|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Жената која доеше во униформа-отпуштена!

Редакција Рингераја, 16.6.2012
Жената која организираше фото сесија на мајки кои дојат, за подигнување на свеста во месецот посветен на доењето, е отпуштена од работа од својата компанија.

image
/11


 

 

Кристал Скот, програмски директор во Fairchild Air Force Base и оснивач на групата за поддршка на мајките кои дојат Mom2Mom, планирала да ги истакне фотографиите на постери близу до базата, во август. На повеќето слики се жени кои во униформа ги дојат своите деца.

На две слики беа прикажани жени, од кои едната ги дои своите близнаци со отпетлана кошула, на која и се јасно видливи голите гради.

 

military

 

Кристал Скот која работела како техничар на X-зраци, била отпуштена од работа заради сликите кои предизвикале национални контроверзии и реакции.

Фотографијата која предизвика реакции беше таа на која дојат две мајки, во униформата на националната гарда. Иако многу луѓе застанаа на страната на мајките и беа за поддршка на правото на жената да дои секогаш кога е потребно, други мислеа дека сликата е понижувачка за војската.

Скот, која служела во армијата од 2000-2006 година, вклучувајќи ја и мисијата во Ирак и чиј сопруг е се уште во војската е изненадена и бесна. “Јас работам во технологијата со X – зраци и дојам во својата униформа цело време. Ако имате гладно бебе, ќе го оставите да почека за да се пресоблечете? ”

“Униформата е злоупотребена. Тоа е против прописите!”, изјави капетанот  Keith Kosik, портпарол на Националната гарда на Вашингтон. “Сакам да бидам јасен во врска со ова. Нашата одлука нема, ниту пак некогаш ќе има врска со доењето. Таа има врска со честа на униформата и давањето збор дека таа нема да биде злоупотребена. Ниту јас не смеам да носам униформа кога одам на политички митинг. Тука е нашата точка на несогласување.”

 

military1

 

Неформална дисциплинска постапка е покрената и против двете жени кои се на сликите, изјави капетан  Keith Kosik, портпарол на Националната гарда на Вашингтон.

 

 

Извор: Yahoo!Shine

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
7
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
6
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?