|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заради што децата ни ги кинат нервите секој ден?

Редакција Рингераја, 2.12.2015
Родителите на мали деца знаат за што станува збор. Иако со децата доаѓа нешто прекрасно, неочекувано и убаво, секојдневните натегања, ситните битки и надмудрувања, знаат да предизвикаат вистинска бура...
Клучни зборови:

image
/11


 

А мислевте дека некои работи никогаш нема да се случат во вашата куќа. Во мојата куќа? Ни случајно...

 

Со што се борат родителите на мали деца секојдневно:

Излегување од дома. Детето на мајката: Твоето време е мое

Сетете се како изгледаше излегувањето пред да имате дете. Е сега е потполно поинакво. Пред излегување треба да проверите дали имате пелени, резервна облека, влажни марамчиња, пијалак и нешто за јадење. Доколку нешто заборавите, сигурно ќе ви притреба. И секако, тука е предизвикот да се натера малото дете да се облече и да не вреска заради маицата, чевлите. И кога ќе го облечете, веднаш излегувајте, бидејќи е можно сценариото: ми се мочка, ми се кака.

Одење во бања: Мамо, каде си?

Шансите да бидете сами во бањата кога имате мали деца се рамни на нула. Секогаш барем едно, обично најмалото, стои пред вратата, дрѓејќи ја кваката и не ја пушта додека не излезете, или додека не го пуштите внатре.

Спиење ноќе. Среќно!

Тоа едноставно не се случува толку често, но велат дека со текот на времето станува се подобро. А сонот е она што на сите  им недостасува. Ах таа боженствена РЕМ фаза. Сепак, не е можна со мало дете. И уште долго нема да има: ноќни будења, одење во тоалет, жеден сум, не ми се спие...а да не ги споменуваме деновите кога се болни. Не очајувајте, за некоја година ќе биде подобро.

Да се стигне навреме било каде – невозможна мисија

Децата не би требало да бидат изговор за доцнење, но знајте дека им одите на нерви на сите кои немаат мали деца, или заборавиле како е да се има мало дете. Но знаете што? Баш ви е галје. Работите едноставно така стојат. А доколку сакате да стигнете на време, треба да почнете да се подготвувате два часа порано. Раката на срце, за тоа никој нема време.

Да се пронајдат две исти чорапчиња

Да се пронајдат две исти чорапчиња или ракавици е вистински предизвик. Сериозно, сигурно постои некој кој ги краде.

Да се изеде јадењето додека е уште топло

Било што да има во вашата чинија му припаѓа на детето, а се што има во неговата чинија, не му се допаѓа. Се се сведува на тоа да јадете остатоци од детската храна и да чекате детето да заспие за да јадете на мир.

Да остане автомобилот чист

Луксуз е да имате чист автомобил, кога имате мали деца. Во вратата на автомобилот редовно има остатоци од храна, полуотворени кеси, хартија, играчки. Совет? Не се заморувајте со тоа.

Да имате убав намештај

Ох, колку би било убаво да имате убав намештај. Дневната соба е потполно уништена, а ѕидовите и гарнитурите се шарени. На кој начин да останат ѕидовите бели, има ли некоја тајна?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да израснете великодушно дете?
Децата од предучилишна возраст се во процес во кој ќе ги развијат своите социјални вештини. Пријателството добива поголе...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
3
Моето име е: МАЈКА
Се препознавте ли?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?