|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Вашата љубов е единствениот лек кој би можел барем за малку да ја намали големата болка. Единствено Вашата силна желба за дете може да Ви помогне да го надминете овој критичен момент и да продолжите напред...

image
/11


 

 

Откако те обзеде еуфорија од позитивниот тест на бременост и чудесната вест дека очекуваш бебе, деновите почнаа да минуваат бавно до очекуваната цел – раѓање на бебето. Секојдневниот живот те грабнал цврсто за рамена, ти надошла нова сила за извршување на обврските. На домаќинството и одржувањето на семејната атмосфера повторно им е потребна твојата грижа, но сето тоа повеќе не е еднообразно и досадно за извршување. Рутината во вообичаените активности добила ново лице- желба се да биде совршено, за да може бебето  нормално да се развива во утробата.

Животот е прекрасен!

И одеднаш, лошото доаѓа како неканет гостин и остава зад себе само празнина, празнина, илјадници прекори и прашања кои не смееш да ги зададеш на глас:

“Зошто токму мене ми се случи?”

“Каде погрешив?”

“Кој е виновен за загубата на бебето?”

“Ќе можам ли да имам други деца?”

“Можев ли да се заштитам себеси и своето бебе?”.

Нема поголема болка од онаа да загубиш дете! Нема зборови кои можат да ги опишат чувствата во тој момент! Виновни нема! Маката и болката од загубата на бебето силно ти го стегнале грлото и ти ја исполниле душата со бескрајна празнина. Не се обвинувај! Не си виновна! Едноставно се случува – тебе, мене, на пријателката, на колешката.

Единствено што можеш да направиш е да ги ослободиш чувствата – да плачеш на глас, да и викнеш в лице на судбината “Зошто?”. Не се обвинувај и не се затворај во себеси – исплачи се на рамото на партнерот, обиди се да му ги објасниш своите чувства и стравови. Тој најдобро ќе те разбере, и тој чувствува иста празнина и болка како тебе. За него загубата е исто толку голема. Обидете се заедно да застанете на нозе, да прифатите и да разберете дека нештата ќе се променат. Нема причина да се сомневате и да престанете да се надевате за Ваше поколение, за едно мало суштество, сведок на Вашата љубов.

Вашата љубов е единствениот лек кој би можел барем за малку да ја намали големата болка. Единствено Вашата силна желба за дете може да Ви помогне да го надминете овој критичен момент и да продолжите напред.

Заедно одживејте ја маката и болката. Поддржувајте се меѓусебно и не престанувајте да се надевате дека еден ден ќе бидете прекрасни родители. Внимавајте на препораките на Вашиот гинеколог – тој ќе Ви помогне да го утврдите најраниот период во кој може да се обидете повторно.

Никогаш нема да ја заборавите оваа загуба! Времето нема да може да ја излекува раната во Вашата душа, но ќе смогнете сили за да продолжите напред. Само Вие можете да ја нацртате идната патека на животот, со кој морате да продолжите!

 

Чувствата на нашата драга Werty

Не сакам сочувство, не сакам ништо.
Јас си го сакам моето бебе назад! Назад го сакам, кај мене!
Единствен начин да го вратам е, како што веруваме ние, да го родам пак. Ваква каква што сум, со сиот ризик, со 38 години и крв полна со антитела кои ќе се борат против моето бебе за кое е прашање дали ќе издржи да не развие хидропс или анемија до 28-32 недела за да го родам порано, па да му ја сменат крвта веднаш и да се понадевам дека можеби, можеби, можеби ќе остане живо. Што велите на ова?


vezilka

Драга Werty, немам..не знам што би можела да кажам, што би те утешило. Веројатно ништо. Веројатно нема ништо што би можело да утеши мајка која го изгубила чедото. Но, ти се восхитувам на храброста да зборуваш за тоа. И верувам дека таа твоја храброст и љубовта што ја носиш во себе за твоето чедо ќе го натераат универзумот да ти дозволи уште еднаш да го родиш тоа мило душиче. Од се срце посакувам тоа да се случи час поскоро...

 

 

Рингераја е со тебе!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
3
Магично! 3Д анимација на оплодување!
Едноставно неверојатно - ова е коментарот на многумина кои го погледнале ова видео
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?