • 1/2 лимета

  • малку ѓумбир (по желба)

Со блендер измешајте сè освен портокалот и лиметата. Откако од сите состојки ќе добиете сок, тогаш исцедете ги портокалот и лиметата и додадете ги.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто се` завршува во бебешката уста?
Дали Вашето бебе има ставено се во уста – обувки, џемпери, играчки и се што ќе му падне в рака? Опуштете се и сфатете – ...
4
5 работи што мајките ги забораваат по поро...
По раѓањето, многу мајки забораваат на себе, на своите потреби, нивното здравје. Целото нивно внимание се посветува на ...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4
Исчистете го телото по празниците
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Ка...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?