|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Започна Страсната седмица

Редакција Рингераја, 9.4.2012
Од денес започнува Страсната седмица, или седмицата на страданијата, која е последна седмица од животот на Исус Христос

image
/11


 

 

Според православниот календар секој ден од оваа недела е “Велик”. Секоја година православните христијани с смиреност ја очекуваат Страсната седмица за да ја зацврстат својата вера, да го зајакнат мирот и да го заштитат единството. Спасителот ги искупува своите гревови преку својата жтрва и преку страдање, болка и љубов и го покажува своето Воскресение.

 

На Велики понеделник Исус, влегувајќи во Ерусалимскиот храм, се налути на насобраната толпа. Храмот за молитви бил претворен во пазар и во својот гнев Божјиот син ги растурил масите на трговците.

 

Затоа на Велики вторник Исус поминал во морални упатства, а според црковните канони денот го определил за смирение.

 

На денот на Светата и Велика среда  Јуда отишол кај јудејските првенци и го договорил предавството на Христос за 30 сребреници. На Велика среда се бери здравец првенствено од  децата и на Велики петок се дели за здравје. На Велика среда не се работи никаква работа, а ако некој го прекрши ова правило се смета дека ќе му се земе вештината за тоа што го работел.

 

Велики четврток е поврзан со Тајната вечера кога е утврдено причестувањето. По вечерата Христос зел леб, го благословил, го раскршил, го раздал на учениците и им рекол: ”Земете, јадете, ова е моето тело”. Потоа ја кренал чашата и рекол: “Пијте од неа сите. Тоа е мојата крв на Новиот Завет, која за Вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите”. По причестувањето Христос им кажал на своите ученици дека ќе биде предаден.

 

Велики четврток е најочекуваниот ден во Страшната недела од децата. Тогаш се станува рано и се чекаат кокошките да го снесат првото јајце. Со првото вапцано јајце, уште додека не е исушено, се тријат обравчињата и челото на децата за здравје. Кој нема да стигне да ги вапца јајцата во четврток може да го направи тоа и во сабота.

 

Велики петок, познат уште и како распнат петок е денот во кој Исус Христос е распнат на крст. Тој ден е посветен на Христовите страдања. На Велики петок не се прави ништо, дозволено е само да се шарат веќе обоените јајца. На Велики петок не се јаде ништо, се пие само вода.

 

Велика сабота се нарекува уште и душна, бидејќи тогаш се оди на гробот на починатите роднини. На овој ден се месат и печат козињаците и се прават слатки. Ноќта во сабота спроти недела верниците одат во храмовите, палат свеќи и чекаат да се објави Христовото воскресение. Се поздравуваат со “Христос воскресе!”, а одговорот е “Навистина воскресе!”

 

 

Прочитајте уште:

Симболика на црвеното јајце

Симболите на Велигден

 Бојадисување на јајцата со природни бои

 Совети за спречување на пукање на јајцата

Необични светлечки Велигденски јајца

Магичен Велигден



Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
7
A mund te mbetesh shtatzene gjate ciklit m...
Shtatzenia eshte ajo qe ndodhe kur sperma e mashkullit takon vezen e femres dhe veza e fekonduar me pas ngulitet ne mure...
4
Боенка - Пепелашка
Обојте ја Пепелашка
3
Како да направите маска за детето?
Идеја за денешниот маскенбал. Розово цвеќенце
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?