|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За Најден вчера донираа и стари и млади!

Редакција Рингераја, 15.4.2013
Стари, млади, деца, цели семејства вчера во Градскиот парк во Скопје оставаа помош со мисла дека помагаат на еден мал човек, кој ни крив ни должен, ги собра со не така убав повод

image
/11


 

 

Во хуманитарната акција во Градскиот парк во Скопје вчера, покрај стотиците граѓани и сонцето донира топлина за малиот Најден, кој с' уште е во инкубатор на одделението за интензивна нега на Детската клиника. За бебето, кое пред една недела беше ѕверски мачено и притоа му бил пресечен јазикот на само неколку часа од раѓањето, па фрлено во двор во скопско Арачиново, вчера хуманите луѓе на овој град се надминаа.

Стари, млади , деца, цели семејства, оставаа помош и дел од себе со мисла дека помагаат на еден мал човек, кој ни крив ни должен, ги собра со не толку убав повод.

Се собраа еден куп пелени, облека, хигиенски прибор, па и пари кои веќе се наоѓаат на Детската клиника. А оттаму Најден возврати со добри вести. Директорката Аспазија Софијанова потврди дека тој секој ден е с' подобар и иако мал с' уште со стиснати тупаници се бори за секој нов ден.

- Можеби е најтешко да се зборува за исклучително убави работи. А наспроти тоа злото е богата тема за разговор. Знам дека е невозможно да се разделат доброто и злото, ама важно е да се биде праведен. Во оваа приказна за Најден имам впечаток дека с' се помешало. Не е човечно да се зборува што му се случило, но затоа е човечно да се верува и да се помага. Со моите деца донирав пелени и облека за Најден. Знам дека сега ќе има доволно за него, но од љубов никогаш доволно. Оваа приказна н' порази како род, вели Билјана Зунзуровска, мајка на две деца која вчера во Градскиот парк донираше за Најден.

Жените што вчера скромно застанаа во Градскиот парк тврдат дека во Скопје сепак има љубов, и дека додека хуманите донирале, никој не прашувал ни за вера ни за политика, туку како е Најден, дали ќе преживее, дали ќе може да зборува и да јаде.

- Не можам да го заборавам погледот на човекот што ни пријде на клупата и ни даде 10.000 денари. Молчешкум ги прифативме, не знаевме што да кажеме. Не знаевме ни што да им кажеме на оние што се интересираа да го посвојат, ниту на еден господин кој најави дека додека е жив ќе му плаќа издршка. Се собравме сосема случајно, интуитивно и с' се случи за само неколку часа да поведеме акција преку „Фејсбук“. Во исто време се формира страницата „Да му помогнеме на Најден“. Поведовме акција, најискрена граѓанска иницијатива. Секоја од нас има различна професија, поинаков животен бекграунд, тоа што н' спои е желбата да му помогнеме на бебето Најден. Не бевме свесни ниту очекувавме толкав одѕив – велат Ивана, Јана и Марија, трите жени со меко срце кои организираа с' за да му помогнат на Најден.

Тие велат дека овие неколку дена им пишуваат луѓе од целата земја и праќаат пакети со донации.

Имало и писма од Македонци од дијаспората кои прашуваат за можноста да го посвојат.

- Еден Македонец од Германија се пријави да дава месечна издршка за Најден до крајот на неговиот живот, без оглед дали Најден ќе биде усвоен или не. Во паркот се случи чудесна работа - како лава надојдоа мајки и татковци, девојки, момчиња. За помош за Најден педантно беа спакувани облеки испеглани и чисти, памперси добивме во големи количества, многу млеко „НАН1“, пакувана вода, тетра-пелени, многу облека, козметика во изобилство, влажни марамчиња, играчки, постелнина за Најден. Покажавме здрава граѓанска иницијатива и потврдивме дека оваа земја е хумана, собравме и 442 евра. Kога ја предававме помошта на Kлиниката ни дозволија да го видиме Најден, спиеше, беше тивок, слабичок е, ама спокоен, велат организаторките.

Од Kлиниката им дале објаснување дека Најден е постабилен секој следен ден, но дека треба време. Мозочните функции му се во ред, но с' уште не е подготвен сам да дише затоа е с' уште на апарати. Јазикот му е половина отсечен и не се знае дали ќе може сам да голта.

Софијанова вели дека здравствената состојба на Најден е непроменета, но тоа укажувало дека ќе му биде подобро.

- Огромна благодарност до сите што се грижат за здравјето на новороденото на нашата Kлиника за детски болести и мојата единствена цел е да остане здраво, вели директорката Софијанова.

(М.Т.)

 

Извор: Дневник

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
7
Бенефити од контакт кожа на кожа во првиот...
Првиот час по раѓањето на бебето често се нарекува “Светиот час”, бидејќи тоа е толку посебно време. Вашата кожа е најпр...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?