|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е доволно да се биде само мајка?

Rachel Martin, 5.1.2015
Зборувам за станување наутро, миење на лицето со вода, гледање во огледало, евентуално миење на заби, земање на детето во раце, бакнувањето во глава, одењето во кујна, чудењето што да му зготвите за појадок, додека го чекате кафето да зоврие

image
/11


 

Тука нема многу гламур.

Тука сте само вие. Вие, давајќи се' од себе. Минута по минута, додека се креира час, час по час, додека се креира ден, ден по ден, додека се креира месец, месец по месец, додека се креира година, година по година, која го креира животот. Убавиот живот исполнет со обични мајчински моменти.

Некако, во овој свет измешан од работи кои треба да се направат, места кои треба да се посетат и соништа кои треба да се остварат, убавината на едноставното битисување како мајка е комплетно изгубена.

Доволно е само да се биде мајка.

Доволно е, ви велам.

Понекогаш сакаме да погледнеме во овие големи работи и да ги искористиме како мерило на успехот.  Гледаме во сините траки кои нашите деца ги добиваат за некој проект. Но искрено, ги испуштаме часовите на интеракција со децата, држејќи лепило и ножички во раце, часовите на искрена смеа со децата. Сакаме да отидеме во познатиот Луна Парк, во замена за трчањето во двор. Успешноста, среќата и радоста се дигнати на високо културно ниво, додека малите работи, едноставните мајчински моменти, се изгубени.

Дали знаете што е важно?

Ова.

 

1

 

Еден ден моето 15 годишно дете дојде и ми рече дека му недостасувам. Му недостасувам? Не можев да верувам. Бев запрепастена, искрено. И' кажав дека ќе одиме на кино, дека ќе одиме во шопинг заедно и многу други забавни активности. Ме погледна и рече дека не мислела на тоа. Ми рече дека само сака да бидам тука цел ден.

Мали работи.

Како запирање на мојата луда агенда, за да ги погледнам графичките дизајни кои ги направила на компјутерот,  да погледнам во нејзиниот талент и да ги вреднувам нејзините дела. Да одвојам 30 минути за да поиграме табланет, без константно да го проверувам својот e-mail. E-mail – от може да почека триесет минути. Тие не можат. Не треба толку да се грижиме за облеката да биде испрана и испеглана навреме. Само бидете тука. Гответе заедно. Смејте се. Правете едноставни нешта.

Мајчински нешта.

 

2

 

Нешта кои не треба да бидат прославени преку Pinterest.  Мајчински нешта кои само децата ги прославуваат. Нешта кои другите луѓе нема ниту да ги забележат.

Тие не ве гледаат како секое утро стоите во бањата и собирате сила за да го започнете денот. Тие не ги гледаат мајките кои се снаоѓаат во животот сами, без многу поддршка. Тие не ве гледаат колку пати одите и се враќате, одите и се враќате до колата. Тие не гледаат дека неколку пати броите до десет, наоружувајќи се со трпение. Тие не гледаат како наутро гледате во паричникот и се чудите како да направите три оброци со парите кои ги имате. Не гледаат како одите до канцеларијата на директорот, на докторот, во куќата на пријателката, носејќи ги децата со вас.

Тие не ги гледаат раскрвавените колена на вашите деца. Бакнежите и прегратките пред спиење. Не гледаат како навечер ги диплите и пеглате алиштата кои се исушиле преку денот. Солзите во вашите очи, трудејќи се да издржите. Вечерите поминати над шпоретот. Смеата на лудите работи кои ги прават вашите деца.  Молитвите за тинејџерите кои скитаат ноќе. Молитвите за малите бебиња. Ноќите поминати на столица, држејќи го болното дете. Деновите кога куќата е превртена, а вие читате книга. Храбрата насмевка на вашето лице кога сте уморни.

 

Тие работи се важни.

Тоа се мали нешта, кои ве искачуваат повисоко и повисоко и повисоко.

Не труди се, драга мајко, да се држиш до својата супер-агенда.

Не постојат супер-мајки, навистина. Тоа е заблуда. Постојат само реални мајки. Реални мајки кои признаваат дека немаат се, дека не можат да постигнат се, но и понатаму се борат. Исплашени и изморени мајки кои не се откажуваат. Мајки како тебе, мајки како мене, кои понекогаш се чувствуваат изгубено во светот полн со достигнувања.

Мајката не треба да се води од привидното надворешно совршенство. Мајката е личност, жена, иста како тебе. Жена со деца во прегратката, кои ги сака и понекогаш се прашува како може толку да ги сака, бидејќи ја полудуваат. Но таа се бори, дава се од себе, се моли, работи и не се предава ниту кога паѓа, ниту кога сака едноставно да се завитка во топлото ќебе.

 

Тоа сте вие. Денес. Утре. Вчера.

 

Ви велам дека тоа е доволно.

 

Повеќе од доволно.

 

Вие сте неверојатна!

 

 

~ Rachel

Finding joy

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
6
Избираме најубава творба: Јана Најдоска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Јана Најдоск...
4
Здрава исхрана за најмладите во текот на з...
Квалитетната исхрана на децата во текот на целата година е од витално значење за правилен раст и развој на нивниот орган...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?