|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто доматите од супермаркет немаат вкус?

Редакција Рингераја, 12.6.2013
Веројатно мислите дека пестицидите и гнојот го осакатија вкусот на доматите, а исто така мислите дека тоа што се набрани незрели и испратени на далечен пат, влијаело на нивниот вкус. Но, причината не е таа
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Дали некогаш сте загризале домат директно набран од растението? Да, оној домат кој сами го набравте и кој е топол од сонцето. Се сеќавате ли колку беше вкусен? Споредете го со вкусот на доматите од супермаркет. Разликата е драстична! Зошто?

Веројатно мислите дека пестицидите и гнојот го осакатија вкусот на доматите, а исто така мислите дека тоа што се набрани незрели и испратени на далечен пат, влијаело на нивниот вкус. Но, причината не е таа.

Сосем случајно две различни групи на растителни генетичари открија дека потрагата по совршена нијанса на црвено е причина за недостатокот на вкус.

Постарите од 40 години сигурно се сеќаваат на жолтата или зеленкаста боја на доматот близу стебленцето, која беше без вкус и по малку тврда за јадење. Тоа се нарекува зелено рамо. Земјоделнице досега не знаеја дека зеленото рамо е заслужно за блажината и комплексноста на вкусот на доматите. Откако е открена сортата рамномерно црвени домати, земјоделците и комерцијалистите набрзина  засадија домат без зелено рамо, само од причина што изгледа поубаво. Но, на тој “совршен” домат му недостасува клучниот елемент кој ја колектира сончевата енергија и ја складира во доматот, а тоа е зеленото рамо.

Доматите потекнуваат од Јужна Америка и денес се одгледуваат секаде во светот. Земјоделците ги берат плодовите пред тие да созреат за да бидат сигурни дека ќе стигнат здрави и тукушто созреани на полиците на супермаркетите, блеснати со изедначена црвена боја.

 

Тоа е она што, за жал, ги привлекува потрошувачите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Млеко или јогурт? Што е поздраво?
Дали за детето е поздраво да пие млеко или јогурт? Што е подобро за појадок, а што за вечера? Што содржи млекото, а што ...
3
Лазењето го стимулира развојот и интелеген...
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
3
Внимателно со изборот на играчки за нашите...
Играчките се многу важни и корисни за развојот на бебето. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги прават...
3




Анкета

Blagoja
gib713

Dali vi se dopagja imeto Blagoja za moeto bebe

Da (29%)

Ne (71%)


Број на сите гласови: 174

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!