|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За оние кои ги чекаме...

Рустемова Данче, baby77, 2.12.2011
Вистински приказни

image
/11


 

Убав е денов  неделен. Сончев и не толку ладен. Речиси прекрасен да се прошетате со вашата фамилија во парк или на малку сонце кое овој  ноември ни го подарува. Земете ги децата во вашите раце и излезете. Насмејте се, фатете го партнерот за рака, бакнете го и уживајте. Кажете им на вашите најмили дека ги сакате. Овој ноемврски неделен ден е како створен за љубов…

Ние сме тажни и овој ноемвриски ден, иако е сонце, иако имаме љубов која 12 години трае и е неизмерно голема. Имаме празнина во нашата душа која ни во ваков убав ден не се пополнува. Ние сеуште немаме дете.Толку е тешко да го напишеш ова. Да го кажеш на глас. А посакуваш да вриснеш, целиот свет да ја чуе твојата болка. Се трудиш секој ден да го прикриеш и закопаш длабоко во себе и се' да изгледа совршено, но не е. Недостасува онаа мала нишка, фалат две мали очиња, две рачиња да те прегрнат, фалиш ти мое најмило. Сеуште те чекаме.

Мојата приказна започнува вака:12 години, 5 спонтани абортуси и едно бебче кое требаше да се роди на Божиќ. И тоа да биде најубавиот Божиќ во нашите животи. До пред неколку месеци се радувавме на првото ехо, на првиот скен на првото твое икање во стомачето на мама. До пред некое време знаевме дека ќе пристигнеш ангелу наш. Но…. Ова “но”  ни го кине срцето. Не ни дозволува да дишеме, ни ги корне градите. Оваа болка морав да ја поделам со вас. Долго ги оставив да пристигнуваат во мојата пошта пораките од Рингераја која недела би била денес, како денес би изгледало тоа, како би изгледала јас, како би изгледале сите ние да не се случеше така. Да беше сеуште тука во моето стомаче. Да не те изгубев. Морам да ги избришам.

И морам да соберам сила за понатаму. Да продолжиме да собираме храброст и сила да ги дочекаме следните две црти, следното прво ехо, следната радост. Следната надеж и сонце во нашите очи. Да собереме сили и насмевки за сите оние кои неизмерно ги чекаме. Да не дозволиме чекањето да не убие. Да покажеме дека сме спремни за понатаму, дека се радуваме и дека имаме уште многу љубов и насмевки да подариме...

 

ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГИ ЧЕКАМЕ

Вашата “baby77”

 

Со почит и поздрав до сите вас

 

 

Рингераја и посакува што поскоро забременување на baby77!

  bubamara1

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Баба ми, 61 година, беше мојата сурогат ма...
Мажот запознава жена. Се сакаат. Потоа доаѓа и бебе. Тоа е толку едноставно. Или не е? Оваа седмица Yahoo Parenting обја...
3
Борбата за бебе изгледа вака!
Во емотивен текст таа раскажа за мачниот тригодишен период во кој доживеала спонтан абортус и неуспешни обиди за забреме...
3
Подготовка за забременување
Обидете се да уживате во процесот на зачнување и не го сфаќајте како "работен" ангажман што треба по секоја цена д...
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?