|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е важно читањето сликовници?

Редакција Рингераја, 6.11.2013
Зошто е важна сликовницата за правилен развој на детето?

image
/11


 

 

Сликовницата е најчесто првата книга со која детето се сретнува и може да биде:

 

-          Без текст, или да содржи слики и текст.

-          Направена од картон, од различни видови на пластика, ткаенина, сунѓер.

-          Различни правилни и неправилни облици - четвртасти, овални, со облик на животни, тродимензионални облици, прикладни за манипулација со раце, на пример на развлекување – хармоника, или со делови во сликовницата кои можат да се отвораат, затвораат, преклопуваат, извлекуваат, допираат.

 

Сликовницата е книга наменета за детето

Сликовницата го учи детето за светот, му помага да ги совлада потешкотиите со кои се среќава


-          Му ги дава на детето основните сознанија за светот кој го опкружува, му овозможува да развива мислење – анализа, синттеза, споредба, воопштување, му помага да ги развие причинско последичните врски меѓу работите и појавите и да дојде до потребните информации.

-          Го развива кај детето литературно – уметничкиот вкус, го збогатува неговиот речник, делува на неговите чувства, влијае на неговиот став и интересирање за книгите и му помага во развивање на љубов кон книгите и читањето.

-          Му помага на детето во решавање на проблематични ситуации. Нејзината содржина може да се поврзи со детските чувства, здравје, хигиенски навики, особини на неговата личност, однеси во семејството и општеството

 

Сликовницата е сигурна за детето

-          Ако одговара на сигурносните мерки за изработка (при изработката не се користени отровни и непостојани бои, нема остри рабови или агли)

 

Сликовницата е квалитетна

-          Ако одговара на педагошките и естетските критериуми на кои влијае текстот, илустраците, опремата и нивната складност.

-          Илустрациите треба да бидат складни во бојата и естетски вредни, реални кога ги објаснуваат поимите, а имагинативни кога збогатуваат некакво доживување

-          Текстот во сликовниците мора да биде јасен, добро осмислен, интересен, граматички и правописно точен.

-          Буквите мора да бидат големи и лесно читливи.

-          Доколку зад нејзиното настанување стојат имиња  на автор, илустратор и други стручни соработници кои учествувале во нејзината изработка, а не само издавач. Доколку е анонимна треба да се сомневате во нејзиниот квалитет.

-          Ако е во согласност со развојот: способностите, знаењата, интересите и потребите на детето на кои оваа сликовница му се дава во раце или му се чита.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
6
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Наставата ќе започне со комбиниран модел
Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто в...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?