Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Од првите знаци на породување па се' до моментот кога ќе се роди Вашето бебе, можат да поминат 24 часа и повеќе. Тоа е затоа што породувањето почнува постепено дозволувајќи му на Вашето бебе да се навикне на она што се случува. Ако сте второротка ќе Ви се чини дека процесот на породување се одвива побрзо. Процесот и кај второротките е постепен, но обично Вашето бебе ќе се роди побрзо и полесно.
Знаци на породување:
• Слузен чеп – Слузниот чеп се наоѓа во грлото на материцата. Откако вратот на материцата ќе почне да се отвора, ќе забележите слузав исцедок. Исцедокот може да биде проѕирен, со блага кафена боја или розов. Можеби ќе забележите и траги од крв. Тоа е нормално. Ако крварењето е поголемо и Вашето бебе не се движи, обратете се кај Вашиот гинеколог за да се уверите дали се е во ред. Во друг случај (слузав исцедок со траги од крв) само почекајте да видите што ќе се случи. Овој чеп може да се појави и неколку недели пред да започне породувањето, така што ова може, а и не мора да биде знак за породување.
• Прскање на водењакот – Водењакот е мембрана во која се наоѓа плодова вода која го опкружува Вашето бебе. Тој може да прсне пред да започнат контракциите, или во тек на контракциите. Кога водењакот ќе прсне, ќе бидете свесни за водата која истекува од Вас во потполност, или во помали количини во неколку наврати. Некои жени буквално ќе ја почувствуваат сензацијата наречена прскање на водењакот. Кај многу жени контракциите започнуваат по прскањето на водењакот, по 37. недела, но до контракциите може да дојде по 1 или 2 дена. Контактирајте до гинекологот за да добиете инструкции. Ако спонтано, по прскањето на водењакот не добиете инструкции, можеби ќе бидете приклучени на индукција, бидејќи прснувањето на водењакот носи ризик од инфекции за Вашето бебе кои со текот на времето можат да се зголемат.
• Контракции – подразбираат движење на мускулите на материцата кои се стегаат со цел да го повлечат нагоре вратот на материцата, а бебето надолу. Прво ќе почувствувате неугодност или период на болка кој доаѓа и поминува. Како поминува времето ќе станете се' посвесни за контракциите. Обично се чувствуваат во нискиот предел на стомакот, или во долниот дел на грбот. Тие ќе станат долги, јаки и се поинтензивни. Кога контракциите ќе почнат да траат подолго од 45 секунди до една минута, ќе заклучите дека веројатно нема сами да исчезнат. Се' до тоа време тие можат да престанат на неколку часа или денови и да се вратат повторно. Немојте да се грижите ако се случи ова. Контракциите ќе започнат таму каде застанале. Кога вратот на материцата ќе почне еднаш да се отвора, нема да се затвори се додека не се породите.
Фази на породување:
• I фаза – од почеток на породувањето до времето додека материцата не се раздвои, што значи да имате дилатација од 10 cm.
• II фаза – од времето кога грлото на матката ќе се отвори доволно, до времето кога бебето ќе се роди.
• III фаза – од времето на раѓање на бебето, до вадење на постелката.
Секое породување е поинакво. Никој не може да предвиди како ќе се одвиваат работите кај Вас, но постојат доста работи кои ќе Ви помогнат полесно да го пребродите тој ден.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?