|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е тешко да се спие во бременост?

Редакција Рингераја, 28.2.2026
Многу трудници очекуваат дека ќе бидат постојано уморни и навистина се. Но и покрај заморот, сонот често станува плиток, прекинат и неквалитетен. Несоницата во бременоста е многу честа појава и може да се појави уште во првиот триместар.

image
Фото:Canva/Хормоналните, физичките и емоционалните промени значително влијаат врз квалитетот на сонот во текот на бременоста.
/11


Зошто се случува тоа?

 

1. Хормонални промени

Во бременоста драстично се зголемува нивото на прогестерон.

Овој хормон предизвикува поспаност преку ден, го нарушува длабокиот ноќен сон и тоа доведува до почести будења.

Телото поминува низ интензивни биолошки промени, а тоа директно влијае на циклусот на спиење.

 

2. Растечки стомак и непријатност

Како што напредува бременоста тешко е да се најде удобна положба, се појавуваат болки во грбот, а притисокот во карлицата се зголемува

Спиењето на грб не се препорачува во подоцнежните месеци, па најчесто се советува спиење на левата страна.

 

3. Често мокрење

Зголемената матка врши притисок врз мочниот меур.  Ова доведува до чести ноќни станувања, особено во првиот и третиот триместар.

 

4. Горчини и варење

Хормоните го опуштаат сфинктерот на желудникот, што доведува до појава на киселини, печење во градите и чувство на непријатност при лежење. Ова е особено изразено навечер.

 

5. Анксиозност и ерупција од мисли

Многу трудници размислуваат за породувањето, здравјето на бебето, својата нова улога како мајка. Овие мисли можат да го отежнат заспивањето, дури и кога телото е уморно.

 

6. Грчеви и немирни нозе

Во вториот и третиот триместар состојби кои се јавуваат како грчеви во листовите, чувство на „немирни нозе“ и потреба за постојано движење, значително го прекинуваат сонот.

 

Како да си помогнете?

-        Имајте лесна вечера и избегнувајте консумирање на тешка храна пред спиење.

-        Користете перници за поддршка на стомакот и колената.

-        Воведете релаксирачка рутина преку топол туш, тивка музика, читање.

-        Ограничете го внесот на течности непосредно пред спиење.

-        Имајте лесна физичка активност преку ден.

 

Дали е ова нормално?

Нарушениот сон во бременоста е чест и најчесто не е знак за проблем.

Сепак, ако имате: јака несоница, интензивна анксиозност, гласно ’рчење и прекини во дишењето, силни болки или постојан немир, добро е да се консултирате со лекар.

 

Иронично, бременоста често ве подготвува за ноќните будења уште пред да се роди бебето. Иако сонот може да биде нарушен, овие промени се дел од природниот процес на адаптација.

Со трпение и мали прилагодувања, ноќите можат да станат помирни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бремените жени и пушењето
Пушењето само по себе како навика или забава е штетно, а за време на бременост е една од најштетните навики што може сер...
6
Јогата - метод за владеење со стресот
Владеењето со стресот претставува динамичен процес што се состои од вложување лични напори насочени кон нас самите или о...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Вештачка интелигенција и бременост
Во време кога технологијата сe повеќе го обликува нашето секојдневие, вештачката интелигенција (ВИ) полека станува дел и...
4




Анкета

/
Jana9

Dali ste perfekcionista?

Da (0%)

Ne (50%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!