|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Како и во сите годишни времиња така и во зимскиот период, децата треба здраво да се хранат заради нивниот здрав раст и развој, но и заради заштита од разни вирус и бактерии кои го атакуваат детското тело.

image
/11


 

 

Секако сега децата повеќе престојуваат во затворени простории, па веројатноста од вирусни и бактериски инфекции е зголемена. Со помош на здравиот начин на исхрана кој треба да е застапен како дома така и во предучилишните установи и во училиштата, заштитата од овие инфекции е најголема, па ќе ја потврдиме Хипократовата мисла : Нека храната Ви биде лек, а лек нека Ви биде Вашата храна.

Погрешно е мислењето дека свежите плодови се дефицитарни во овој период од годината. Мудроста на природата е неограничена, па во овој период ни ги дарува високоенергетските- скробести плодови.. Доказ за тоа се присутните зеленчуци во вид на различни  корени (морков, цвекло, секаков вид на трупки), зимска зелка, брокула, карфиол, спанаќ, а од овошјата: јаболки, дуњи, круши, мушмули и  јужното овошје (портокали, лимони, банани)  Како што веќе кажав големото присуство на свежи овошни и зеленчукови плодови но и суви овошја ( смокви, урми, сливи, кајсии, суво грозје, брусници и сирови јаткасти плодови како ореви, бадеми, лешници, семки од тиква, семки од сончоглед се висококвалитетни, полни со енергија, витамини, минерали, ензими - борци за здравјето на децата. Во текот на денот треба да се конзумира 1 рака од овие јаткасти и суви овошни плодови. Со секојдневно користење на овие плодови обезбедуваме висококвалитетна и високоенергетска храна која само оди во полза на здравјето на децата.

Срамежливото сонце во есенските денови не ни овозможува доволно Д витамин кој е од суштинско значење за апсорпција на Ца кој е составен дел на запчињата, коските. Затоа конзумирање на 1 лажица рибино масло наутро ќе овозможи добра апсорпција на овој витамин кој исто така го има многу и во сировите јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) и сировите семки од тиква, сончоглед, лен, интегрален сусам, касија......

Добро е 2 - 3 пати во неделата да се приготвува риба, за ручек или вечера со што сме ги обезбедиле децата со Д витамин и Омега 3.

Често пати велам дека здравјето низ уста влегува, а за жал болестите многу побргу, кога  не се грижиме за тоа што се јаде, кога, како и колку? Имунитетот на децата во овој период е за жал на многу ниско ниво, заради  неконзумирање на  свежо овошје и зеленчук,  а премногу конзумирање  на процесуирани храни како зимници: ајвари, туршии ...

И во овој зимски период на децата  трба да им се нуди свежа храна (овошје и зеленчук, јатки) а пред се да пијат вода. Антиоксидантите –најголемите заштитници на нашето здравје (витамини, минерали, ензими) се наоѓаат во свежата храна.Денот  на децата треба да им почне со свежо овошје и вода или свежо цеден сок, а со ручекот (вечерата) задолжително да им биде присутна свежа салата.Десерт да бидат: костени, тиква, пченка ( печени или варени), пуканки.

Дневниот внес на храната секогаш треба да биде урамнотежен, без оглед на годишното време. Најзастапене храна ( околу 70%) требе да се јаглехидратите ( овошје, зеленчук, тестенини, леб, житарки, компир, костен, тиква.....) а помалку (15%) протеини: месо, млеко, млечни продукти, риба, јајца, соја, и 15 % маснотии ( најдобри се оние во сировите семки и јаткастите плодови. Е, тука треба да се размислиме дали овој нормален сооднос на јаглехидрати, протеини и маснотии е застапен во исхраната кај  децата. За жал исхраната кај децата се состои повеќе од протеини од животинско потекло. Родителите мислат дека протеинската храна ( месото, млекото и млечните продукти) се јака храна а таа истата тешко се метаболизира па носи голем број на здравствени проблеми кај децата. Витамините, минералите, ензимите ги добиваме доволно ако е повеќе застапена свежата и здрава непроцесуирана храна.

      Совети кои од срце Ви ги препорачувам:

-   Дајте им на децата да пијат вода, во водата има живот, 2/3 од животот на Земјата е под вода, во водата гранката пушта корени, во водата семето 'рти. Дали ова се случува во некоја друга течност?

-   Дајте им на децата да јадат  овошје- изворот на енергија. Овошјето не е десерт туку основа на нашата исхрана.

-   Дајте им на децата да јадат зеленчук. Не дозволувајте детето да го помине денот без свеж зеленчук, најголемиот извор на минералите.

 

Природната храна е единствен чувар на здравјето на децата. Дружењето со водата, овошјето, зеленчукот нема да дозволат да се дружите со амбулантите, аптеките, болниците.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебе кое има три мајки!
Овие четворица луѓе кои со толкава љубов гледаат во ова мало бебенце, помогнаа таа да дојде на свет. Прочитајте како...
5
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Водич за спиење на бебиња | Што да очекувате?
Спиењето на бебето може да биде предизвик за новите родители. Додадете ја исцрпеноста од раѓањето и грижата за постарите...
4
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?