|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Врска во состојба на кома...

Lara2224, 7.9.2012
Дневникот на Lara2224

image
/11


 

 

Во се почестите разговори со колешки - мајки на мали дечиња наидувам на тажни исповеди. И мојата приказна е слична.... Каде отиде љубовта?

Не можам да си објаснам себе си, нему и на оние со кои можам да разговарам на таа тема, каде отиде страста која ја делевме? Каде отиде љубовта? Врската која претходно беше силна и бурна, а пред се страствена, се претвора во сталожено партнерство. И сите сме на иста бранова должина... "Не е дека не го сакам... ама ете едноставно се стиша бурата. Го почитувам и го сакам во секоја секунда, се би направила за него, ама одлетаа пеперутките. Се е така мирно..."  Се случува понекогаш да се појави искричка, но веднаш исчезнува... не знам на што се должи тоа?



Дали обврските на работа, дома и околу детето ја исцрпуваат и последната капка енергија или едноставно тоа доаѓа со бракот? Дали годините поминати заедно ја убиле имагинацијата и мистериозноста во врската? Дали сеуште се сакаме? Дали проблемите и финансиските борби секој први, го земаат својот данок? Ги паметам неговите зборови секогаш кога ќе наидевме на проблем или пречка во врската... Велеше "најважно е дека се сакаме и сме решени да останеме заедно без разлика на се!" Дали сеуште е така? Или само она да останеме заедно останало во сеќавањата?

Можеби самодовербата и пламенот останале во едно друго тело, на девојката со гради до врат, рамен стомак и загегната кожа? Во она лице кое ако немаше време да се нашминка барем не забораваше да стави крема? Во таа коса што често имаше различна боја и форма, но секогаш имаше смисла? Онаа што во огледалото порано беше барем 10 cm повисока од сега? Онаа на која очите и беа некако позелени а усните некако поцрвени?

Дали е можеби тоа причината? Секако дека е.. Секако дека комбинацијата од сите овие претходни прашања е причината за врската во состојба на кома, која дише на цевки, а срцето работи на апарати и е под постојан надзор... Коматозната состојба трае долго, во најлош случај може да трае и вечно. Потребна е акција. Електрошокови! Тие може да ја размрдаат! Романтични електрошокови! А потоа и сите други неопходни мерки за будење од кома. На крај, ако ништо не успева, мора да се исклучат апаратите. Дури и тоа е подобро од кома. А неодамна читав дека после долга кома и исклучување на апаратите, она што би требало да биде смрт, за еден човек претставувало одново раѓање... човекот почнал самостојно да се одржува во живот... 



Нити комата не може да ја победи волјата за живот, волјата за љубов!

 

 

Ваша  Lara2224

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?