|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За сите оние кои скршнале од вистинскиот пат...

Слаѓана Арсоска, Pepelaska###, 3.6.2011
Дневникот на Pepelaska###

image
/11




Животот е дар од Бог. Вреден подарок од него и од твоите родители. Животот е само еден празен лист хартија на кој само ти треба да пишуваш, треба да го исполниш со убави нешта или можеби треба да чкрташ по него и по страниците на животот со црно мастило и да ги полниш со лоши нештa?


Само ти можеш да решиш како треба да живееш. Само ти можеш да им се заблагодариш на оние кои ти го дале најскапоцениот подарок, или пак засекогаш да ги фрлиш во очај и тага затoa што нема да знаеш ни да им заблагодариш за она што ти го дале, ниту пак да им покажеш дека ти значат нешто. Кога веќе нема да ја чувствуваш во секој миг нивната заштита, кога веќе растеш и созреваш тогаш само ти можеш да го избереш вистинскиот пат!


Мислиш дека си созреал и можеш сам да носиш одлуки, сепак и најмала ситница може да ги разниша твоите цврсти ставови  и да те понесе по некој лош пат. Тогаш сфаќаш дека ти треба помош дека не можеш сеуште сам.


Животот за еден млад човек сеуште е енигма за која решение не се гледа. Живееме во време на лаги, опасност не демне од секоја страна, од секој агол. Еден сосема мал проблем, една мала љубовна расправија изгледа толку неиздржлива и без решение. Младиот човек е како дрво напролет, нерасцутен цвет кој лесно може да се полее со погрешни мисли, лесно може да се одведе по лошиот пат од кој ретко кој се вратил.


Денес кога луѓето се помалку се сакаат, во овој свет полн со горчина и тага, каде солзите се побројни од насмевките, каде болката е поголема од радоста многу од нас бараат утеха. Младиот човек кој се надева на поубава иднина, на поубаво утре се повеќе и повеќе се разочарува.


Утехата лесно се наоѓа. Едно излегување, неколку чашки алкохол и веќе се е полесно. Забораваш на твоите дома кои немирно те чекаат да се вратиш во доцните ноќни часови, забораваш на училиштето, сите проблеми како да се удавија во тие чашки. Утредента веќе се е исто, пак проблеми. Повторно посакуваш на момент да заборавиш. Денес алкохол, утре дрога, која веќе не е недостапна за никого, која веќе не е далеку од нас, туку тука до нас, насекаде околу нас не демне сегде каде што сме, оди насекаде со нас. Само чека момент на слабост да нападне, да настапи со своите ужасни дејства, со своите страшни последици. Искршени чаши, расфрлени игли, страшна слика која се почесто е блиску до нашите очи. Млади луѓе скршени од болката која им ја предизвикува тивкиот убиец наречен алкохол или дрога – сеедно. Едноставна слика на ужасот , која не ретко завршува и со смрт на некој млад човек.


Неверојатно многу млади секојдневно уживаат во оваа мода на современото време. Дали се свесни какви последици има? Дали тие знаат дека пред нив е еден цел живот кој треба да го градат, треба за некого да живеат? Веројатно не се свесни дека со тоа си го уништуваат својот живот, вршат самоубиство на еден подмолен и болен начин.


Оној кој за најдобар другар ги избира дрогата и алкохолот на крајот секогаш останува сам, зашто тие се неверни другари, тие можеби ти ја убиваат тагата, но не се тука да разговараат со тебе, да ти помогнат, да поделат со тебе, нешта што ги може само човекот. Да не дозволиме ова да не уништи, да не дозволуваме да бидеме срам за нашите семејства, отфрлени од секого, напуштени и осамени.


Не е ли прекрасно да се бориш за себе да ги остваруваш своите желби кои си ги замислил како дете? Не се ли најубави очите на една девојка или момче во кои се гледа  незгаслива желба за живот?


Затоа не дозволувај пороците да те земат во своите канџи, живеј за да ги оствариш своите цели за да се заблагодариш што си го добил најубавиот подарок – Животот.

 

 

Ваша Pepelaska###

 

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
7
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4
Да летам, да полетам!
Да летам, да полетам. И таму, каде што беше невозможно, и таму, каде што беше непознато и таму, каде што беше неверојатн...
4
Палачинки со различен облик
Подгответе интересен појадок за своето дете (англиско видео)
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?