|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Жена во Италија бремена со туѓи близнаци!

Редакција Рингераја, 14.4.2014
Жена во Италија, која забременила со Ин витро, била известена од болницата каде било извршено оплодувањето, дека носи близнаци на друга двојка. Жената е во третиот месец од бременоста...
Клучни зборови:

image
/11


 

Грешката се случила на 4 декември, кога 4 различни двојки биле подложени на Ин витро оплодување во Sandro Pertini Hospital во Рим. Италијанскиот весник La Stampa известува дека не е јасно како се случила грешката на жената да и бидат имплантирани погрешни ембриони при постапката Ин витро.

Италијанското Министерство за здравство, на чело со министерката Beatrice Lorenzin известува дека во болницата ќе се врши испитување дали била почитувана постапката и процедурите на Ин витро.

“Националните стандарди при потпомогнато оплодување, кои се базирани на европските норми, се многу ригорозни и гарантираат следливост на биолошкиот материјал кој се користи во репродуктивниот процес”, изјавува министерката.

Локалните здравствени власти во Рим изјавуваат дека станале свесни за постоењето на некоја генетска инкомпатибилност меѓу бремената жена и плодовите на 27 март.

Истрагата ќе биде спроведена од генетичарот Giuseppe Novelli, кој ќе испитува и дали има дополнително мешање на ембриони и кај останатите жени оплодени тој ден.

Ова не е прв пат да бидат имплантирани ембриони на друга двојка во жена.

Во 2010 година во Америка на Carolyn Savage и било кажано дека е бремена со ембрион на друга двојка, кога била во вториот месец од бременоста. Од болницата и било кажано дека може да изврши абортус, или да биде сурогат мајка на бебето кое го носи.

Водејќи се од своите строги религиозни принципи, Carolyn Savage го родила бебето, поминала само еден час со него по раѓањето, а потоа им го предала на родителите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
Анорексична трудница тешка само 25 кгр.
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабе...
4
Положила испит по психологија во породилна...
Постојат толку многу елементи кои можат некого да направат прекрасен родител
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?