|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Единственото нешто, беспрекорно чисто, кое ни остана како зрак надеж, искра светлина, бисерна школка на дното од овој отпаднат свет, е љубовта...

image
/11


 

 

Почнувајќи од најчистата, недопрената, најсилната по нежност – љубовта на мајката кон детето, преку љубовта на мажот кон жената, сестрата кон братот, старецот кон својот внук, па се до вљубеноста на орелот во небесната шир, на славејот во песната, на војникот во сопствениот мир... сите нејзини модификации ја прават љубовта највредна причина за живеење.

Прашајте ја жената, која чека да се вгнезди во нејзината утроба плод, колку е за љубов гладна! И колку е близу небесниот свод,  кој може да го достигне со само еден скок, кога веста дека ќе стане мајка до неа ќе втаса. Kолку ли се радува кога од болка чемрее, кога чезнее за средбата сонувана, мечтаена, живот еден цел.

И кога конечно тоа мало битие ќе се роди, преместено од безбедното, топло и ограничено место, во големиот, несигурен и суров свет, единственото нешто кое ќе го води и ќе му даде крила за сопствен лет, е раката на мајката, жената која го роди. Гладно за љубов, во прегратката нејзина  ќе се нахрани и стопли, ќе се одмори и скроти, ќе заспие мирно во нејзиното крило...

Прашајте го мажот, кој во празен кревет со денови лежи, колку е гладен за љубов од жена, колку е свенат кога мечтае да ја најде, да ја прегрне и бакне и со неа се стопи во еден дел.  И може ли телесната храна да ја замени онаа која душата ја полни? Не! Колку и да јаде, за љубов ќе остане гладен. И тогаш, само еден нежен поглед од жена  ќе биде доволен за гладувањето да продолжи до бескрај, еден нежен збор ќе влева огромна надеж дека љубовта е тука, дека ќе се најде...

Прашајте го дедото, кој седи покрај куќното огниште сам, колку ли е гладен за љубовта од својот внук, колку го чека мигот кога едно мало битие ќе му се фрли во прегратката празна. Колку ли е староста осамена и тажна ако немаш кој на коленото да ти се свие... Та зар ќе сме биле ние ако нашите дедовци за љубов биле слепи? Поколението староста ја крепи и остава сведоштво за една љубов која изумрела дамна. Кога дедото внукот ќе го гушне, знае дека не погрешил што љубел! Староста убава ќе му се стори, па со душа мирна и срце на место ќе го дочека својот крај, крајот на векот.

Прашајте го орелот  за што мечтае, додека затворен во кафез молчи и трае? Дали храната која стопанот ќе му ја даде може да ја потисне  желбата  за слободен лет во бескрајот? Дали за вода е жеден, додека гледа во синото небо и што ќе избере ако право на избор му се даде? Се разбира, небеската шир! Слободата светла и сјајна, небото кое граница нема! Макар и без капка вода и грам храна, ќе избере да лета, да биде друшка со ѕвездите додека сонцето му е единствена призната  граница.

Прашајте го војникот кој во ровот мрачен смртта ја чека, за што е гладен? Дали за топлата војничка храна, или за мајката која на прагот за него пека? Прашајте го што би дал за еден час мир? Години живот!

Туку...

Има ли некој кој знае да љуби? Постои ли таков кој знае лажицата да ја држи, да го избере правилниот рецепт, вистинската доза? Знае ли некој устата на гладниот да ја трефне? Зарем е вредно за нашиот труд она со кое не може до богатство и престиж да се дојде, чија цел е само душата да се допре, луксуз ли е љубовта и дали не заслужува ни малку од нашето време? Некако се помалку кадарни љубов да дадат има, а се повеќе гладни...

Стигнуваат вести од сите страни за предавства, братоубиства, пријателства лажни, за војни и немири, за кривоклетства, за судбини тажни. Каде е љубовта? Во кој ќош засрамена трае? Некој знае?

Ами...

Ќе сме биле ли ние денес и овде, ако нашите предци за љубов биле слепи? Ако останеле сами, ако во завист и омраза го поминеле векот, ќе дојделе ли и нашите деца на светот?

Љубов е кога се предаваш цел, кога разумот и срцето работат во ист такт, љубов е кога во очи се гледаш, кога освен неа ништо друго немаш и не ти треба...Љубов е кога си подготвен цел свет пешки да го минеш, за до саканиот да стигнеш, кога имаш на чие рамо да ставиш глава, кога не ти е важна нејзината става туку срцето трепетливо, нежно. Љубов е кога еден милозвучен глас ќе те оттргне од сонот кој штотуку те навасал, кога едни топли, мали раце ќе се свијат околу твојот врат, кога не ќе бараш ништо за возврат освен една насмевка топла, широка и среќна...Љубов е кога и најголемата болка е лесна,  кога тагата нема каде место да си најде, кога имаш со кого од иста чинија да јадеш, кога целото богатство само во срцето го таеш.

Само ако вистински и верно љубиш ќе заслужиш да го помилуваш своето чедо, постелата секогаш топла да ти биде, на трпеза да седнеш со својот пријател, брат...Ќе заслужиш вино од пехар да пиеш, до саканата саноќ да спиеш, срцето исполнето ќе ти бие ако имаш бар еден пријател искрен, свој...Ќе дочекаш внукот околу колено да ти се свие, ќе заслужиш солзата твоја да не капне на земјата тврда. И за орелски лет подготвен ќе бидеш, ако не дозволиш да се скараш со својот пријател, со својот роднина, брат.

Ако љубов немаш, ништо не си! Ако не умееш да дадеш, за љубов секогаш ќе останеш гладен.

 

 

Ваша Палешка РР

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Итар Пејо и селаните риболовци
Македонски народни приказни
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
3
Тест: Како да препознаете мал генијалец?
Ако Вашето дете има вонсериски потенцијали, овој тест ќе Ви помогне да ги препознаете. Секое дете има посебни, само нему...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?