Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Научивте дека кога вашето дете ќе каже “Не”, тоа значи “Не и престани и тоа веднаш и дај ми го тоа, бидејќи е мое и ќе направам како што сакам”.
Вашиот автомобил....Вашиот некогашен прекрасен автомобил...
Наоѓате козметика изгмечена помеѓу перниците на троседот, а во сенката и руменилото наоѓате парчиња крекери.
Почнувате да зборувате во трето лице без користење на заменки. “Ана сака кекс? Мама ќе и даде на Ана кекс. Ана седни додека мама ти даде кекс.”
Почнувате на ист начин да разговарате и со сопругот. “Тато сака да гледа филм? ОК, мама мора да ги измие садовите па ќе гледаат филм со тато.”
Во ташната имате до пола изедено чоколадо и кекс.
Невозможно е да најдете парче овошје на кое не му фали еден мал гриз.
Го знаете текстот на сите детски песни на Youtube.
Секогаш имате барем неколку трошки храна на себе.
Тишината претставува затишје пред бура и кај вас буди чувство на страв.
Секогаш имате чувство дека е некој посебен ден, кога ќе поминете некое време сами во бањата.
Кога ќе одитете сами по набавка на храна, имате чувство како да сте поминале викенд во спа центар.
Викате “Види куче”, секој пат кога ќе видите куче на улица. Дури и кога сте сами.
Научивте да дешифрирате странски јазици. Само вие без проблем разбирате што зборува детето, за разлика од сите останати членови на семејството, пријатели и непознати.
Траги од валканите мали рачиња ги прекриваат сите површини во домот во висина од еден метар.
Кога ќе отидете некаде на гости, автоматски барате потенцијално опасни места за децата. Независно дали е детето со вас или не.
Немате повеќе меморија на телефонот бидејќи е преполн со детски апликации и слики од вашето дете.
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?