|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е важен појадокот за децата?

www.doktori.mk, 27.8.2013
Последното истражување направено во Универзитетот во Пенсилванија САД, покажува дека децата кои имаат редовен појадок имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои не внимаваат многу на појадокот

image
/11


 

 

За важноста на појадокот многу често се зборувало, уште од мали нозе вашите баби и дедовци ви кажувале дека треба да појадувате како крал, а да вечерате како просјак. Оваа поговорка и ден денес важи, појадокот му дава енергија и го активира организмот, така да можете да функционирате одлично во текот на целиот ден. Додека пак, вечерата треба да биде лесна и мала, за да не му смета на желудникот и да ви овозможи убав сон.

Сепак, овој пат сакаме да укажеме на важноста на појадокот од друга страна, односно важноста на доручекот кај децата. Според истражувањето што било направено во Универзитетот во Пенсилванија децата кои редовно го практикуваат појадокот имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои често го прескокнуваат. Научниците направиле испитување на 1 000 деца на шест годишна возраст во Кина. Тие внимателно набљудувале две контролни групи, едната редовно го практикувала појадокот додека другата често го прескокнувала, а тие ги набљудувале сите физички и психички промени на двете групи на деца. 

Според научниците кои го воделе истражувањето, појадокот е особено важен во детската возраст кога детето расте се развива и се оформува. Но, освен тоа редовното практикување на појадокот на децата создава една важна здрава навика кај нив. Доколку од деца се навикнат редовно да појадуваат целиот живот ќе ја практикуваат таа навика и ќе превенираат многу болести во текот на животот - велат научниците.

Појадокот е гориво за мозокот,  не само за децата и за повозрасните. Појадокот може да превенира појава на многу болести и кај децата и кај возрасните, затоа никогаш немојте да го пропуштате појадокот, бидејќи една стара поговорка вели кој го пропушта појадокот го пропушта и здравјето.

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Кој доби Лино плишано мече?
Рингераја.мк ги објавува првите 10 среќни добитници на Лино плишани мечиња од наградната игра на Подравка.
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?