|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Жените патолошки игнорираат неверство!

Редакција Рингераја, 5.7.2013
Драга моја, колку ти е убава новата кујна! Но да ти кажам, онака во доверба, маж ти те изневерува!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Замисли вакво нешто да ти каже пријателката во лице додека пиете кафе, кое пред  малку и го свари на новиот шпорет!  Истиот тој  кој маж ти ти го купи за годишнината од бракот за малку да те развесели. Или уште полошо, да ти гледа на кафе и ова да го види во филџанот. Тоа навистина не би било фер.

 

И кај најде баш сега пред да одиме на летување? Да, точно е дека вистинскиот однос почива на отвореност  и доверба, но што ако тој не мисли исто како јас? Ако посака нешто друго? Колку би можела неговата искреност да ме повреди? Дали би можела да го поднесам тоа? Каде би ме одвело тоа признание? Што ако изгубам се' што имам? Која сум јас без него?

И да не одиме на летување на Ибица? Туку да бидам принудена да седам кај старата тетка? А така би сакала да ја видам Шпанија. Веќе со мислите сум таму. Добро, сега ќе премолчам, но кога ќе си дојдеме, се ќе му плеснам во лице! Па не може тој со мене така! Како да не гледам дека се променил, дека одеднаш е весел кога ќе си дојде дома и дека ми дозволува се – да трошам колку сакам, да не брзам од работа дома, да ги купам чевлите кои минатиот месец му беа прескапи...

Види мајката!  Како да не знам од каде доаѓа сето тоа. Но баш ми е гајле, сепак сум му јас жена! Има деца со мене!  Пак на крајот на денот мене ќе ми се врати. И мене ме носи на новогодишна забава во фирмата. Јас се возам во неговата кола на предното седиште.


- Па како ти сама да не го знаеше тоа. Како да не знаеше дека односите меѓу вас се заладени, дека можеш со нож да ја сечеш тишината; се сеќаваш кога нервозно шеташе низ дома кога тој доцнеше од работа; кога маицата од тенис не беше натопена во пот; кога рибата во Вардар не гризеше; кога клиентите се запнале секоја вечер да ги носи на службена вечера; кога зачестија службените отсуства; кога не се противеше да одиш кај мајка ти за викенд; кога сите замолчуваа кога ќе влезеш во собата; кога престана да те гледа во очи; кога допирите станаа реткост; и секоја вечер го болеше главата...

 

Кој смее да се меша во нашиот однос?! Па  да го видам на улица како се бакнува и допира со некоја жена, не можам потполно да бидам сигурна во тоа што сум го видела. Дури  да слушнам како и вели дека ја сака, не можам да се заколнам дека тоа не е извлечено од контекст.


Сите ние гледаме и слушаме само она што сакаме и она што ни одговара во моментот. Се' друго одбиваме да прифатиме. Побрзо ќе бидеме слепи и глуви отколку да дозволиме нешто да го наруши воспоставениот ритам, кој ни овозможува сигурно да пловиме низ животот.

А бурата што надоаѓа?

 

На кого му е гајле? Она што не го гледам и не го слушам, значи не се случува. Битно е да се фокусирам на моментот. И вака и така уживањето трае само момент. Па пушти ме, не ми го расипувај!


Не е потребно да се биде виртуоз во толкување на знаците на невербална комуникација, на кои потполно несвесно сите им се оддаваме. Потребно е само да научиме да слушаме и гледаме. Кога ќе вкусиме нешто горчливо, плукаме. Сфаќаме дека веројатно е отровно и дека може да биде смртоносно ако го голтнеме до крај.  Реакцијата на плукање е инстиктивна, бидејќи нашиот организам активира одбранбен механизам кога сме загрозени.

Неверството се смета за краен вид на предавство меѓу двајца партнери. Знаејќи ја природата на човечкото суштество се прашувам како воопшто е можно жената да проголта чаша жолч, со која е загорчен нејзиниот сладок брачен живот и потполно противприродно да реагира, кога е нарушен нејзиниот свет.

 

Ако ги занемариме децата, како прв бедем за одбрана на бракот и најбедниот изговор за останување во истиот, економската криза (каде, што, со кого, како), залажувањето (не можам сама, никогаш нема да најдам друг, потребна сум му, ќе му помине, сите се исти), останува дека општествениот статус на мажена жена е она што се држи грчевито по секоја цена и не се напушта.


Чувството на припадност на маж е она што и дава на жената сигурност и склониште. Со улогата на мажена жена добива идентитет кој никогаш пред бракот го немала. Тоа е нејзина најстабилна потпора од која за ништо на светот не сака да се одрекне. Со улогата на сопруга и мајка, жената си обезбедува статус во општеството.

Сосема е во ред да се остварите во животот низ партнерскиот однос, но да бидете нечија сопруга или мајка не би требало да биде Вашиот најсилен идентитет. Човекот треба примарно да се оствари низ она што е, под своето полно име и презиме, а не она со што се занимава.

Баш од таа причина многумина ќе ги заболи кога оваа врска ќе се распадне.

Луѓето повеќе сакаат да се лицемерни и неискрени кон себе, отколку да бидат сами. Па зар не е најдобра взаемната самотија?

 

Автор: Жана Королија

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?