|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вообичаени прегледи и анализи во бременоста

Редакција Рингераја, 9.5.2021
Пред Вас е список на вообичаени прегледи и анализи во бременоста, како и приближниот период кога треба да се направат

image
/11


 

Посетата на лекар во бременоста, како и анализите кои лекарот ќе ги спроведе, зависат од здравствената состојба на секоја жена, како и од состојбата на бременоста, така што многу се разликуваат. Некои жени често посетуваат лекар, додека некои ќе го посетат само 5-6 пати во текот на цела бременост. Според "Националниот водич за здравствена заштита на жената во текот на временоста", кај нормални бремености без компликации, освен првиот преглед на кој се потврдува бременоста, потребно е да се извршат прегледи и во 16, 24, 28. и 36. гестациска недела, како и ултразвучен преглед на првиот лекарски преглед, а потоа помеѓу 11. и 14. недела, 20. и 24. недела и 30. и 34. гестациска недела на бременоста.

Планот за посета и анализите кои треба да ги направите, најдобро ќе Ви ги објасни Вашиот гинеколог. Наша цел е да Ви дадеме список на сите вообичаени прегледи и анализи кои се прават во бременоста, но тоа не значи дека Вашите прегледи треба да одговараат на овој список. Кај ризични и проблематични бремености постојат и дополнителни анализи кои се спроведуваат по налог на гинекологот.

 

 

ПРВ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД


Општ преглед на трудницата

Телесна тежина

и висина

препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја

посета на лекар

Мерење на крвниот

притисок

препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар

 

 

 

 

Преглед на рацете  

и нозете

преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик

е нормално во бременоста)

се препорачува преглед при секоја посета на лекар

 

Гинеколошки преглед

Ултразвучен преглед

За одредување на гестациската старост на

плодот

Бимануелен преглед на внатрешните

органи

 
Преглед под спекулумДоколку има потреба
Папаниколау тест

Доколку не е направен во претходните

3 месеци


Лабораториски анализи

Ниво на hCG хормон

(анализа на крвта)

Веднаш по првата посета на лекар (може да се направи    

и пред првата посета на лекар за да се утврди постоење на

бременост, како дополнување на тестот направен дома)

Одредување на крвна

група и RH фактор

(анализа на крвта)

Веднаш по првата посета на лекар

Комплетна крвна слика,

хемоглобин и седиментација

(анализа на крвта)

Веднаш по првата посета на лекар

Сифилис, HIV, Хепатит Б

имунитет на рубеола и ако

е потребно токсоплазмоза

и цитомегаловирус

(анализа на крвта)

Веднаш по првата посета на лекар

Уринокултура

(анализа на мокрача)

Веднаш по првата посета на лекар

Анализа на шеќер (глукоза)

и белковини

(анализа на мокрача)

Веднаш по првата посета на лекар и по потреба

 

 

ПЕРИОД ОД ПРВАТА ПОСЕТА НА ГИНЕКОЛОГ - ДО 13. НЕДЕЛА


Општ преглед на трудницата

Телесна тежина

и висина

препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја

посета на лекар

Мерење на крвниот

притисок

препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар

 

 

 

 

Преглед на рацете  

и нозете

преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик

е нормално во бременоста)

се препорачува преглед при секоја посета на лекар

 

Гинеколошки преглед

Вагинален секрет       Пред 9. гестациска недела                                                          
Ултразвучен преглед

Регистрирање на срцева акција, мерење на нухалниот набор

(меѓу 12. и 13. недела)

 

Лабораториски анализи

Double test              

(анализа на крвта)

Анализа на крвта која проверува два маркери на Down синдром      

помеѓу 12. и 13. недела

 

 

ПЕРИОД ОД 14. ДО 27. ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА

 

Општ преглед на трудницата

(се препорачуваат редовни гинеколошки прегледи во 16. и 24. недела)

Телесна тежина

и висина

препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја

посета на лекар

Мерење на крвниот

притисок

препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар

 

 

 

 

Преглед на рацете   

и нозете

преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик

е нормално во бременоста)

се препорачува преглед при секоја посета на лекар

 

Гинеколошки преглед

Папаниколау тест      

По 13. недела (доколку не е направен на првиот гинеколошки  

преглед

Брис на хламидија,

гонореа и генитален

херпес

По 13. недела (доколку е потребно)

Контрола на грлото на

матката

(за да се утврди дали постои потреба од серклаж)

околу 16. недела

Вагинален секретОколу 16. недела
Ултразвучен преглед

(анализа на развојот на плодот, можност за одредување

на полот)

Помеѓу 20. и 24. недела

 

Лабораториски анализи

Tripple test    

(анализа на крвта)

(Проверува три маркери на ризик од Down синдром; се препорачува  

доколку не е направен Double test или ако резултатите на Double

тестот се индикации за него)

помеѓу 16. и 18. недела

Комплетна крвна

слика, хемоглобин

и седиментација

(анализа на крвта)

Околу 20. недела

Уринокултура

(анализа на мокрача)

Околу 20. недела

 

 

ПЕРИОД ОД 28. ДО 40. ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА

 

Општ преглед на трудницата

(се препорачуваат редовни гинеколошки прегледи во 28. и 36. недела)

Телесна тежина

и висина

препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја

посета на лекар

Мерење на крвниот

притисок

препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар

 

 

 

 

Преглед на рацете   

и нозете

преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик

е нормално во бременоста)

се препорачува преглед при секоја посета на лекар

 

Гинеколошки преглед

Вагинален секрет                            Околу 28. и 36. недела                                           
Ултразвучен прегледПомеѓу 30. и 34. недела
Брис на стрептокока група БОколу 36. недела

CTG запис (отчукувања на срцето на

на бебето

Од 36. недела на бременоста

 

Лабораториски анализи

Комплетна крвна слика, хемоглобин и                         

седиментација

(анализа на крвта)

Околу 28. и 36. недела                

Тест за толеранција на глукоза

(анализа на крвта)

Околу 28. недела

Уринокултура

(анализа на мокрача)

Околу 28. и 36. недела

Тест на жолтица

(Hbs Ag анализа на крвта)

Околу 36. недела

 


РИНГЕРАЈА ВИ ПОСАКУВА УБАВА БРЕМЕНОСТ!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?