|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто децата се плашат од стоматолог?

www.doktori.mk, 29.7.2013
Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнувањето на првото запче, почнува грижата за забите кај детето

image
/11


 

 

Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнувањето на првото запче, почнува грижата за забите кај детето. Со помош на родителите, детето треба да научи да се грижи, како за севкупното здравје, така и за своето орално здравје. Еве неколку совети како треба правилно да постапите со Вашето дете за да го победи стравот од стоматолог.

 

1

 

Не зборувајте за Вашиот страв од стоматолог пред детето!

 

2

 

Најголемите „виновници” за стравот од стоматолог што се јавува кај децата се родителите. Своите непријатни искуства од стоматолошката ординација ги искажуваат пред своите деца (некои тоа го прават намерно за да ги заплашат дека ќе ги однесат на стоматолог доколку не се послушни). Децата чувствуваат страв дека тоа што им се случило на родителите ќе им се случи и нив.

СоветРодители, кога со Вашите пријатели разговарате за лошите искуства од стоматолошката ординација, внимавајте во близина да не се наоѓаат децата. Нивните љубопитни ушиња секогаш го слушаат тоа што не треба и за жал ќе го запаметат истото. Плашејќи се дека и нив ги очекува истото, ќе одбиваат да одат на стоматолог. Затоа бидете посамоуверени и похрабри во искажувањата кога ги убедувате дека треба да ја посетите стоматолошката ординација.

 

Стоматологот – најдобар другар!

3

 

Доколку не сака, не го принудувајте своето дете да го носите кај стоматологот кој што го посетувате Вие.

Совет: Дозволете изборот на стоматолог да го направи детето (не заборавајте дека најпрво мора да му се допадне изгледот на стоматологот). Најважно од се е детето да стекне доверба во стоматологот и да го смета за свој најдобар другар.

 

Прва посета

4

 

Родителите не одлучуваат за првата посета. Доколку го присилувате детето за да го однесете на стоматолог, можно е да имате спротивен ефект. Наместо да прифати, тоа може уште повеќе да одбива да оди на стоматолог.

Совет: Дозволете детето само да одлучи кога е спремно за првата посета на стоматолог. Сметајте дека тоа за него ќе биде ново искуство. Нека биде тоа посета во која детето ќе се запознае со стоматологот, ќе може да го распраша, а ќе има можност да ја разгледа и стоматолошката ординација. Доколку сака детето, во оваа посета стоматологот може да ги премачка забите со препарат со флуор (ова е постапка која нема да предизвика никаква болка, а со цел детето да увиди дека посетата на стоматолог не предизвикува болка во устата). Пред својата прва официјална посета на стоматолог, детето може да дојде како придружба на постар брат/сестра кои го победиле стравот од стоматолог.

 

Контролен преглед на секои 6 месеци

5

 

Потребно е да се прави контролен преглед кај стоматолог на секои 6 месеци. Со тоа стоматологот ќе ја забележи секоја можна промена на забите и непцата. Потенцирајте некој значаен роденден или празник по кој ќе се ориентирате за полесно да запаметите кога сте на контролен преглед.

 

Заклучок

6

 

Доколку научите дека превентивата (правилната хигиена и навремената стоматолошка интервенција) е повеќе од половина здравје, бидете сигурни дека Вашето дете ќе ги победи сите непријатности од посетата на стоматолог.

 

 

Автор

Д-р Кристина И. Стојаноска-Алоска

Доктор по стоматологија

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Палачинки со различен облик
Подгответе интересен појадок за своето дете (англиско видео)
4
Долче&Габана нова детска колекција
Нешто неодоливо слатко ни доаѓа од Долче и Габана оваа сезона. Нивната детска колекција ќе ве освои
4
Видео: Доказ дека Дедо Мраз навистина постои
Дедо Мраз ги исполни сите желби на патниците од една авиокомпанија. Видео кое ќе ви ги насолзи очите!
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?