|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заблуди за маслиновото масло

Редакција Рингераја, 13.12.2013
Можеби мислите дека знаете се' за маслиновото масло, но овој вкусен, здрав и хранлив производ е многу покомплексен отколку што се чини. Во прилог се неколку најчести погрешни факти за маслиновото масло

image
/11


 

 

Маслиновото масло од маркет е секогаш свежо

Иако е добро складирано, маслиновото масло од увоз кое го наоѓаме во маркетите често е постаро од три години. Но, за разлика од виното, за маслиновото масло не важи правилото – што постаро, тоа подобро.  Замислете го како исцеден сок од маслинки, кој е најдобро да се потроши додека е свеж.  Ако сакате да бидете сигурни што купувате побарајте на амбалажата година на берба.

 

Квалитетното масло се чува за салати, а поефтиното за готвење

Потполно погрешно. Колку маслото е поквалитетно и посвежо, толку подобро поднесува високи температури. Исто така со готвењето не губи на квалитет и  храната ќе биде далеку повкусна, а со тоа и поздрава.

 

Маслиновото масло треба да се чува само во стаклено шише

Оваа теза е само делумно точна. Чувањето на маслото во стаклено шише е добро, но тоа мора да биде од темно стакло бидејќи маслото реагира на светлината која ја менува неговата структура и со тоа губи на квалитет. Лимената амбалажа е исто така добра за чување на маслиновото масло.

 

Храната не смее да се динста на маслиново масло

Уште една погрешна информација. Истражувањата покажуваат дека квалитетното масло не ја менува својата структура и до 200 C, што значи дека со него слободно можете да варите и динстате. Тоа не се однесува на пржење на храната.

 

Маслиновото масло нема многу калории

Погрешно. Иако е многу здраво и хранливо и маслиновото масло е масло. Тоа содржи голема колчина на калории, но за разлика од растителното масло има низок степен на холестерол (лоши маснотии). Исто така е силен антиоксиданс, со висока хранлива вредност.

 

Доброто маслиново масло има фантастичен вкус

Иако љубителите на маслиново масло ќе се согласат со тоа, треба да знаете дека чистото и свежо маслиново масло е секогаш со силен вкус. Го краси горчливиот вкус кој го иритира јазикот, што нема да одговара на сите вкусови.

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
5
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
5
Храна и пијалоци кои содржат арсен
Водата и почвата, за жал, често се полнат со секакви отровни материи. Индустријата остава трајни наслаги од штетни хемик...
5
Здрава исхрана за најмладите во текот на з...
Квалитетната исхрана на децата во текот на целата година е од витално значење за правилен раст и развој на нивниот орган...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?