|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Забременила додека била бремена!

Редакција Рингераја, 18.4.2012
По борбата со неплодност, која траела три години, Џулија Гровенберг и нејзиниот сопруг Тод сериозно размислувале да посвојат дете од друга земја, со цел да ги остварат своите соништа за семејство...Но се случило нешто неверојатно!

image
/11


 

 

Во последниот очајнички обид да имаат сопствени деца, двојката видела две цртички на домашниот тест за бременост.

Бидејќи госпоѓа Гровенберг (33 г.) и господин Гровенберг (34) се подложиле на многу третмани за неплодност, таа забременила двапати во две седмици и ја шокирала јавноста со својот случај.

Џулија стана една од единаесетте жени во светот, кои забремениле додека се бремени. Нејзината бременост е идентификувана како superfetation, што значи дека две бебиња, кои се зачнати во различно време, одраснати во иста материца и родени на ист ден, медицински и логично не се близнаци. Сега, откако го прославија вториот роденден на бебињата, Џулија зборува за деталите на својата чудна бременост и за потешкотиите со кои морала да се соочи додека ги одгледувала двете свои деца, кои не можат да се наречат близнаци.

Отсекогаш сакав да бидам мајка. Уште кога стапив во брак со мојот сопруг застанував по излозите и гледав бебешка облека.

И додека бременоста кај сите жени во светот е дочекана со цвеќиња и балони, мојата беше дочекана со молитви. Наместо да ми донесе радост, бременоста ми го донесе најстресниот период од животот бидејќи никој, вклучувајќи ги и лекарите не знаеја што може да се очекува.

Општо познато е дека не можете да забремените додека сте бремена. Јас бев исклучок од правилото: “Забременив два пати во две недели”.

По стотиците негативни тестови за бременост, двојката по три години конечно виде две цртички и реши веднаш да го посети гинекологот. За време на ултразвучниот преглед лекарите биле шокирани кога виделе две бебиња, во две различни вреќички и тоа едното поголемо и поразвиено од другото. Сепак, лекарот не можел точно да разјасни што се случува во стомакот на госпоѓа Гровенберг.

Тој рече: ”Џулија, вие имате две бебиња, кои не се близнаци”

“Нашиот доктор беше многу возбуден и веста ја прими како невозможна и неверојатна, фасциниран бидејќи открил медицински феномен во неговата ординација.Но јас и Тод бевме многу исплашени, бидејќи немавме поим што значи тоа за нашите бебиња.”

Според ритамот на срцевите отчукувања и визуелното прикажување на мониторот, бебињата имале разлика во гестациската возраст од две недели.

“Во своето триесет годишно искуство, докторот не забележал таков случај на бременост, што направи да не се чувствувам добро и да бидам исплашена“.

Без двоумење, парот почнал да се подготвува на најлошото и да прави листа на можни генетски пореметувања и деформитети. На нивните прашања не можел да одговори никој, ниту пак тие знаеле точно што и кого да прашаат.

“Никој не бил сведок на ваква бременост. Толку бев очајна, што посакав да не сум бремена”.

Откако ги зела работите во свои раце и пребарувала на клучните зборови “две бебиња, не близнаци” на интернет, госпоѓа Гровенберг го пронашла терминот superfetation, состојба во која две бебиња се зачнати во различно време, имаат различна гестациска возраст и се родени во ист ден.

“Кога на својот доктор му го спомнав терминот superfetation, тој ме погледна како да сум луда. Тоа не ме обесхрабри. Успеав да издејствувам трансфер во специјализираната болница за деца во Литл Рок Арканзас каде, иако тимот на лекари никогаш немале да свет донесено бебиња како моите, сепак ја проучувале oваа реткост во медицинските списанија“.

 

miracle

 

Со оглед на тоа што нејзините бебиња биле со разлика од две гестациски недели, госпоѓа Гровенберг имала два термини на породување – 24. декември 2009 и 14. јануари 2010. година. Главната грижа на лекарите била како да се дојде до крајниот термин на поголемото бебе.

По многу стресни ситуации и крајно напната бременост госпоѓа Гровенберг се породи со царски рез на 2. декември, 2009 година.

Немаше некоја посебна потреба бебињата да се извадат толку рано, но докторот сметал дека е добро да се изврши царски рез, додека бебињата се во добра состојба.

“Решив да извршам царски рез бидејќи Хадсон сеуште не беше доволно развиен за природно раѓање. И покрај тоа што Хадсон беше помал, тој сепак е роден прв“.

И покрај тоа што се само со неколку секунди разлика во раѓањето, имаат ист роденден, тие сепак ќе бидат со различна возраст...

Во текот на последните две години од нивниот развој госпоѓа Гровенберг потврдува дека разликата кај нејзините бебиња е многу очигледна во однос на развојните фази.

“Тие сеуште се многу мали, но секој може да каже дека Џилијан е постариот брат, кажува Џулија“.

Понекогаш моето срце е скршено кога ќе видам како Џулијан реагира брзо, а Хадсон заостанува поназад, но тогаш ме теши помислата дека постои добра причина што не се на исто ниво на развој.

Тие се убави, здрави и паметни деца, но понекога е тешко да се слави напредуваањето на едниот, бидејќи не може да се слави напредувањето и на другиот. Ние не ги нарекуваме близнаци, туку браќа, но оставаме на нив, кога ќе пораснат да се нарекуваат како што сакаат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Излезе од печат Дневник на трудници
Неодамна на нашиот пазар излезе првиот "Дневник за трудници", нешто што секоја трудница задолжително мора да го има, б...
5
Фото: Трудници во костими за капење
Погледнете ги овие прекрасни труднички стомачиња во костими за капење
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?