|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зелено и здраво

www.doktori.mk, 23.9.2013
Природата изобилува со најразлични плодови и зеленчуци, кои, освен тоа што се вкусни, претставуваат и богат извор на хранливи материи. Во понатамошниот текст, кој претставува прв дел од презентацијата за здравите зелени плодови
Клучни зборови:

image
/11


 

1. Зелка

1

 

Зелката е многу богата со витамин Ц, витамин Е, сулфур, јод и растителни влакна. Здравствените придобивки од зелката вклучуваат третман на опстипација, стомачни чирови, губење на апетитот, главоболка, кожни промени, зајакнување на имунолошкиот систем, стареење, артритис и невролошки нарушувања, како што е Алцхајмеровата болест. Зелката е и добар детоксификатор, односно ја прочистува крвта и ги отстранува токсините.

 

2. Марула

2

Свежите листови од марулата се одличен извор на витамин А (ретинол, бета-каротен) кој е од суштинско значење за видот. Таа е богата со витамин К, витамин Ц и витамин Б6. Исто така содржи добри количини на минерали, како железо, калиум, магнезиум и калциум. Редовно вклучување на марулата во исхраната има потенцијално значење во спречување на остеопороза, феродефицитна анемија, Алцхајмерова болест, кардиоваскуларни заболувања, рак и катаракта.

 

3. Блитва

3

Блитвата е еден од најздравите видови храна на планетата. Таа содржи омега-3 масни киселини, бета-каротен, витамин Ц, витамин К, лутеин, цинк и многу други моќни антиоксиданти. Исто така е одличен извор на магнезиум и калциум, важни за силни коски и заби, железо против анемија, биотин за здрав раст на косата. Блитвата особено е ефикасна во исхраната на дијабетичарите, а се смета дека штити од кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево и простатата.

 

4. Спанаќ

4

Спанаќот е зелен и корисен зеленчук со широка примена. Тој е добар извор на витамини, минерали и пигменти. Сите тие заедно го прават спанаќот многу корисен во борбата против хипертензија, хиперлипидемија, срцева слабост, атеросклероза, катаракта, остеопороза, гастричен улкус и рак на кожата.

Витаминот А и фолната киселина, кои ги има спанаќот, се препорачува да се консумираат во повеќе количини од страна на бремени жени - потребно за правилен и пропорционален развој на фетусот, како и за време на доењето.

 

5. Рукола

5

Руколата е богата со многу есенцијални витамини и минерали, како и важни фитохемикалии, како што се каротенот и хлорофилот. Таа е исто така многу добар извор на калиум, магнезиум, калциум, манган, железо, цинк и бакар.

Експертите велат дека еден од најзначајните придобивки по здравјето на руколата е подобрување на крвната слика.

 

6. Лозов лист

6

Индијанците со векови го употребувале лозовиот лист како лек при дијареа, стомачни болки, тешки менструални крварења, реума, главоболки и трески. Лозовиот лист содржи шеќер, каротен, винска киселина, јаболкова киселина, аскорбинска киселина, калиум, натриум, железо и силициум.

 

7. Зелен домат

7

Зелениот домат е здрав извор на каротен, витамин Ц во форма на аскорбинска киселина, витамини од Б комплексот, калциум, железо, бакар, магнезиум, манган, калиум, фосфор, цинк, селен, омега-3 и омега-6 масни киселини. Ефикасен е кај кардиоваскуларните заболувања, рак на дебелото црево и дијабетес тип 2.

 

8. Зелен карфиол

8

Зелениот карфиол е одлична храна која води до значително намалување на ризикот од рак на дојка, рак на овариуми, рак на простата, рак на дебело црево и рак на мочен меур.

Една канадска студија покажала дека консумирањето на половина шоља зелен карфиол дневно го намалува ризикот од рак на простата за 52%.

 

9. Зелени маслинки

9

Зелените маслинки се богати со олеинска киселина и претставуваат добар извор на витамин Е - антиоксидант кој помага во неутрализирањето на слободните радикали.

Исто така, зелените маслинки се богати со полифеноли и флавоноиди - фитонутритиенти кои имаат антивоспалителни својства.

Поради овие особини помагаат во заштитата од срцеви заболувања, рак на дебелото црево, астма и остеоартритис.

 

10. Магдонос

10

Магдоносот е полн со хранливи состојки кои имаат докажани здравствени придобивки. Содржи три пати повеќе витамин Ц од портокалите и два пати повеќе железо од спанаќот. Тој е одличен извор на витамин А, витамин К, магнезиум, калциум, калиум, флавоноиди и фолна киселина. Најчесто се користи во лекување на бубрежни заболувања и воспаленија на мочниот меур, камен, песок, за подобрување на функцијата на црниот дроб и слезината. Истражувањата покажуваат дека е ефикасен и во борбата против рак на дебелото црево и простата. Сокот од магдонос е одличен тоник за крвните садови, особено за капиларите.

 

11. Брокула

11

Брокулата има свето место во светот на здравиот зеленчук. Се покажа како ефикасен природен лек за многу видови на рак, вклучувајќи го ракот на дојка, рак на матката, ракот на бели дробови, дебелото црево, црниот дроб, бубрезите и ракот на цревата. Ова се должи на присуството на силни антиканцерогени (glucoraphanin, diindolylmethane, zeaxanthin), како и бета-каротен, Б-комплекс, витамин Ц, витамин Е, цинк, калиум, селен, омега-3 масни киселини, протеини, калциум, железо, магнезиум, фосфор, хром, калиум и манган.

 

12. Зелени тиквички

12

Зелените тиквички имаат голема хранлива вредност и се сметаат за добар извор на витамин А, витамин Ц, витамин К, магнезиум, калциум, калиум, железо, бакар, цинк, фолна киселина, фосфор, рибофлавин и значителна доза на витамини Б1 и Б6. Исто така, претставуваат еден од најдобрите природни извори на манган. Тиквичките се сметаат за една од најдобрите храни кои може да помогнат во намалување на килограмите, поголема енергија, здраво срце, намалување на висок крвен притисок, превенција од мозочен удар. Позитивно делуваат и во борбата против ракот на дебелото црево.

 

13. Краставица

13

Краставицата содржи висок процент на вода (96%), витамин А и витамин Ц (моќни антиоксиданти), фолна киселина, манган, молибден, калиум, силициум диоксид, сулфур и помала количина на Б-комплекс, натриум, калциум, фосфор и хлор. Таа е одличен снабдувач на многу здрав сок кој се користи во третман на ревматски заболувања, регулирање на крвен притисок, дигестивни заболувања, хронична опстипација, намалување на нивото на холестерол и претставува одличен лосион за кожата. Дијабетичарите може да имаат бенефит од пиење сок од краставица бидејќи истиот ја подобрува функцијата на панкреасот.

 

Симона Јованова

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Чај кој го зајакнува имунитетот
Не чекајте да ви се растече носот, да ве заболи грлото или да добиете температура, туку на време послушајте ги советите ...
4
Науката потврди: Вие сте друга личност по ...
Повеќето од нас би можеле да признаеме дека сме доживеале избезумени мисли во текот на бременоста со кои го доведувавме ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?