Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Нарушувањето на здравјето на децата остава печат на целиот понатамошен живот на човекот. Поради тоа грижата за здравјето и лекувањето на детето воедно преставува и превенција на инвалидноста кај возрасните.
Значајно место во заболувањата на горниот респираторен тракт заземаат и воспаленијата на синусите кај децата кои се разликуваат од истите кај возрасните. Причината е јасна, синусите кај новороденчето не се целосно развиени, имено при самото раѓање се развиени делумно само келиите на ситастата коска (етмоидален синус) и виличните (максиларни) синуси. Келиите на клинастата коска (сфеноидалниот синус) се развиваат после четвртата односно петтата година од животот, а челните (фронтални) синуси се развиваат по десеттата или дванаесеттата година, за конечната големина да ја достигнат околу 20 годишната возраст.
Со самото тоа дека се развиваат од носната шуплина и дека лигавицата која ги прекрива е продолжеток на лигавицата на носната шуплина, секое акутно воспаление на носната лигавица во поголема или во помала мера преминува во акутно воспаление на слузницата на синусите. Важни моменти кои ја зголемуваат можноста за воспаление на синусите се:
- пореметување на имунолошкиот систем
- неадекватна исхрана
- заразни заболувања
- вирусни инфекции
- искривување на носната преграда
- алергии и др.
Инфекцијата на синусите може да биде ограничена на еден синус, на повеќе синуси или на сите синуси. Најчести симптоми на воспаление на синусите се:
- опструкција на носот
- секреција од различен тип
- непријатен мирис од носот
- крварење од носот
- главоболка
- пореметување на мирисот
- пореметување на говорот
- пореметена исхрана
- покачена температура
- кашлица и др.
Дијагнозата се поставува на основа на добро земени податоци во текот на болеста, локалниот наод и секако со помош на дијагностички методи. Кај децата е индицирано да се направи ехо синусоскопија, затоа што таа метода има далеку повеќе предност над рентгенското снимање на синусите кај децата. Ехо синусоскопијата полесно се изведува, може почесто да се повторува и секако нема податоци за штетноста, за разлика од радиолошкото иследување.
Терапијата зависи од тоа кој од синусите е заболен и степенот на заболување. Секако е потребно да се направи брис од носот со антибиограм пред да се започне со антибиотска терапија и употреба на деконгестив (капки за нос). Се препорачува Прецовата метода за аспирација на секретот, инхалациона терапија.
Кај децата не се препорачува пункцијата на синусите.
Секако треба да се знае дека несоодветно лекување на акутно воспаление на синусите е основната причина за настанување на хронично воспаление со сите свои последици и секако компликации.
Извор: Инфо Гласило на Црвен Крст на Скопје - “Нова Димензија”
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?