|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заштита на децата од педофили и киднапери

Редакција Рингераја, 29.1.2021
Љубовта кон децата подразбира и постојана грижа, како и должност да ги заштитиме од различни опасности кои се во нивното опкружување. Еве неколку совети како да ги заштитите децата од педофили и киднапери...

image
/11


Реалност на денешницата се и потенцијалноте опасности кои го опкружуваат Вашето дете било на патот кон училиштето, во дворот или во паркот. Клинт Ван Зант, бивш агент на ФБИ предлага 10 стратегии со кои може да избегнете опасност, но и начини на однесување ако дојде до несакани ситуации.

10 совети за деца

  1. Не влегувај во нечиј автомобил доколку твојот родител не ти го рече тоа. Исто така не им приоѓај на лица кои те следат со автомобил или пешки.
  2. Не им верувајте на возрасните лица кои од Вас бараат помош, на пример заедно да го најдете изгубеното куче, или некоја улица
  3. Бегај од личноста која те приморува да одиш со неа. Слободно викни “Ова не е мојот татко/мајка.”
  4. Избегнувај да одиш некаде сам. Доколку сакаш  да излезеш од дворот надвор, задолжително барај  дозвола  од родителот.
  5. Никогаш немој да стопираш! Доколку родителите не ти дозволат  немој да се возиш со други луѓе.
  6. Возрасните не треба да ти ги кажуваат своите тајни. Доколку тоа се случи, кажу му на родителот или наставникот. Исто така не дозволувај никому да те фотографира.
  7. Не би требало никој да ти го допира телото на местата кои ги покриваш со купачи, но ниту ти не смееш да допираш некого. Твоето тело е нешто посебно и интимно.
  8. Имаш право да им кажеш НЕ на возрасните, па дури и на роднините и пријателите, доколку те натераат да направиш нешто против своја волја.
  9. Договори се со родителите на кој начин ќе ти соопштат дали некоја личност е опасна.
  10. Вежбај викање кое е гласно и трае долго. Така на личноста која се обидува да те повреди ќе и кажеш: ”Знам што се обидуваш да направиш. Не сум лесна жртва!”, а луѓето кои се во близина ќе ги предупредиш дека си во опасност. Кога викаш дишеш  длабоко вдишуваш кислород кој ти дава дополнителна енергија, храброст и сила да побегнеш.

 

10 совети за родители

  1. Клучот на успех е во комуникацијата. Важно е отворено да се разговара со децата за сите теми кои се однесуваат на безбедноста, па дури и на евентуално киднапирање.
  2. Знаењето е моќ. Разговарајте со децата за потенцијалните напаѓачи, научете ги дека тие изгледаат како сите нормални луѓе и дека на различни начини ќе се обидат да го измамат детето.
  3. Научете ги основните начини со кои киднаперите ги мамат децата: го бараат изгубеното милениче прашуваат за улица нудат колачи или пари, за децата да влезат во нивниот автомобил, се закануваат дека ќе повредат некој член од семејството доколку децата не тргнат со нив...
  4. Немојте на ранецот или облеката на детето да го ставате неговото име. Напаѓачот може да ја искористи таа информација за да го придобие.
  5. Договорете се со детето што треба да прави доколку случајно се изгуби во трговскиот центар, супермаркетот или на некое друго јавно место. Советувајте го да побара помош од некоја мајка со дете, или од друга жена. Може да се обрати и на пултовите за информации, на каса или да побара полицаец.
  6. Вашето дете нека го знае своето име и презиме, улица и број  Вашиот број на телефон. Добро би било да ги знае броевите за итни случаи.
  7. Треба секогаш да знаете каде се Вашите деца да ги знаете адресите и броевите на нивните другари.
  8. Не заборавајте да ги обновувате податоците за детето. Фотографирајте го на секои 6-12 месеци.
  9. Бидете истрајни додека да го научите детето на сите опасности. Ако е потребно и одглумете некоја ситуација..
  10. Ако Вашето дете исчезне, обидете се да не паничите. Прво проверете ја куќата, а потоа проверете кај комшиите и пријателите. Ако не го најдете, повикајте полиција. Не постои временски период кој треба да помине за да го пријавите детето за исчезнато.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
10 совети за родителите во Новата Година
Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.
3
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
3
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?