|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
Клучни зборови:

image
/11


Често ние родителите сме се наоѓале во ситуација кога детето упорно ги одбива забраните и на секое наше НЕ, реагира со плачење или напади на бес. Затоа често сме во ситуација кога не знаеме кој на кого е родител. Секогаш кога нашиот мал ангел со различни манипулации ќе успее на крај да го добие она што го сакал, не доведува до безизлезна ситуација и прашањето: “па каде погрешив?” – се наметнува како неминовно. Па еве што всушност кажуваат психолозите за овој проблем, феноменот на забраната.

 Постојат неколку вида на забрани кои родителите ги поставуваат на своите деца. Целта на секоја од нив е детето да се научи да се однесува како што треба во семејството, но и надвор од дома. Не постојат универзални забрани кои важат за секое дете и неговата околина. Забраните кои ќе се применуваат зависи од системот на вредности и правила кои важат во одредено семејство: на некои родители им е незамисливо децата да се качуваат на маса, додека на други таквото однесување не им пречи. Најважно е родителите да знаат зошто им е важно одредено однесување да се почитува.

 За да биде забраната ефикасна, треба да биде доследно спроведена: ако на детето еднаш сте му забраниле нешто, никогаш, ниту во една друга ситуација, тоа не смеете да му го дозволите. Родителите обично грешат, бидејќи во одредени моменти кога се нешто нервозни или нерасположени на детето не му даваат да допира некои предмети, додека кога се расположени постапуваат сосема спротивно. И вие и вашата околина треба да биде доследна во спроведување на забраните за кои сметате дека треба да се почитуваат во вашето семејство.

 Добар пример е, упорноста на секоја мајка детето да не се приближува до штекерот за струја. Забраната еднаш, два пати, три пати се кажува со објаснување и детето ја прифаќа. Кога родителите би биле така упорни и во други случаи, однесувањето на детето би било многу подисциплинирано. Но, доколку нешто му забраните, а тоа упорно не прифаќа, па вие на крај ќе попуштите, тогаш забраната сте ја прекинале засекогаш. И никогаш не треба нешто да му дозволите само затоа што плаче.

 Забраната може да има ефект кога на детето на разбирлив начин ќе му се објасни зошто некои работи не смее да ги прави. Некогаш треба таа да се повторува и по неколку пати. Ако пак детето за тоа што не смеело да го направи биде казнето со тепање, ефектот на казната е многу краток- половина час или помалку ќе биде мирно, а потоа пак продолжува со она што го намислило.

 Тогаш се поставува прашањето: дали тепањето е сосема погрешен воспитен метод? Децата не треба да се тепаат (континуиран процес кој долго трае, удирање по глава, лице, удирање со предмети...), но некогаш едно шлап по газето може позитивно да ја разреши тензијата која се создава меѓу родителите и детето. Според тоа, пред да тргнете да го удрите детето изнервирани од неговата упорност, размислете уште еднаш поради што е важно почитување на дадената забраната. Обидете се на детето да му го објасните своето верување. Но, не заборавајте дека клучот во спроведување на забраната лежи во доследноста и упорноста!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Се бараат работници: Нема плата, одмор и ј...
Ова неверојатно емотивно видео ќе ве расплаче и ќе ве натера да помислите на едната и единствена личност која во животот...
5
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука, но често се поставува прашањето: колку документи...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Сам дома
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 24.03.2013 во 10.20 ...
3
Како да создадеш емоционално безбедна атмо...
Домот не е само место каде што се јаде и спие. Тој треба да биде засолниште, простор каде секој член на семејството се ч...
3




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.