|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Задолжителни разговори меѓу мајка и ќерка

Редакција Рингераја, 16.6.2014
Секоја мајка, која одгледала барем една ќерка, знае колку кревка и кршлива е женска душа. Многу е важно што ќе научите својата ќерка, како ќе и зборувате, какви совети ќе и предадете, за да стане таа една вистинска, самоуверена млада дама
Клучни зборови:

image
/11


 

Има некои работи кои секоја мајка е добро да најде време да и ги каже на својата ќерка пред таа да порасне



"Научи се да кажуваш НЕ!"


Се разбира, ниедна мајка не сака на неа да и се одговара со "не!", но е добро да го научите девојчето дека во големиот свет човек треба да научи да поставува приоритетот на своите лични интереси и оние на своите најблиски.

Освен  тоа, што се однесува до момците, приучувањето на девојчето да одбива разни непристојни предлози, ќе му биде од корист. Добро е да се научи дека за да го привлече вниманието на достоинствен  човек, со кого ќе воспостави вистински значајни односи, треба да се почитува прво себе и да умее да става приоритети.



"Поминувај повеќе време во тоа да мислиш колку убава си внатрешно, наместо да се грижиш како изгледаш!"

Секоја девојка сака да изгледа добро, привлечна и шармантна. Задачата на мајките е да  го развијат кај девојчињата  чувството за тоа колку е важна внатрешната убавина и добрина не само за детето, но и тоа да биде критериум за избор на пријатели и партнери  во иднина.


"Предметите  нема да те направат среќна!"

Да, точно е дека сите имаме потреба од одредени предмети, за да се чувствуваме добро во секојдневниот живот, но потенцирањето на подредената улога на материјалните работи за сметка на духовните вредности е многу важно, за да не порасне девојчето во личност која преферира минливи богатства, кои всушност не го прават животот среќен.



"Не суди ги луѓето, но знај дека ќе бидеш судена!"

Подгответе ја младата девојка за тоа колку лоши можат да бидат луѓето и колку неправеден е светот. Научете ја дека и  покрај тешкотиите кои животот ги послужува, треба да наоѓа начин секогаш да стои на нозе, без да страдаат блиските.


"Сакај се себе на прво место!"

Не брзајте да го прогласите овој мајчински совет за егоизам, бидејќи не е! Секој човек треба да се сака и почитува себеси, ако сака и околината да се однесува така кон него. Кај луѓето во голема мера е останат оној животински инстинкт кој ги тера животните да ги јадат и избркаат слабите. Колку и да сме со висок разум, не сме го изгубиле овој инстинкт, па затоа е важно девојчето да знае дека љубовта кон себе дава силен ореол на личноста.



"Сексот треба да е забавен!"

Ниедна девојка не треба да се чувствува должна да одговори на предлозите на секое момче. Уште повеќе треба да разбере (кога ќе дојде време) дека не е потребно да прави работи кои не и се пријатни. Научете ја да не прави компромиси со себе, кои би можеле да ги повредат нејзините чувства.



"Да бидеш паметна е кул!"

На училиште децата се бомбардирани со потсмев, особено ако ги учат лекциите трудољубиво и се трудат да добиваат добри оценки. Всушност да бидеш добар ученик  е доблест, од која вашата девојка не треба да се срами, туку напротив! Нека знае дека науката и образованието се стремеж кон кој човештвото непрестано оди со векови.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
5
Еден ден, кога јас ќе имам син...
Мил мој, не мораш да бидеш инжињер. Не мораш да бидеш адвокат. Не е важно што ќе бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш ...
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Mлечните заби ги чуваат трајните
Многу од родителите знаат да дадат одговор дека не ги поправале млечните заби на нивните деца затоа што тоа се млечни за...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?