|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заблуди за есенските вируси – што треба да знаете

Редакција Рингераја, 27.9.2020
Се работи за безопасни вируси кои се неизбежен дел од растењето на децата, но и начин детето да стекне имунитет во првите години од животот. Освен прочистување на носето не е потребна терапија, па ниту изолација
Клучни зборови:

image
/11


Настинката не е вирус, таа се јавува од промаја

Настинката е вирусна болест!

Се работи за голема група на вируси кои ги напаѓаат горните дишни патишта, но најпрво носето. Ги има многу, но нивната манифестација е иста или слична: детето има затнато носе од кое тече проѕирен секрет. Децата киваат, понекогаш кашлаат, но немаат покачена температура, расположени се и имаат апетит. Вирусот лесно се шири со кивање и кашлање, но и со валкани раце.

Иако многумина ќе се сомневаат, промајата не е причина за настинка, тоа е медицински докажано! Изложувањето на многу ладен воздух, недоволно облекување на детето и слабиот имунитет, ја зголемуваат шансата овие вируси да се населат во детето. Факт е дека стравот од промаја е на врвот на листата на стравови кај сите луѓе!

 

Детето кашла три недели, но штом нема висока температура, сигурно не е ништо

Не е секогаш така!

Ако детето нападно кашла и ако тоа трае подолго од седум дена, потребен е преглед од педијатар. Температурата не е единствен знак за заболување на дишните патишта. Астма, бронхитис (па и бронхопнеумонија), можат да го погодат детето, а да нема покачена температура. Тоа се болести кои лесно се дијагностицираат со стетоскоп, а терапијата брзо доведува до подобрување и намалување на кашлицата.

За волја на вистината, има деца кои долго време кашлаат, а немаат ниту една сериозна болест. Сепак, тоа треба да го процени педијатар и да им ја објасни на родителите природата на кашлицата.

 

Штом има висока температура, сигурно е грип

Грипот по правило е проследен со висока температура, но секоја висока температура не е показател за грип. Има вируси и бактерии кои даваат висока температура, а ладните денови им одат во прилог.

Ако детето е омалаксано, се жали на болки во коските и мускулите, има лош апетит и висока температура, тогаш навистина може да се работи за грип. Но тоа треба да го утврди педијатар.

 

Температурата е многу висока, мора да е некоја бактерија во прашање. Удри некој антибиотик, додека не е доцна

Тоа не е добра идеја!

Високата температура не е критериум за давање антибиотици, а антибиотиците не се лекови за симнување на температурата, туку за лечење на бактериски инфекции! Потполно е бесмислено да се даваат антибиотици на своја рака, бидејќи тие не можат да излечат вирусни инфекции, кои често одат со висока температура.

Земањето на антибиотици без совет од педијатар е погрешно е опасно.

 

Таа мала температура (до 37,5) е најлоша. Сигурно има некое воспаление на белите дробови

Ова е една од најчестите заблуди!

Кај децата не е страшна температура 37,5. Ако детето е без други потешкотии, убаво јаде и е расположено, тогаш оваа температура е безопасна, а далеку од тоа дека е знак за воспаление на белите дробови. Тогаш детето не треба да се носи на педијатар бидејќи таму може да се разболи во контакт со другите деца.

Ако детето има други симптоми (кашла, има лош апетит, се жали на болки) тогаш треба да се однесе на преглед.

 

Најдобро е детето да седи дома, така сигурно нема да се разболи

Тоа не е добро за детето!

Седењето дома не е добро за детето, тоа бара акција, друштво, играње. Затворањето дома не е гаранција против разболување. И ние носиме вируси за кои не знаеме дека ги имаме.

Од друга страна, детето мора да дојде во контакт со вообичаените вируси – тоа е единствен начин да создаде отпорност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
6
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Не ги притискајте мајките да дојат. Опасно е!
Јас сум советник за доење. И додека некои можеби ќе имаат срце - трогателна приказна за тоа колку се успешни во доењето,...
4
Стари македонски имиња за девојчиња
Старите македонски имиња повеќе не се популарни, а еве кои традиционални имиња во себе кријат неверојатна симболика:
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?